Забава

Кажи ѝ го името, слободно

Двотретинското мнозинство во колата решило да слуша една песна (Come on Eileen, од Dexy's Mindnight Runners). Останатата третина, баш пред рефренот, пука и веќе не може да додржи.

Како се победува на караоке

Дечкото се намести, трпеливо  почека да му дојде текстот за пеење и - победа! Наравоучение: кога не те бива за нешто, најпаметно е да го избереш она што најмалку те резили. 

Пилкингтон на утринска

Човекот кој го прогласивме за наш Буда, господар на здравиот разум, шаолин мајстор на способноста ништо да не може да те одушеви, Карл Пилкингтон, има ново шоу и сега шета малку по телевизии да го рекламира. „Sales“ поентата му е генијално искрена: ако ви се свиѓаше она што досега го правев, ова новово нема да ви се свиѓа.

Дали курвата (Ѓ. Балашевиќ) се враќа?

Многу е глупо кога не можеш нешто да провериш дали функционира затоа што на работа ја немаш потребната опрема. Па го објавуваш тоа на сајт, само за да се потсетиш на тоа кога ќе бидеш дома (иначе, ќе заборавиш). И сите да те видат што уствари те занима....

Испадна и домашна верзија на „Царот е гол“

Првата, професионална верзија ја имате тука а финтата е во тоа што публиката е инструирана да се преправа дека магионачарот стварно успеал да го снема човекот. Во домашна атмосфера тоа изгледа многу побрутално. Го збудалеа малиот.

Животот како фудбалски пренос

Да се разбереме ова се само фино склопени извадоци од фудбалски натпревари, ни фудбал, ни живот не е вака интересен цело време.

Дали е хлороформ за верување?

Од сите работи за кои не и верувате на науката можете да почнете да го тестирате „митот“ дека хлороформ може да те онесвести. Дечково го има целото упатство, брзо е, кратко и јасно.

Кога нема кој да каже „Царот е гол“

Џастин Вилман во серијалот “Magic For Humans“ (го имате на Нетфликс), демонстрира една техника која одамна е позната од детските сказни а во ново време постојано се вежба преку партиски собири. Наравоучение: кога во публика се твои луѓе, секого можеш да убедиш дека си најјак.

Еврибади денс нау

Многу скоро, ништо што ќе погледнеме на видео нема да биде реално. Едвај чекаме да видиме како ќе изгледаат видеата на Мелита. 

Што знае Ганди што е јога

Човекот кој е скоро па заштитен знак на јогата, оди на час во едно од овие „јога-студија“ кои се заштитен знак на речиси сè пак што е неподносливо околу јогата.

Како времето ги брусеше Камењата

Фото-портрети на луѓето од Стоунси, бендот во кој денеска заедно имаат близу 300 години. Како се менуваа тие неповторливи ликови, од 1962 година до денес. Да не може човек да се реши кога била најружни.  

Се претера со уметноста

Следново се случува во Монтреал, овие се Ле Мутонс (mouton = овца) и се крајно упорни во тоа, и во која и да е пораката што ја имаат.

Основи на справување со напаѓач вооружен со нож

Видеото доаѓа од кинеската полиција и не ни дава причина да се посомневаме дека ќе функционира во најголем дел од случаите на вооружен напад.

И ти можеш да бидеш суперхерој, само немаш кој да ти прави специјални ефекти

Да не се лажеме дека е до срце, душа, пари, кој ти е татко / мајка, сè е во добро склопени специјални ефекти, инаку сè изгледа глупо.

Атлетска вежба: Есента во мојот град

Кај и да е, ќе стигне есен, а тоа ви е време на дождови и калишта. Време е скопјани од градските и приградските населби да почнат да вежбаат.

Коен го поремети американскиот Палма

Досегашен хајлајт на новата серија на Саша Барон Коен веројатно беше моментот кога Дик Чејни му го потпиша комплетчето за вотербординг. Но, озлогласениот екс шериф од Аризона кој апсеше луѓе по боја на кожа (осуден па помилуван од Трамп) Џо Арпајо, секогаш сакал да предничи.

Американци, зборувајте ни малку за тоа

Пред некој ден во емисија се испокараа Вупи Голберг и Џанин Пиро, за левица- десница, Трамп - неТрамп. Џанин сумира на кое дереџе е дојдена американска јавност: озлобеност, политикантство во сè, брат брата одфрендува заради политика.  

„Опседнатата“ куќа на Џени Мекарти

Една од најпопуларните анти-ваксерки и самопрогласен „научен скептик“ (богати!), деновиве побрза да сподели видео доказ за своја средба со нешто натприродно. Снимка од нејзиниот дом на која во еден момент се слушаат пар тонови од пијано, иако крај нејзиното пијано нема никого.

Саша Барон Коен се врати во Америка

И пак како герила комичар, и пак заинтересиран за американското секојдневие, само овој пат наместо еден Коен глуми серија карактери: од крајно-либералната Др. Нира Каин-Ен’Дегочело „цисџендер бел хетеросексуален маж, за што се извинува“, до Еран Морад набилдан израелски лудак по оружје кој сака да ја натера Америка да ги вооружи своите основци. Серијата е на Шоутајм и снимана е во изминатата година и нешто, има седум епизоди, а првата беше емитувана на 15-ти јули.

Коментар за коментарот

Нашите преноси од светско генерално ги покриваат 3 пара коментатори, кои работата ја вршат по европска школа, генерално смирено, информативно и без многу драмење. Американците, Мундијалот го гледаат на три различни канали, и на трите има различен тип на водител: Британец, Американец и Латино. Заради ова имаш три различни доживувања на ист натпревар.

Изгубени во преносот

Ако мислите дека ве нервираат сегашниве коментатори, само замислете свет во кој што фудбалот се коментира како голф. Веројатно никогаш не сте имале поголем порив да го гаѓате телевизорот. Мада, обратна ситуација и не е нешто страшна.

Асаде, јасно ни е

Пред клипов не го знаевме Асад и немавме појма дали тој има некој проблем во животот и како тој проблем евентуално изгледа. После клипов, само не го знаеме Асад.

Манекенки на денот

Имаш модна ревија на фустани и имаш држава со ултрастроги закони правила за тоа како и што може жена да носи пред народ. Решение? Дронови! Како тоа? Саудиска Арабија знае како.

Кога нема разбирање

За тие што заборавиле како изгледа расправа на студенски прашања пред јунска сесија, ако им дојдеш на теткиците надвор од "приемниот термин."