Забава

Местење на коцките

Снимка од едно брзинско редење Рубикова коцка. А видеото од тоа трае цели 2:29 минути?? Ќе мора да ни верувате дека вреди да почекате.

Како да реметиш боди билдер

Некои не го можат тоа од што с(м)е целите укочени и фатени, а некои од што станале преголеми од вежбање. Во обата случаи човек треба да се пази да не му залепат етикета од зад грб.

Како се кампува покрај река

Одамна познатиот изум, овојпат искористен да ги искористи природните сили за добробит на човекот.

Иде цунами

Кога пред неколку години се вртеше она "Иде Дунав', сите го гледавме како чиста заебанција. Денес, да си ебеме матер, не можеме една странска анимација да погледнеме а да не ја поврземе со нашето срање, со години кумулирано и спремно сите да нè поплави. Еве, пробајте вие, можеби сте понормални од нас.

Дебелината те тера на генијалност

Уште да е паметни оние што го направиле фрижидерчето па да сфатат дека подобра реклама за неговата издржливост никогаш нема да смислат....

Другарчиња

Дечково има две другарчиња. Едниот за да му ја покаже финтата, другиот за да го снима кога ќе успее. Којзнае во која вукојебина ова се случува ама смеењето и радоста пари им вредат.

Рачно изработен систем за аларм

Чудесија е овие досетливите на што сè ја посветуваат свјојата талентираност. Мобилен телефон (со копчиња), стапче од сладолед, мутерче, жица и дрвце е сè што ви треба за да направите сопствен алармен систем за безбедноста на вашиот дом и први да дознаете дека некој ви провалува дома. Само ваљда од таму треба да излезете преку џам.

Мотивационо видео на денот

Сетете се на ова кога животот ќе ве потклекне, кога проблемите ќе ви се чинат преголеми и кога ќе бидете на чекор да се откажете. Ако и ова не ви помогне, тогаш не знаеме што луѓе сте вие уопште.

Ужасите на политичката коректност

Џон Клиз за сите оние со вишок способност за чувствување навредени од што и да е: Луѓето што не можат да ги контролираат сопствените емоции, треба да престанат да се обидуваат да го контролираат однесувањето на другите луѓе.

Најдобрата улична магија на светот

Ако на улица видите некој како се клати и со главата прави осмици, не го прогласувајте одма за луд или за жртва на лоши дроги. Можеби само не сте го виделе трикот од почеток.

Размислување во различни правци

Кога дете ќе си ја заглави главата меѓу решетки а татко му не може да му помогне. Па ќе мора да си помогне сам. 

Руски нанотехнологии

Парче улица кое треба да биде закрпено. 2 метра на 4 метра, отприлика. Во други земји би домкнале тешка механизација, ваљаци, маљаци. Но почему, кога може тоа и поинаку, некако почовечно.

Сите луѓе не се исти

Таа крилатица дека сите луѓе се исти паѓа во вода кога во равенката ќе ставите Јапонци. Овојпат, претставник на останатото човештво се Мексиканците. Како се фаќа метро во Јапонија а како во Мексико?

Најамериканска ситуација со најруско решение

Најамериканската ситуација е: кутро маче се качило високо на дрво па му е страв да се симне. Најруското решение ќе го видите сами.

Најважната објава на кампањата на Трамп

Видеото кое сериозно ќе ги промени работите во американската политика, и кое не е, не е, не е, бескрајно не е прво-априлска шега. Освен кога е.

Како Фиби го "растури" Рос за еволуцијата

Фина илустрација за она што го пренесовме во извонредниот текст "Како 'Friends' ја иницираа пропаста на западната цивилизација". Пар сцени од самата серија, меѓу оној што се измачува со својот интелект и онаа што ужива дека е таралајка. На тема еволуција, Фиби, како репрезентативен претставник на сите кафански полемичари на светов, перолесно го растура оној што нешто знае на темата. Просто, непобедливи се таквите.

Која реалност е пореална?

Имаме случај во кој старата и олд-скул реалност (физика, гравитација, њутнови закони. закони на дијафрагмата) е само помошник на виртуелната реалност, односно служи само како нејзино појачало. Значи, дечки се качуваат на вистински ролер-костер, ама со онакви на глава.

За родителите, и правото на говор

Аргументот е: луѓе што немаат деца, немаат право им зборат за деца на луѓе што имаат деца. Контрааргументот е каде, каде подобар.

Како е можно да се негира еволуцијата?

Едно крајно поучно видео за логиката по која во кој било кафански/маалски муабет може ладнокрвно да се оспорува еволуцијата без притоа да имаш и грам релевантно научно познавање.

Татко на денот

Можеби нема пари да купи добар ВР сет, ама затоа има желба да ја почасти малата со безбедно искуство на возење точак по планински патеки. И како го осеќа теренот, махер!

Медитацијата на Андрија и Анѓелка

Нивната заедничка медитација оди одлично и синхронизирано сè додека Андрија не ја здогледа Софија Вергара, по што, нормално, патиштата им се раздвојуваат.

Не бе!

Дечково мести три рубикови коцки додека жонглира со нив. Или е тоа или сме ние ќори некако.

Кога Али Џи го интервјуираше Доналд Трамп

Да потсетиме, Доналд Трамп беше еден од ретките кој брзо го отфикари Али Џи во оние негови легендарни интервјуа во кои соговорниците кои имаа повеќе нерви за него, завршуваа со магарешки уши. На Трамп уште тогаш му се брзаше. Само не ни се верува дека од Али Џи и Доналд Трамп, до денес медиумски преживеа само вториов.