Забава

Денови на угандскиот филм

Освен озлогласениот Кони (види овде) и прочуениот лек Угандин (задолжително види овде), Уганда има и филмска продукција во која посебно се истакнува компјутерската постпродукција. Пиксар да гледаат и да плачат.

Комшиите од горе

"Нивниот таван е нашата сцена," вели парот што ја буди сета своја креативност само затоа што некој живее под нив. Посветено на сите измачени комшии од долу.

Обама го викна Лутер

Лутер е гневниот преведувач со кој што ве запознавме пред некое време. Сега Обама го зема Лутер со себе на говорница за време на вечерата со дописниците.

Фризурите на 20-от век

Анимирана историја на фризерските стилови на 20-от век. Гибсонки, италијанки, пудлици, помпадурки, афро, мохиканки...па се до емо стилот. Фер е листата, ги има и џигериците.

Време за магија

Колку малку му треба на човек пријатно да се изненади и да помисли дека сведочи на вистинска магија.

Најдобрата игра на светот

Можат да заседава труст на мозоци и конзорциум на дигитални гуруа и пак нема да смислат подобра и позабавна игра од ова. Руски рулет на детски начин.

Како жените го замислуваат перфектниот пенис

Неколку жени со задача да го доловат идеалниот пенис. Не, не да објаснуват вака треба, онака треба, туку да го нацртаат. Чиста работа.

Звезде HAND-a

Одиме до најблиската планета до нашава -  Јапонија. Во тој свет исто така постои атмосфера за тв натпревари на талентирани пеачи, но предизвикот за нив е многу поинаков. Треба да отпеат што подобро можат додека - девојка ги шакетира.

Масивно, за цела плажа

Млад Азијат, набилдан до крајни граници, одушевен од својата телесна масивност, ќе залуди 100 девојки со тоа, oh my gosh.... Предобар.

Game of Thrones: Ни со мајки ни со деца

Започнува петтата сезона на ултра популарната и култна серија Game of Thrones. Кои типови луѓе не треба да се викаат на заедничко гледање?

Последниот Топ Гиар

До сега не објавено видео од последната емитувана епизода од шоуто, во која Кларксон пред камери ја кажува својата страна од приказната за инцидентот по кој е избркан од Топ Гиар (најверојатно заедно со него нема да се вратат ниту Џејмс Меј и Ричард Хамонд).

Чоколадна фатаморгана

За многумина чоколадото само по себе предизвикува халуцинации ама ова е многу нивоа напред. Почекајте да се запали стробо светлото и ќе видите како повеќето од нас го замислуваат рајот.

Скриена камера, од душманските

Уште во првата секунда додека те гледа девојка ти, го активираш Армагедон протоколот, во глава ги разлистуваш сите можни ФБ пораки, ДМ на Твитер и мејлови, додека без гледање од телефон ја бришеш цела Вибер и ВотсАп комуникација, СМС-и и именик.

Па што, да не не боли толку?

Ова е видео во кое на голем, возрасен маж му ставаат инекција во газот. Најбитно што треба да знаете кога гледате видео во кое на голем, возрасен маж му ставаат инекција во газот е - да намалите звучници.

Бугарски ИСИС

Идеолошката разлика е очигледна, и покрај тоа видеото од обезглавувањето е подеднакво вознемирувачко како да е од вистинскиот ИСИС.

Индиски акциони

Ако џандарите вака изгледаат во Боливуд, едвај чекаме да видиме на што ќе им личат Авенџерс. Чак Норис + Клинт Иствуд + Чарлс Бронсон + Матрикс, е до таму се.

Ајфон деветка за суфлаки

Добра вест е дека на Грк ова никогаш не би му текнало. Лоша вест е што најмногу пари од ова, најверојатно ќе собере Гркот :)

Шпрајц за свој мерак

Неколку извадоци од затворањето на дневникот на ХРТ во времето кога Шпрајц беше водител. Од ХРТ замина во Н1, а од таму сега ќе оди во РТЛ.

Крајно време да излезете од дома

Од седење дома работите нема сами да се поправат. Постојат многу работи кои ве врзуваат за телевизор или компјутер, меѓутоа, додека го гледате и слушате сето тоа, вашето тело нели ви зборува дека е доста? А резултати ќе има, просто, не може да нема.

Татко на денот, шупак на векот

Таткото е тука на својот син да му влева сигурност и стабилност, да го охрабрува, подржува, да биде цврстата точка во неговиот детски универзум. Е сега, замислете го сето тоа ама обратно. Не малку обратно туку многу обратно! Хомер Симпсон е срушен од пиедесталот.

Како да станеш нетолерантен на глутен

Базирано на медицински студии кои допрва треба да бидат спроведени колку повеќе луѓе има околу тебе толку е поголема твојата нетолерантност на глутен. Ова е само еден од советите.

Никој не може да биде експерт во Фотошоп 1

Прослава на 25-от роденден на Фотошоп. За да не излезе само празно фалење и да бидеш сигурен колку добро си ја вршиш работата од тогаш собери ги луѓето што се експерти за работа на твојата апликација, и дај им да работат на првата верзија. Експертско покајание.