Забава

Пријателе, готов си

Показна вежба за тоа зошто оние луѓе кои имаат тврд сон, пред да легнат да спијат, најпаметно им е клучните прсти за отворање на нивниот телефон да ги брцнат во врел катран.

Фатен ли си бе во рацете?

Дечко искачува карпа без да користи раце. Само стопала и колена. Нема никаква потреба од тоа, ама ај.

Прв училишен час во Франција

Француските ученици радосно го дочекаа први септември, почетокот на школската година и враќањето во нормала.

Жена, мајка, мачител

Зошто нема родова еднаквост меѓу оние што испрашуваат и мачат затвореници? Дали тоа општеството ги програмира жените да не помислуваат на тој деловен предизвик за кој се подеднакво способни како и мажите? Дали се потребни субвенции за да се дојде до балансирана застапеност? Рајан Лонг (брз на мисла и на јазик) трола случајни минувачи.

Бил Бур, сам против сите

Овој настап е познат како „Инцидентот во Фили“ и е еден од клучните моменти во кариерата на Бур, еден од нај-нај-најдобрите стенд-ап комичари на сите времиња. Излегува пред публиката во Филаделфија која е блазирана, размазена, сите зборат меѓу себе... Така ли? Бур, кој и онака има проблеми со менаџирање на својот гнев, решава цел настап да го посвети на пржење на публиката, нивниот град, држава и сè - ама сè! - што им е најмило. Нема нешто кое не им го насра. И попат им одбројува уште колку минути има да го слушаат. Легендарни 13 минути.

Руски реалити алкохолизам

Руско реално шоу во кое нема сценарио а 24/7 се следи животот на пет луѓе (тројца машки и две женски) кои живеат изолирано од цивилизацијата а на располагање имаат неограничен алкохол. Нејасно е како Русите на времето стигнаа до Берлин, пошто овие имаат едни три дрвени скали кои редовно им се покажуваат како кобни.

Какво време, таков изум

На самиот почеток на 80-тите години, Сони извади вокмен. 90-тите години ни донесоа World Wide Web. Првата деценија од новиот милениум нè израдува со Ајфон, Киндл и Википедија а втората декада со Тесла, Убер, дронови и 3Д печатачи. Но, тука не запира нашата среќа. Во следната деценија, влегуваме со ова:

Што викаш дека е фрката?

На ова не се помага додека не каже јасно и гласно што е проблемот.  За да разбере дека тинејџерите некогаш стварно е тешко човек да ги разбере.

Погрешната слава на Мелбурн

За оние што го користат летечкиот симулатор на Микрософт, место за аџилак им е Мелбурн, односно неговото преградие Фокнер. Таму, сосема нејасно и мистериозно, среде ниските стамбени куќи и згради се издига еден монструм од облакодер. Некому тоа изгледа како тајна порака, како загатка, како упад на Халф Лајф двојката. А се работи за тајпинг ерор.

А вие цивилизираните чмајте по карантини

Само гледајте како панкот е жив, во некоја вукојебина од џунгла. Со моша, со све. Ако уште некој паднеше од горе, ќе помислевме дека џунглава е на два спрата.

Њујорк се враќа во нормала

Њујоршкото метро е тамбнеил за големата и живописна слика на градот и ликовите кои во тоа урбано тенџере или уште не се стопиле или претерале со топење. Заради пандемијата, цел тој метро свет едно време беше во грч, но еве ги ликовите, повторно се враќаат на својата подземна сцена.  

Пиштол за испукување маска

Со оглед на тоа што постојат доста луѓе кои одбиваат да носат маска, Јутјубер решил да направи пневматски пиштол со кој можеш да залепиш маска на нечие лице. А и генерално може да послужи малку да стишаш некого.

Цртан со Роган и Бур за маските

На последното гостување во подкастот на Џо Роган, Бил Бур и домаќинот имаа мала препирка околу маските. Запалија по една пура и фатија да се расправаат дали да се носат маски или не. Имаат скроз различни мислења околу тоа, ама ете, не се заклаа туку само си пуштија по неколку добри јадачки. Го анимирале тој дел од муабетот, и тоа добро.

Прав муслиман не мириса на Пино Силвестре

Група избезумени Пакистанци навалиле на млади борови садници па ги корнат со таква страст, небаре со шејтанот химселф си имаат работа. Зошто? Затоа што Исламот забранувал нивно садење. Не знаевме дека Коранот е толку ботанички детален.

Путин во аптека

Рускиот кајзер решава ненадејно да застане и да посети една аптека, да види како се со цените и слично. И очекувано, одма хаос, пакао, дрога (на рецепт). Сите збунка освен една бабичка која апсолутно не ја лази мува што се случува околу неа. 

Сефте Фил Колинс за браќата

TwinsthenewTrend се близнаци од Гари, не Галичник, туку Индијана. Пуштаат рок песни кои никогаш не ги чуле и онда демек ги рецензираат. На ред им доаѓа “In the Air Tonight” од Фил Колинс. И како што таа песна се слуша главно за да се дочека катарзата со бубњевите (која - како што знае секој нормален музички манијак -  се случува на 3:41 во песната), ова видео се гледа само за да се види нивната реакција на тој момент. Се избезумија! „Брат, не сум видел некој да извади ритам во трета минута од песната, брат!“

Баба Л. Џексон

Јасно е дека црната баба не е голем фан на жолтата раса, ама прејако е како сочно го хејта. Како да изговара реплики од филм на Квентин Тарантино.

Гордон Ремзи рецензира ТикТок рецепти

Не е потребен Гордон Ремзи да ви каже дека повеќето работи кои ќе ги видите на ТикТок не се ставаат во уста. Ама, ако, нека каже. Се ужасна човекот како кога Ник Кејв би рецензирал песна од Мими Мерцедес.

Згужвај ми пустина

Некои го почнуваат своето дело онаму каде што многумина го завршуваат: кога ќе ја згужваат хартијата.

Еминем, иншала, машала

Некој џихадист (по ново: „терорист кој ги злоупотребува религиозните мотиви“ - види овде) чиј говор, и по ритам и по емоција, комплетно звучи како песна на Еминем. Уште на крај да се дигнеше во воздух па сите задоволни.

Како се исти, разбудени и расисти

Фрапантен и застрашувачки точен е овој „скеч“ кој покажува колку двата, навидум крајно спротивставени политички кампа, во суштина се согласуваат за сè.

Роди ме мајко Микеланџело и фрли ме во Русија

Кога сакаш да станеш скулптор ама во твоето место има само школа за киропрактика.

Кога никој те нејќе

Од партија во партија, од медиум во медиум, од еден скут во друг скут... Само кај нас ваквите се со (пре)долг рок на траење.

Дома е кај што немаш услови да бидеш рапер

Како што никој не е пророк во своето село, така никој не е мадафака рапер во својот дом. Особено кога има ваков СС-овски управник на логорот што ти паѓа мајка.