Многу лесно, исто како и сите други ветувања, прво ќе научиш да уживаш во својот неуспех, а потоа ќе ревидираш се што си ветил. Џон Оливер со поконкретни упатства околу ова.
Брад Алан е кореограф на филмски акциони сцени, поточно смислува илјадници начини како некој што поефективно и што пофилмски ќе биде убиен. Еве што има смислено до сега.
Девојката се снимала на секои неколку недели до каде е стигната со нејзиното свирење виолина. Од нула до две и нешто години. Во видео тоа изгледа фино. Ама помислете на оние околу неа. Тие 2,3 години некој требало да ги издржи.
Баталете ја руската салата, кифлиците и останатите канони на новогодишната трпеза. Оваа Нова година ќе бидеме на пица! Зошто? Затоа што конечно имаме откриено еден клучен дел од рецептот за пица со три вида сирења. Па како не ни текна досега??
Новиот Бонд би можел да биде црнец или трансџендер, би можеле да го видите како пие смути наместо вотка-мартини, да носи еко-френдли пижами наместо Том Форд фрак или да јавне тротинет наместо Астон Мартин. Во нов филм со Џемс Бонд само ова веќе никогаш нема да можете да го видите.
Веројатно сте налетале на оваа романтична видео сторија, кога дечкото запре цел автопат за да ја запроси својата девојка. Ах, каков потег, каква љубов, каква... правна држава.
И БиСиСи, и Руперт Мердок, и тој колегата во студио, ма сите... Џонатан Пај со обраќање до сите овие, за најголемиот страв на секој репортер, за пропаста на БиБиСи и британското општество и сè по ред.
Како новинар можеш да бидеш сигурен дека без разлика колку си добар во тоа што го работиш, многу повеќе луѓе ќе ти го памтат тоа што си го згрешил додека работиш, посебно на телевизија. Компилација од новинарски блупери за 2015-та.
Неколку моменти што треба да се внимаваат, околу клипов: цигарата, тресење на цигарата на тепих, Jesus Christ. Инаку за вежбање трицепс за маса треба да се знае: то је килажа, то су мишичи, то је снага.
Еден баш фин пример дека не е битно колку некој татко е паметен или писмен, туку колку убави спомени ќе остави зад себе. Бонус лекција од него: кул е да се смееш на самиот себе ако си испаднал глуп.
Ако македонската е крвава а грчката дебела, тогаш руската свадба дефинитивно е каллива. И како после да не пијат сватовите, кога ќе им текне дека треба да го јадат истиот пат за назад?
Неповторливо добра анализа на ММА борба, која како за рецензија на тепачка носи многу силна, налик басна, порака. Коментаторов многу квалитетно го уништи тепачов.
А овие двајца - се. Едниот има емисија за луто а за другиот е јасно ако знаете дека се вика Чили Клаус и важи за Мајкл Џордан на лутите пиперки. Откако ќе изгледате како симфониски оркестар свири под дејство на луто, доаѓа вистинскиот предизвик. Пред себе имаат три вида пиперчиња. Од едните дури и слоновите повраќаат. А тие не се најлутите. Пазете го Чили Клаус какви "стомачни ритрни" преживува!
Тоа е едно од оние мали културни шокчиња кога наш човек ќе отиде во пристојна земја, па му застанува кола на пешачки а тој има чувство дека треба да го поздрави возачот, да го награди, да го благослови.... А возачов дури тогаш почнува да го гледа чудно што му станало на овој. Не знае дека тоа ние од дома си го носиме. Руско пакетче.