Искуството ни кажува дека паркирачкото дивјаштво не може да се скроти ни со јавно исмевање, ниту со добронамерни пораки ниту со заканувачки пораки (од надлежните одамна имаме кренато раце). Можеби треба да се проба ова.
Поентата е - и проект со буџет од 365 милиони долари, ќе има грешки и пропусти. Исто така држи и поентата дека ти веројатно не работиш на проект во кој учествуваат доволно луѓе за да извршат државен удар во која било држава, па немој да се тешиш со нив.
За ова ти треба билдер, ама не некоја жилава смешка од човек туку прописно набилдано брдо од мускули, и секако храброста од насловот. А, да, и налепница една, ќе видиш зошто.
Репрезентативен вод белгиски армиски кадети чекорат војнички марш и на непријателот крвта му се замрзнува во жилите. Кинезите го гледаат ова и си викаат, добро бе, ние глупи сме толку да вежбаме?
Под водство на искусни супертв изори, којзнае колку играчи од светот цели 9 години ја реконструирале Средната земја од Господарот на прстените. Деталите се неверојатни.
Сцена од англо-саксонска верзија на оној телевизиски мрак кој се вика „Брак на невидено“. Тој ѝ кажува дека е астрофизичар, таа му одговара дека е.- близнаци. Не е до народот, до франшизата е.
Ви обравме неколку видеа за сами да се уверите каков смех и весеља е да се има крај себе оваа ведра и лесно запаллива бабичка. Ја снима синот и многу се сакаат. Тој ја зафркава, таа го вика дикхед. Едно време ќе почне да го вика шитхед пошто чула дека дикхед е срамен збор.
Додека некој упорно зборува со погрешен човек, Шева сзборува со вистнискиот, само што не му е најјасно преку што. Погледнете како тоа изгледа кога ќе се биде ослободен од сите овоземни протоколи за комуникација.
Апла е јасно дека муабетот не е автентичен но е сосема ок драматизација на добра финта. Онаа со песната за лавот од Индија. Кој не јас знае фората, бујрум.
Го знаете она чувство кога слушате политичар во телевизиска емисија, дека без оглед на сè околу него, тој ќе си го вергла она што го наумил и научил? Е па, Иван Шукер, хрватски екс министер за финансии.
Сме виделе различни начини како (непотребно) се снаоѓаат оние кои не можат да се помират со тоа дека ја губат косата. Моментално веројатно најпопуларна овде е такозваната „Бујарица“ (види Влада) а луѓе најчесто прибегнувале кон онаа „од уво до уво’ (позната и како „East Coast - West Coast“). Таа има еден голем проблем, што е 2D а не 3D. Не и кај него.
Цајкани многу се палат на мерење брзини. Кмишат на патишта и автопатишта, се кријат ко црни ѓаволи, казнуваат. И на овој не му е јасно што толку се палат, ама му е јасно како треба да ги угаси.
Кога гледаш видео со испентарен човек како сече некоја гранка, одма ти е јасно дека тоа видео нема добро да заврши. И сепак го гледаш видеото. И секогаш вреди.
Бразилската компанија Азул решава да направи нешто во врска со дифолтно досадните видеа со инструкции за патниците за безбедно летање и однесување во авионот. Прават анимација со супер музика од различни делови на земјата и резултатот е - да не можеш да седиш верзан за место.
Досега необјавена снимка од обука на американската армија ги покажува најсуровите методи со кои тие се подготвени да се послужат за бескрупулозно сотрување на непријателот до неговиот целосен пораз и уништување.
Василиј досега го гледавме како шамара луѓе. Ама можеби некој ќе си помисли дека оние кутри луѓе кои му се од спротива се некои мекотели па затоа тој така лесно ги пореметува. Ок, тогаш одиме со лубеница.
Ворнер брос најавија дека годинава ќе пуштат нова серија со легендарните Луни тјунс цртани и дека имаат вкупно околу 1.000 минути нови анимации со Багз Бани, Дафи Дак, Порки Пиг и другите ликови од оваа дражесна банда. Од она што го видовме, Џак Џонс може да биде горд.
Тајмлапс видео од тунел направен под автопат во Холандија. Видеото трае триесетина секунди, во реално време проектот е изведен за два дена. Ова треба да е бенчмарк за влегување во ЕУ а не името да ни го менуваат.
Хероината во ова видео реконструира еден спектакуларен потег кој досега можеше да се види само на филмови. Од чамец во движење се качуваш на мост па потоа од мостот се враќаш на истиот чамец. Во случајов, најспектакуларен е крајот.