Забава

Што Вакс допрва дозна?

Еден пример за тоа дека не треба да се пропушта ниту еден детал од растењето на своето дете. Да не се случи да порасне и дури тогаш да дознае како тоа оди кај другите. Како Вакс во емисија.

Зошто жени живеат подолго од мажи

Иако немаме поим, ама може да се кладиме дека и овој што ги снима е маж.

Невесто, поштеди го човекот од детали

Младоженецот е озвучен и носи микрофон, како би останале што поавтентични спомени од свадбата со неговата избраничка. Но, таа тоа не го знае и решава да му довери еден баш интимен момент.

И Кејтлин да чуе некој виц за Кејтлин

Кејтлин Џенер беше дел и тема на добар дел стендапи и вицови што се раскажаа од моментот кога Брус одлучи да стане Кејтлин. Речиси ниту еден од овие вицови, барем во јавност, не беше кажан пред Кејтлин. Блејк Грифин се погрижи да го исправи тоа.

Три баби на грас

Три англиски бабички доаѓаат во Амстердам решени за прпват во нивните животи да вдишат малку од тамошната култура. Резултатот е спектакуларно симпатичен. Вакво нешто треба да им следува и на овдешните пензионери, за да олабават малку на оние утрински емисии.

Без старца нема ударца

Во западниот свет оваа дупачка завршува или со смеење или со по некоја збунета фаца. Во арапскиот тоа се доживува малку посериозно.

Арон Краскал и неговите проблеми

Ако не го, треба да го знаете Арон Краскал. Тргна со смешни онлајн видевца на разни платформи за денес да работи со Кевин Харт и слични. Има неколку добри рубрики, оваа ни е омилената: кога зборува по телефон за да ги шокира оние кои несакајќи го слушаат.

Бунтовништво не можеш да ампутираш

Од што немаат којзнае колку работа, на полициска патрола од Нов Зеланд ѝ се видело дека еден инвалид премногу шишка со количката. Стариот (Чарли Дурам, 60 години, две ампутирани нозе) не само што не им застана туку им покажа пар јаки дриблинзи. Најбавната полициска потера на светот беше проследена со гласно навивање за бегалецот.

Како ли е да се живее со овој дечко?

„Вежбам секој ден...“, ја открива тајната на своите вештини овој црномурест Паско Кузман (ради двата молива на уши), Да видиме и слушнеме на што тоа тој вежба секој ден.

Кога Борис Џонсон ќе се сретне со Монти пајтон

Одличен мешап на новиот британски премиер со онаа легендарна сцена на пајтоновци „Што Римјаните направиле за нас?“

Очилата како огледало на душата

Постои широко распространето уверување дека очите не лажат и дека тие секогаш ја откриваат вистината. Ок, само што вистината некогаш уште подобро ја откриваат - рефлексните цвикери.

Исис, блупери

Светов е забразден во комплетна естрадизација. Блупери, односно грешки при снимањето на видео сцени сме навикнати да гледаме за филмови и серии. Не запира тоа тука. Жанрот се прелеал онаму каде што најмалку го очекуваме, меѓу спротивставени терористички групи. Елем, за да ги руга конкурентите, Ал Каеда деновиве на интернет пушти блупери од Исис.

Треба да ги запознаете Демократските социјалисти на Америка

Се работи за крајно левичарска собиранка која социјализмот и демократијата ги разбираат како можност за правење карикатура од самите себе и која било поента што ја имаат. Ова е од нивната неодмнешна годишна конвенција.

Музичари да не се вадат дека немаат пари за спот

И кога се имаш само себе и само река, видео приказот на твојата интерпретација сепак може да задржи некои битни монтажерски финти, како што се „фејд ин“ и “фејд аут“. Дирљиво.

Кралот лав е ужасен филм / цртан

Барем од перспектива на антилопите, или па антилопите се комплетни идиоти освен оваа една, освестена.

Сите да си дочекате вака да ги резилите своите тинејџери

Како тинејџер видеото од мајка ти како се прави интересна да стане вирално, веројатно е врвниот срам што можеш да го доживееш. Како возрасен, тоа ќе биде видеото на кое ќе покажуваш колку биле интересни твоите. Нормално, за мајката и едното и другото се ќар.

Ти пази на дишењето, јас отидов

Ние сме последните кои ќе проповедаме јога но ова што го зборува упатениов ни има логика. Како да го скротиш брбливиот мозок? Така што ќе му дадеш некоја работа, на пример да го пази твоето дишење.

За некоја година и овој ќе фати да рекетира

Суштеството ги има сите предуслови еден ден да доживее како пола влада му доаѓа на теревенка, како новинарски величини напуштаат семејни ручеци пошто на суштеството му дошло да свика колегиум и да не редиме уште, пошто џабе ќе се изнервираме.

Татко и ќерка

Лидер на една бразилска банда пробал да избега од затворот маскиран како неговата 19 годишна ќерка која му дошла во посета. Со тоа што „маскиран“ е мал збор за ова. Знаевме дека ќе се појави друг сурат а сепак потскокнавме.

Не можеш ти со нив

Кога сликаш група луѓе, позната е командата со која треба да се натераат да се насмевнат. На англиски е „Cheese“, на српски „Птичица“, а на македонски „Кај се стиска бе ова?“ Не е лесно ако групата е составена од овие модерниве, високо сензибилизирани офтики.

Видео со шофер кој крева раце од волан заради селфи

Мал пример за тоа како лошите и трауматични искуства влијаат врз нашата перцепција на она што го гледаме. После трагедијата со Дурмо турс, срце застанува на вакви призори. Слично како што стрепиме од Заев во секоја прилика кога ќе почне да отвора уста.

Како вашиот производ станува бренд

Во брендовите се вложува многу посветеност, пари, трпение и упорност бидејќи тоа е невидлив капитал кој се носи со себе и кој на производот му ја дава неопходната дополнителна вредност. А може и вака:

Балкан со Шведска се избива

Кога објавуваме дилајли кои пукаат додека пеат и слични балканштини, имаме чувство дека им нанесуваме бол на одредени свилени елитистички кругови кои се гадат од контрастите на ова поднебје. За некако да им се оддолжиме, им го нудиме овој традиционален шведски танц, да го пробаат некој пат на своите збиранки, за да покажат дека и овде може да се има високо скандинавско ниво. Само напред дечки, пикањето глава во нечие меѓуножје и онака веќе е навежбано.

Уште еден поучен „расипан телефон“

„Човек ми кажа, он со свои очи има видено....“ е една од честите форми со кои им се дава уверливост на рекла-казала муабетите. Кога ќе се пуштат во оптек, на крајот на ланецот секогаш испаѓа нешто сосема друго.