Забава

Добро е да се има магионичар во друштво

Поточно, добро е да се имаат двајца магионичари во друштво. Тој вториот за мезе.

Админот на твитерот на Канје

Ова не е вистина, само за жал на некој недолжен дечко или девојка ова не е ни многу далеку од вистина. А вреди и заради бисери од типот „јас прво се бришам па одам по нужда“.

Што прават моќните луѓе на Путин

71 годишниот Јуриј Петров и 35 годишниот Олег Буков се дел од парламентарната ергела на Владимир Путин, кремот на руската политичка елита која треба да се справи со предизвиците на овој немирен свет. Еве ги двајцата таму кај што се најпотребни, на седница на Думата. Со тоа што од стариот (и ненаигран) Јуриј ќе го видите само прстот.

Стариот пак се здрвил

Жан Клод Јункер. Еден од моќните лидери кои ја предводат моќната Европа. Држи прес конференција за потребата да се има моќна европска армија. Само што облекол различни кондури, една црна, другата кафеава.

Татко е повеќе од зборови, татко е дела

Инаетот на 2-годишна ќерка стои на патот на попладневното одлогирање на таткото од дневните задолженија. И на двајцата им е јасно дека ова нема да се реши со зборови, само што ќерката не е свесна за границите на сопствениот инает.

Никогаш не се откажувајте

Ѕирнете едно освежувачко мотивационо видео со поента да одите до крај, дури и кога мислите дека трката е изгубена. Ова „да одите до крај“ важи и за гледањето на видеото.

Кога синовите ќе пораснат

Ќе пораснат доволно да посакаат да си ги одмерат силите во бокс, ама недоволно да сфатат дека бокс не е за во дневна. Другото кај нив е све ок, да не речеме џам.

Што правевте вие на 7-ми ноември?

Ок, не го знаеме тоа ни за нас, ама знаеме некако за Расел Бирк. 21 годишниниот сурфер од Австралија бил близу португалските брегови каде фати да јава еден импресивен бран од 30-40 метра. Едвај го спасија.

Шприцерот е ладен ко Реган

Роналд Реган во 1987 година е во Берлин, каде што се наоѓа по повод еден јубилеј на градот. Им се обраќа на американските војници од тамошната авио база. Среде говорот, еден од славеничките балони пука, што се слуша како истрел. Важно: ова му се случува на човек кој претходно има преживеано атентат во кој беше ранет. Пазете му ја реакцијата. 

Со пиштол се плашат неженети

Како да познаеш човек кого жена му го пратила во продавница со зборовите: Само глеј да заборавиш да купиш нешто од тоа што ти нарачав!

Сам себе се сервисирал

Имаме чуено за хирурзи кои се помалку вични од царов.

Ако за нешто оној ѕид на Трамп има логика

Оние кои се форматираат во услови на систематска радијација од турските серии, веројатно се уверени дека нема ништо полошо од нив. Но затоа постојат постари релативизитари на кои, иако дамнешни, уште им се свежи раните од касандра, масандра и другите како-ли-беа јужноамерикански сапуници. Тек тоа, драга младино, како не се трпеше! Една мексиканска, поштено раскажана.

Сајтовите во 2018 година

Исто како и до пеколот, и патот до денешните веб сајтови е поплочен со добри намери. Сè е тоа фино, приватност, доброволност, желба да се остане во контакт..... Ама дур дојдеш до некој сајт, да заборавиш зошто воопшто си тргнал таму.

Како кого од нив двајца ќе остариме?

Разгледајте вести, медиуми, мрежи, хистерии, човечки гадови и сподоби раширени по нив кои секојдневно го вадат најлошото од себе (притоа горди на тоа) и ќе ви стане јасно на кого типуваме.

Кај што некои шијат, тие штепуваа

Пајтоновци веројатно знаеја дека на стари години ќе имаат попаметна работа, на пример да пецаат риба, па се заебаваа со теми кои уште не беа стигнати на дневен ред. Ова е од 1979 година.

Прав маж секогаш е во кујна

Жена се враќа дома порано од работа и го наоѓа мажот во кујна, место на кое нему ниедна задача не му е претешка. И ете ти ја неа, одма да сними видео од тоа, да се пофали кај другарките. Блазе си им на тоа Русинките.

Навежбан удар

Ова е проблем на сите потези во контактните спортови. Колку и да се навежба некој потег, доаѓа време кога тој треба вистински да се проба. А тоа не испаѓа секогаш како на генералната.

Како да се појавиш на прес?

Ќе понудиш да го преведуваш она што се зборува на пресот на јазикот на глувонемите. И после ќе си мафташ со раце фристајл. Барем на двајца во Америка финтата им има успеано.

Дупло кање

Статиката на овалната соба едвај го издржа интелектуалниот габарит на последната средба. Кање одржа еден лудачки 10 минутен солилоквиј (нагалено: лупетање) додека Дамб гледаше со полна концентрација (нагалено: ко теле). Заебавајте се вие ама ќе дојде ден кога на некое кутро дете, комплетно спремно за Демостен, Черчил или Мартин Лутер Кинг, на час по историја ќе му се падне да одговара за „Говорот на Кање Вест во Белата куќа“. 

Алтернативна математика

На тест по математика, малиот напишал дека 2 плус 2 е еднакво на 22. Учителката пробува да му објасни дека операцијата собирање не значи спојување на бројките од задачата. И тука почнуваат компликациите. Кратко филмче во чест на сите даскали, напатени од системот, директорите, медиумите, а сè во име на нивното височество разгалените деца и единственото нешто што денес е бетер од нив, нивните родители.

Клучот на универзумот, изволте

Ќе го имате клучот на универзумот ако успеете да убедите некого да го изгледа следново видео кое открива дека големата тајна на универзумот е во бројките 3, 6 и 9. Ама ферски, до крај да се гледа, инаку не фаќа клучот. 

10 диско заповеди

Едно 12-13 години има од овој каноник. И сè уште секоја заповед (која е поврзана со човекот а не со технологијата) е актуелна и важечка.

Магија без илузии

Лиоз Шем Тов е реалист (демек обратно од илузионист) од Израел. Тој не само што ќе ви ги покаже своите ментални супер-моќи туку ќе ги разбуди и вашите. 

Луѓе, излечен сум!

Како Господ никој не е. Освен можеби мотор кој шиба накај тебе и нема шанси да спасиш глава ако не рипнеш од инвалидска количка.