Збирката повеќе е критика, односно воодушевување од технологијата и критика за тоа колку глупо ја искористуваш оваа невидена технологија што ја имаш на располагање.
Вие можете слободно да го сметате за луд, ама, без него, како ќе знаевме дека плутонскиот јазик всушност звучи како Унгарец кој држи аукција во Тексас?
Не се препорачува за луѓе со сочувствителен стомак што не можат да гледаат други како повраќаат (да бидеме на чисто, такво нешто нема да се случи). Стивен Колбер, Емили Блант и дуел во лажно повраќање.
"Новиот Ајфон е одличен", здружено заклучуваат анкетираните на Џими Кимел, рецензирајќи го последниот 6S модел на телефонот на Епл. Тој модел сè уште не е излезен а во рака го држат најстариот модел на Ајфон.
Ад-хок женско-машки дует. Таа небитна, јер е тука само за да ни го покаже својот преубав глас а песната да има некаков дигнитет. Ама затоа за сè друго тука е - тој, Лими Муслиу! Оф,оф, леле, леле, аман, аман. Каков цар, каков цар!
Лајава плавуша малтретира луѓе од една кебаб сендвичара. Пазете, ѝ ја згрешиле бојата на пиперката а и незадоволна е од лингвистичките перформанси на продавачките. Мамата. Почекајте до крај; можеше кармата и појако ама ај, колку - толку.
Некои плачат кога мораат да читаат, други кога книгата ќе заврши. Малиов е од вториве, барем засега, додека долгата рака на задолжителната литература не му ги пресуши солзите.
"Веќе ми недостасува тој тип. Требаше да ни даде шанса да се простиме од него, А го гледав и на Олимпијада а после и на она одвратно шоу кое жена ми го гледа во кое тој само се мота позади и никој не го слуша".
Ова наскоро ќе биде погледано од телевизија. Гејмингот станува озбилна работа, особено кога се игра за награден фонд од 18 милиони долари а победниците си одат дома со 6,6 милиони. Детал од овогодинешното финале во Дота 2.
Додека ние седиме бесполезно или талкаме по интернетите, некој се затворил во гаража и го правел ова! Ако гледањето на оваа справа не ви изнуди моментална радост во душата, некој дел во вас одамна има прегорено.
Како луѓе реагираат на конфети и боцкања од чачкалица? Најдобро се проверува ако влезете во лифт со пчеларска унифоирма и неколку кутии во раце. Сите најјаки, последниот најпојак.