Забава

Питерсон ликс

Неколку десетина илјади од вас го видеа фамозното интервју на Питерсон со Кејти Њумен кое го објавивме пред пар недели. Сега протекоа и нови, досега невидени моменти од таа конверзација. 

Попаметниот попушта?

Ако е тоа точно, тогаш овде имаме двајца паметни. Само што прво попушти стаклото а потоа и дечкото.

А што убаво му беше

Дедо со вообичаена сенилност, во моменти на разбистрен ум дознава колку години има. А има 98. Најчовечка реакција: „Па како брзо така остарев?“ А кога му текнува дека за две години ќе полни стотка, уште почовечки: „Па јас ЌЕ бидам факинг стар човек!“ Преубав.

Последниот „Dirty dancing“ џедај

Ако имаше една носечка порака последниот филм од Ѕвездени војни, тоа е дека танцувањето ги надминува сите разлики и ги решава сите проблеми. Барем во оваа верзија од филмот.

Како поп треба да доаѓа во црква

Откако генералштабот на МПЦ си ја најдоа мајката (едно ебено интервју не дадоа за на паствата да ѝ го објаснат овој коперникански пресврт), редно е дечињата да ја апгредираат својата појавност и стил. Нормално, пари да бараат од мајка им.  

Германецот секогаш одел прв

Прво го пуштаат него а дури откако им се чини безбедно, настапува глутницата. Сцена од полициска акција во Калифорнија.

Некои работи треба да се изгубат на време

На пример, она мушамата за глајдање. Подобро е да ја изгубиш кога ќе сакаш да се дигнеш отколку кога ќе сакаш да се спуштиш.

Кармата беше даровна

Една од илјадниците актерки во некоја од стотиците американски тв-серии ја кажува извозената фраза „Karma is a bitch“. По којзнае кои патишта, токму оваа реплика се претвора во моментално главно меме во кинескиот дел од интернетот, а во него луѓе само што ќе ги изговорат магичните зборови, се претвораат во далеку подобрена визелна верзија на самите себе.

Оди Финец во Америка

Се матка по клубови за комичари низ Холивуд и некако завршува кај Конан О'Браен во емисија. Генерално сè му е јасно околу Америка освен точното значење на зборот „ass“. Ислушај го, ќе видиш колку и само на памет си учел.

Како се хакнува тетрапак млеко

Чичкото решава да сподели еден од најважните животни трикови, како најдобро да отворите млеко во тетрапак. Има трпение, има ножици, има сè што му треба.

У змајевом гнезду

Женска емисија во која овие си даваат совети и си помагаат (жените секогаш играле боље мрежно од мажите, пазете им ги форумите и женските фејсбук групи, ко Боргови) во која водителката Венди Вилијамс охрабрува една посестрима со трик да го натера маж ѝ да ја затрудни. А во публика, еден комплетно збунет јадник кому не му е јасно како воопшто се нашол на непријателска територија.

Поуки од канадската двојазичност

Заврши времето кога едни на македонски можеа да пишуваат „Смрт за Шиптари“ а други на албански да чкртаат „Каурски пички“. Во иднина такви графити ќе се пишуваат со спреј во едната, и гугл транслејт во другата рака. Квалитативен напредок, нели?

Карл Пилкингтон маж, бог, холивудски пророк

Човеков што изгледа како да е само гостин на планетава, дојден тука да ни ги отвори видиците така цврсто закоравени во самобендисано едноумие околу спознавањето на светот и животот, ладно предвидува две епизоди од последната сезона на Black mirror неколку години пред тие воопшто да бидат снимани. Инаку претходно Карл имаше речиси идентична идеја со приказната за Бенџамин Батон.

Внукот на претседателот

Се вика Кулубусе Зума, внук е на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, се бави со бизнис, можете да го најдете во Документите од Панама и слично. Но, за ова видео е доволно да сфатите дека кога одбирал што кола да купи, Кулубусе покажал дека е глуп колку што е тежок.

Хеј, чичо!

Нема тука ништо нејасно. Се работи за автентична уметничка интерпретација на една од најпознатите песни на Пинк Флојд во која артистот успева да утиња на сите полиња, и со текстот и со гласот и со тоа безвезното набадање по клавијатурата. Но, како и секоја друга вистинска уметност, доживувањето е неповторливо. 

Се убивме од вишок опрема

Групно ловење риба на едно замрзнато езеро. За такво рибарење е потребна стандардна опрема (трска, мамци) и сврдло за да го пробиеш ледот. Овие двајцава го земале сето тоа, ама и плус шише.

Тајландско ситно?

Малку од малку да ни беше јасно нешто околу клипов па да имаме од каде да почнеме, вака сме само на: концерт, публика, најверојатно „играње“ и Тајланд.

Најдоброто од американскиот Топ-шоп за годинава

Додека подзинати го гледате клипов многу е важно цело време да ви е во памет дека Џими Кимел и да сака не би му текнале овие работи, и дека сè ова се производи кои регуларно се продаваат (и некој ги купува).

Кога вестите ќе кикснат

Што сериозни, што од онакви ранобудни програми, што вклучувања во живо од терен, па до ТВ вести од типот дај да видиме што има на интернет и да коментираме. И ништо важно од сè ова, само киксовите наталожени од цела година.

Мајка ако не ти расипе, кој?

Девојчето сериозно пробува да испее една песна, проаѓа мајка ѝ, и сфаќа дека е греота песната да пројде без неа.

Во кадрово на Стрит фајтер

Никој не вика дека е лесно и дека е ефтино, ама од организација главно не им е јасно зошто мора да се трошат толку пари на летање со авиони од една арена до друга, наместо едноставно сите да се борат на едно место. И зошто бе на секоја трета борба да се крши по еден нов Мерцедес, наместо некоја половњача? И што е Кен поразличен од Рај?

Кога ќе дознаеш кој ти е татко

Марк Хамил го раскажува моментот кога му била доверена големата тајна на Стар ворс за која дотогаш знаеле само Џорџ Лукас и режисерот.

Демократија, финален производ

Дури и ако во демократскиот процес вклучите вредности, концепти, идеи и сè друго благородно што може да ви текне околу водењето јавни работи и политики, тоа на крај завршува вака.

Исповед околу бракот

„Дури и да решам да се женам, знам дека ќе поминам барем два развода, за третиот пат да си кажам, мора да издржиш овојпат“, вели дечкото кој се ужаснува од помислата да биде со некого нон-стоп. Па сепак, ја остава можноста да се жени за едно 5 години. Кога ќе биде пола човек од она што е сега. Со исцедена душа.