Забава

Си немал Јапонецот работа

Има толку добри цаки во ова комплицирано а префинето домино што просто не може да не останете фасцинирани.

Атенбороу го "кажува" спотот на Адел

Гласот на планетата Земја, оној на сер Дејвид Атенбороу како нарација на моментално најгледаниот спот на планетата Земја, оној на Адел. Преубаво.

Србија до Токија

Може агендата не им се оствари баш во формата во која планираа, и може добија неколку зуцки по пат, ама не можеш да им спориш дека и ова не е некаков успех. Ајде Јано...

Брилијантноста на Крег Фергусон

"Кратко ни е времето на Земјата. Имаш датум, тире, и уште еден датум... и ние сме тирето, и не планирам да го минам зборувајќи срања со славни личности."

Со Адел се претера

Како ќе реагираа луѓето во 1946-та година на - деновиве сеприсутната  - нова песна на Адел. 

АТАКА, омилениот десничарски ситком на Бугарија

АТАКА е една крајно забавна ултра десничарска партија која редовно промовира крајно закрепостени идеи на редовни ултра-десничарски теми. И најголемиот дел од паниката што се крева кај нас околу тоа кој во Бугарија што рекол за Македонија, се однесува на изјави кои доаѓаат од АТАКА. Инаку, сама по себе, партијата во Бугарија е смешка.

Луѓе кои ги бива

Она што некогаш е тешко да постигнеш кај наш водоводџија, бербер или новинар. Да те фасцинира со она што одбрал да го работи, а не со мудрувањето на теми од општа пракса. Мал видео омаж за таквите луѓе, вистински нобеловци на секојдневието.

Ако Гугл беше човек, 4-та

Кога веќе ти тргнало, зошто да се мачиш да менуваш. (Ако може Умри машки, зошто да не може и за клип?)

Глупиот е постар и од јајцето и од кокошката

Знаете ли што е најдоброто во тоа да се има другар кој може на својата глава да балансира јајце? Тоа што ќе можеш да го испратиш до дома само за да слушнеш како на жена му ѝ го вика легендарното: Што и да ти кажам, нема да ти се верува.  

Околу барањето до Фејсбук за приватност

Ако случајно не ви успее она со постирањето на пораката за заштита на вашата приватност на ФБ, тогаш Џон Оливер ви нуди еднa подеднакво успешнa опција. Ако и ова не успее, секогаш на располагање имате едно сè уште експериментално решение што може да го пробате - ако нешто е премногу приватно за Фејсбук, не го ставајте на Фејсбук.

Научна магија во чеканот на Тор

Како што знааат и другите Авенџери, чеканот на Тор не може да го крене никој освен него... или некој со негов отпечаток. Гледајте го видеото до крај, еден дечко го хакна.

Зошто ѓаволот пие на екс?

Блазе си им на овие лудиве, сè им е јасно. Еве една таква која во дизајнот на лименката на енергетски пијалок гледа непобитни докази за присуство на Лукавиот. Ќе им објасни на сите и после оди дома и си вика: Како бе не разбираат?

Американската Маца Дискреција

Иако е за пофалба и оној кому на прашањето "Која е најимпресивната работа што сте ја направиле некогаш?" му текна на хамбургер а не е лоша ни девојката која тврди дека го минала океанот со моторцикл (воден моторцикл!), ја издвојуваме цурата која го издвои своето постигнување дека го варала дечкото а тој не дознал. Го правела тоа со познат спортист... чие име нејќе да го открива....ама има иницијали Ти Џеј... и игра хокеј... за Тампа Беј. 

Генерација "Y Not"

Четворица другари, при крај или тазе завршени со студирање, решаваат во рок од еден месец да направат 30 работи што никогаш претходно не ги направиле, чисто за да покажат дека можат да ги направат (и затоа што баш не се воодушевени од изборот што го имаат после завршување факултет). Си проаѓаат фантастично.

Навивачите како јазично богатство на еден народ

Затоа што на ниту еден доктор или магистер по филологија, книжевност и слично, едноставно нема капацитет да ти се закани со - да сум крокодил, главата би ти ја одгризал.

Кога си мал а глуп

Да ги провериме тригерите на нашата емпатија. Би требало да ни падне жал за мал дечко кој добива ќотек од поголем и посилен од него. Така?

Првиот ден на работа на Тревор Ноа

Откако Џон Стујарт стана кечер, некој мораше да седне и да ја продолжи неговата работа на Дејли шоу. Ова се првите видеа од премиерата на Ноа како водител на шоуто.

Не бе, ти знаеш што правиш

Може новиве генерации се напредни, ама ова е надвор од секоја контрола.

Вакви ни требаат повеќе

Едно детенце на кое му падна жал за неговата спајдерменска роденденска пињата. Зошто вакви деца нема повеќе? Само слушнете ги возрасните како му се изнасмеаја на малиот.

Доктор за љубовни проблеми

Откако врската ќе ти крахира затоа што си вол или по која било друга основа си крив (а крив си), ти следува рок од 5 недели за да ја донесеш клучната одлука - ќе се обесиш или ќе продолжиш со живот. Во случај на второво (гледај да биде второво, сериозно, второво), докторов препорачува депрозепам терапија. На терапијата и требаат само 15 години за да профункционира. Докторот ќе ви ја објасни целата процедура.

Каде треба да заврши ѓубрето?

Штета што кај нас вакви сцени веројатно не се можни. Просто, немаме ние толку контејнери.

Кинг е цар

Платформата Вајн дозволува споделување видео клипчиња од само 6 секунди. Е па, магиите на Зак Кинг заедно траат 20 минути! Не може нефинти да ти текнат толку.