Забава

Што ли е полошо?

Како изгледа спој на две ужасни работи од две различни декади: домашна журка од 90 -тите години и хит од новото време.

Tiny Detectives

Затоа што егзистенцијалните дилеми и маката со разбирањето на универзумот, не се ништо во споредба со проблемите да се биде кус и детектив во исто време.

Диско во секој од нас

Дечкото зема тројца комплетни дунстери од публика и за кратко време, наспроти првичните сомнежи дека од нив нешто може да испадне, тие ја сфатија шемата.

Камбербач не може да каже - пингвин

Има нешто магично околу зборот "penguin" што човекот кој глумеше се од Шерлок и Џилијан Асанж, до Кан и Смауг, не може никако да го совлада и да го каже како што треба. Стварно не може.

Кога Ајфон 6 стварно би бил подобар Ајфон

Како би изгледало кога Епл всушност би послушал што бараат од нив купувачите. На пример, апгрејд на Епл Мапс во Гугл Мапс, или полнење преку старите кабли од Ајфон. И еве што друго:

 

До Епл, околу Ајфон 6

Едно клучно прашање од човеков - кој ви рече дека сакаме поголем телефон? А по пат ќе ги закачи и за еден куп други работи, плус има и за АјВоч неколку прашања.

Многу деца, многу разочарани од живот

Глупо е да му се смееш на човек што има проблем, ама кога е во прашање човечки пинцур а проблемот е што му избегал балонот, природно е да му фаќаш сеир. Предупредување, дечурланава масовно ќе ве фатат на емоции и на крај може да завршите поразени.

Светата улога на татко

Посебно кај машките, таткото треба да е столб, животен пример, човек на кој секогаш можат да се ослонат и да знаат дека во секое време им мисли најдобро и се обидува да ги заштити од сите зла на светот. Ок штом е така.

Ко мало дете

Како тазе родител предноста е што си попаметен и на располагање имаш милион фори повеќе него копиљаците (да не зборуваме колку си посилен од нив). Ова е една од брилијантните тактики што дечурланава барем до 10 години нема да ја совладаат.

Родители не се луѓе

Глупо е што децава е толку лесно да ги лажеш, ама спектакуларно е колку се понекогаш зелки. Нормално за некој година ќе го изгледа видеово, ќе му го памти, па ќе се чуди стариов кога ќе заврши во старечки дом.

Фергусон виа Џон Оливер

Ние ја фативме темата од некаде, Оливер ја обработува од почеток и после продолжува со тоа како полиција во мирен град сред Америка од едвај неколку илјади луѓе, има оклопни возила создадени за вонредни ситуации сред Кабул.

Марвел Универзум - фаза 1 и 2

За регуларната филмска публика, Марвел во изминативе десетина години само трупа нови филмови и продолженија со супер-херои. За тие што малку подобро се запознаени со стриповите на Марвел, сосема е јасно дека тие го градат филмскиот Марвел Универзум, кој треба да кулминира во претстојните години. Чувари на Галаксијата веќе е фаза 2 од проектот. Еве што направија до сега.

Што е татко без брада?

Таа го познава како нормално влакнесто створење кое ја чува и ја игра. Тој оди до купатило и се враќа мазен и никаков. Нејзината реакција е праведна: Си го сакам тато назад!

Среќа на стари години

Имаше еден виц кој одеше вака: Фамилијата морала да го остави дедото во геријатрија. По некое време во државна геријатрија, решиле дека стариот заслужува подобро, па нашле скапа, приватна. И стварно....

Стоп конзерва!

Таман кога луѓето помислија дека од ласер можат да се збунат мачиња, кучиња и други носители на пониска интелигенција, Господ ни го праќа овој наш брат за да нè натера да не носиме прерани заклчучоци.

Како да зборуваш за Израел (и за што било друго)

Џон Стујарт има проблем да каже нешто за Израел без притоа да биде нападнат од другите дека е предавник, платеник и сл, исто како што е кај нас за: кој почна да краде, кој прв почна да ги троши парите, кој ги потроши парите, кој ја почна војната, кој кого натера да ја почне војната, кој го продаде името, а кој допрва ќе го продаде, кој ја уништи земјата...

Ренци вика: Шиш!

Матео Ренци е актуелен премиер на Италија кој на Бенито Мусолини му ја одзема титулата најмлад италијански премиер (од обединувањето во 1861-ва година). Ренци е толку млад што на англиски можат да го запишат, ваљда, догодина.

Теолошки доказ за бананата

Зошто бананата е ноќна мора за атеистите и дали е можно таква совршена каква што е (повторуваме: бананата) да не е креација на Семоќниот, во следново видео за кое уште не сме сигурни дали овој нè заебава.

Утешително видео на денот

Прашањето е околу вечната машка несигурност - Дали е важна големината на пенисот, а одговорот е доволно успокојувачки за достоинствено да можете денес да се вратите дома после работа. Сето ова што го има во видеото е базирано на еден куп наука и тоа не е спорно. Дилемата е колку од овие студии се изработени од мажи кои немаат потреба од постоење на вакви студии.

Инструментална политика

Оној јапонскиот политичар кој сред прес конференција фати да рика да плаче (види: Каде се парите?)? Е, го опеале, тоест го одсвириле. Пијаното е уметничка транскрипција на неговиот нервен слом додека она другото е буквален гитарски стенограм. Перфектна заебанција.

Упатство за држење политички говори

Штета што Хал Крутенден не е политичар, бидејќи една работа сигурно ќе знаеше, како се држат политички говори. Накратко, за основните финти во овој жанр.

Вести од светот на кратко

Прво сликата што најдобро го опишува целиот судир меѓу Израел и Хамас, а потоа рецензија на две недели вести од Џон Стујарт. Заклучок: Излуде ли светов?

Anchorman 2 - сè што не видовме во филмот

Како ретко кое продолжение филмот не само што не разочара, туку и изненади (на добро). За комплeтирање на впечатокот, видео со сите "блупери" од снимањето.