Забава

Старата игра има апдејт

Мислите дека онаа игра "лист, камен, ножици" не е игра на рефлекси? Не е, ама позабавна е кога е.

Сестричка на денот

Малата има ваков предлог: да го продадат братчето во продавница за домашни миленичиња, со дел од парите таа ќе си ја купи омилената играчка а после ќе го откупат братчето по пониска цена, на попуст. Мора да признаете дека во планот нема ниедна фалинка.

Никогаш не купувајте ефтин Ајпад

Нè потсети на "Кинески писма на читатели". Овојпат од некаде е нарачан Ајпад, за смешни пари. А главната смешка е кога ќе го чуете звукот на крајот од видеото. Јас Ајпад купувам или канти тропаат?

Ја реши

Стендап комичар кој во четири збора замолче девојка која реши да му уфрли ремет среде точка.

Го викале Пасвордо

Неговата лозинка за отклучување на телефонот е подолга од ваша просечна смс порака.

Најпогрешниот вовед во Милионер

Дечково не можеше да каже попогрешен вовед во својата игра на Милионер. Вика, го фасцинирало тоа што милиони луѓе гледале емисија со паметни луѓе, славејќи го тоа да се биде паметен, порачувајќи дека е кул да е човек паметен.... Ок, паметен, одиме со првото прашање.

Да не не е така?

Видео метафора: како во моментов се справувам со својот живот.

На светов му треба рамнотежа

Човеков не може да види предмет а да не го стави на кант. Тура камче на под и балансира додека не успее да му ја наде точката на балансот. И како и во животот, сè е во прекрасна рамнотежа сè додека не ти заѕвони некој.  

Никој веќе не го сфаќа вицот

Комедијата и хуморот денес на Запад не го убиваат диктаторски или автократски пориви туку сеприсутната метастазирачка политичка коректност. Ова е расистичко, она е сексистичко.... Можеш да се зезаш со газовите на Ким Кардашиан, но не и со цицките на нејзиниот очув. Мала лекција како се прима виц од Бил Мар. Значи, има и за муслимани.

Саудијци на дожд

За секое "колку добро сè им е средено на Саудијциве, сè во мермер и сјае," има едно тивко некажано "ах да ве фати еден дожд, па ќе ве видам со ова мермериве."

Господарот на гневната логика

Дејвид Мичел е британски комичар кој веројатно не го знаете, и е редовен гостин на QI, британско шоу кое веројатно исто така не го знаете. Сето тоа е ваш пропуст.

Си немал Јапонецот работа

Има толку добри цаки во ова комплицирано а префинето домино што просто не може да не останете фасцинирани.

Атенбороу го "кажува" спотот на Адел

Гласот на планетата Земја, оној на сер Дејвид Атенбороу како нарација на моментално најгледаниот спот на планетата Земја, оној на Адел. Преубаво.

Србија до Токија

Може агендата не им се оствари баш во формата во која планираа, и може добија неколку зуцки по пат, ама не можеш да им спориш дека и ова не е некаков успех. Ајде Јано...

Брилијантноста на Крег Фергусон

"Кратко ни е времето на Земјата. Имаш датум, тире, и уште еден датум... и ние сме тирето, и не планирам да го минам зборувајќи срања со славни личности."

Со Адел се претера

Како ќе реагираа луѓето во 1946-та година на - деновиве сеприсутната  - нова песна на Адел. 

АТАКА, омилениот десничарски ситком на Бугарија

АТАКА е една крајно забавна ултра десничарска партија која редовно промовира крајно закрепостени идеи на редовни ултра-десничарски теми. И најголемиот дел од паниката што се крева кај нас околу тоа кој во Бугарија што рекол за Македонија, се однесува на изјави кои доаѓаат од АТАКА. Инаку, сама по себе, партијата во Бугарија е смешка.

Луѓе кои ги бива

Она што некогаш е тешко да постигнеш кај наш водоводџија, бербер или новинар. Да те фасцинира со она што одбрал да го работи, а не со мудрувањето на теми од општа пракса. Мал видео омаж за таквите луѓе, вистински нобеловци на секојдневието.

Ако Гугл беше човек, 4-та

Кога веќе ти тргнало, зошто да се мачиш да менуваш. (Ако може Умри машки, зошто да не може и за клип?)

Глупиот е постар и од јајцето и од кокошката

Знаете ли што е најдоброто во тоа да се има другар кој може на својата глава да балансира јајце? Тоа што ќе можеш да го испратиш до дома само за да слушнеш како на жена му ѝ го вика легендарното: Што и да ти кажам, нема да ти се верува.  

Околу барањето до Фејсбук за приватност

Ако случајно не ви успее она со постирањето на пораката за заштита на вашата приватност на ФБ, тогаш Џон Оливер ви нуди еднa подеднакво успешнa опција. Ако и ова не успее, секогаш на располагање имате едно сè уште експериментално решение што може да го пробате - ако нешто е премногу приватно за Фејсбук, не го ставајте на Фејсбук.

Научна магија во чеканот на Тор

Како што знааат и другите Авенџери, чеканот на Тор не може да го крене никој освен него... или некој со негов отпечаток. Гледајте го видеото до крај, еден дечко го хакна.

Зошто ѓаволот пие на екс?

Блазе си им на овие лудиве, сè им е јасно. Еве една таква која во дизајнот на лименката на енергетски пијалок гледа непобитни докази за присуство на Лукавиот. Ќе им објасни на сите и после оди дома и си вика: Како бе не разбираат?