Забава

Цајканско миење раце

Во чекор со убавите боливудски традиции, индиски полицајци снимиле видео за кое се надеваат дека ќе стане вирално а ќе ги потсетува луѓето на важноста да се мијат раце. Ако буквално го сфатите упатството, раце се мијат малку лево, малку десно, а после, се предаваш.

Роденден во време на корона

На девојчето ѝ е роденден и нејзините се погрижиле да не го помине сама па викнале пријатели и роднини да поминат. Само што „роденден е, поминете“ денес има многу поинакво значење од порано.

Секој со својот спорт

Тој ѝ скејта под балкон, таа од балкон го мава со саксии. Исто е како на маалски баскет; младите се упорни и тоа на крај им се исплаќа, aма старите имаат помалку „потрошени топки“.

Се истрчавме, м?

До пред само некој месец, ќе изгледавме некое вакво видео и ќе изреагиравме: „хихи-хаха, секакви ги има по светов“. Се работи за луѓе кои се подготвуваат за - пандемија на некој вирус. Ах, како нè намагарчи животов.

Каратистите се навежбаа за сето ова

Ние ги мислевме вежбаат елементи од тоа нивните кати, само што тие кати навистина испаднаа „борба со замислен противник“. Каратисти, zошто не кажувате бе вакви работи?

Како ли јас ќе пораснам?

Малата Лејла добива информација дека конечно затвораат Мекдоналдс, Пица Хат, Нандо, кинески џанк фуд и сите други нездрави јадења, дека нема веќе ни испорака на храна и дека ќе може да ужива во она што дома ѝ го приготвува мајка ѝ. Еве ја реакцијата на Лејла:

Компилација италијански градоначалници збеснати што Италијанци не седат дома

Додека да се постигне посакуваното ниво на карантин во Италија, италијанските власти искинаа нерви со своите граѓани кои сред епидемија решиле дека сакаат да одат на фризер, да прават полуматура, да шетаат кучиња... Меѓу овие со истенчени нерви имаше и голем број градоначалници.

Поздрав од Рим

Носете ракавици, носете маски, носете скафандери... На дечко од Рим изгледа малку му има скурчено сето тоа.

Ако не умреме од корона, ќе умреме од настава од дома

Еврејка има 4 деца и сите 4 и се на училишна возраст, ама заради короновирусот и таа и овие 4 се дома, плус за цело ова време на овие четири им тече далечинска настава. Сега да и дадеме збор на госпоѓата.

Коронавирус лајфхак

Ако нешто нè научи драмата околу тоалетната хартија низ светот, тоа е дека веќе нема „такво е / не е такво времето“, па кога редот во супермаркетите е преголем има и други решенија.

Треба да редефинираме што е тоа багра

Од една страна ги имате оние „угледни граѓани“ кои се „реализирани во своите професии“ а кои знаете какви бељи направија со своето без памет однесување. Од друга страна го имате него.

Доста за вирусот, малку за нашите

Во регуларни времиња ова видео би одело со онаа стандардна најава „ок, гасете интернет, доста е за денес“. Ама, во време кога мислите ни се преокопирани со пандемијата, ни доаѓа да помислиме со кои тоа сè соборци ние сме во битка со тој глуп вирус. Глуп??

Фази на политичко менаџирање криза

Одлична сцена од британската серија „Yes, prime minister“ која на брилијантен начин ја демитологизираше политиката и ги расклопуваше големите мистерии на највисоките владини кабинети.

Машка солза искрена

Речиси и да нема поискрена емоција од тоа кога на маж ќе му дојде да пушти солза, изблик на емоции и искреност, страдање по најмилата, страдање заради отуѓувањето од тоа што срцето го посакува и сака да му е близу, но и надеж дека тие некогаш повторно ќе бидат еден карши друг без никакви бариери меѓу нив. Доста поучен клип, што им покажува на мажите дека не треба да ги кријат емоциите.

Автогол во битката со вирусот

Една надлежна тетка (не е глупо што е тетка, глупо е што е надлежна) објаснува дека за заштита од коронавирусот треба да се престане со допирање на лицето бидејќи еден од главните начини на кои тој се шири е токму допирањето на својата уста, нос или очи. Е, сега, гледајте.

Бегај, Стефан, бегај!

- Јована, како си?
- Не сум добро, ми го нема мојот Стефан.
- А зошто не викнеш по него?  

Дечкото има сè

Преку ден Мајк Мајка е девелопер на видео игри а ноќе се опушта како пасиониран собирач на игрици и конзоли. Еден ден му жена му рекла дека сите негови играчки ќе мора да одат во подрум.

Да не заглавиш со женско во лифт

Дечкиве заглавуваат во лифт и едниов сфаќа дека ќе мора да повикаат некаква помош. Како тој го изговори несреќното „да повикаме помош“, ете ти ја неа од позади, со тоа сирената. Овој прилично се покаја за командата.

Репортери без граници, ама со филтри

Репортерот во него го тера да излезе надвор и во живо на Фејсбук да даде извештај и информации за снегот. Само што нема идеја дека филтрите во телефонот му се вклучени. Сакаме и ние вака да гледаме на вести.

Вака се прават квалификации за пратенички листи?

Кој колку далеку може да стигне ако се залепи за фотелја. Дисциплината бара решеност, одважност и верба дека колку и да е страшно, задникот ти е на сигурно. 

Ноќта на родителите

Малиот е расплакан затоа што оди на школо ненаспан. А ненаспан е заради родителите. Три пати!

Вака да се остари

Дечкото мисли дека старата во соседната кола има проблем со неговата музика. Има, ама поинаков од што мисли.

Цитати од славни: Мугабе

„Ако си грда, грда си и престани да зборуваш за внатрешна убавина. Мажите не одат наоколу со рентген па да ја видат внатрешната убавина.“

Русинката која заслужи да добие Мерцедес

Русин решил да ја изненади својата сопруга со прејак модел на Мерцедес, и не може а да не се пофали и да го сними додека е ганц нов. Ама па, нејзината насмевка покажува дека вредело.