Забава

Блажени се Американците...

Анкета на наједноставни прашања на кои млади, ама доволно возрасни луѓе, го покажуваат сиот раскош на своето незнаење. Офкорс дека игнорантни будали има насекаде. Aма некои живеат во љута сиромаштија и секаква оскудица, а други се шетаат по извиканиот Менхетен, празни како шасии. Најјако е што дечкото им ги потврдува одговорите. Пошто е доцна тоа да се оправа.

Подли Руси, им ставаат алкохол во вотката

Наваро Николас Сторми, маринец- специјалец, на должност офицер за безбедност во американската  амбасада во Москва, задолжен за обезбедување на периметарот на амбасадата, во пет сабајле се враќа направен гипс. Нозете ал-денте, жироскопот пореметен а Русиве го снимиле од секоја можна камера што постои на улица.

Програмер бара покачување на плата

Прашањето е дали клиповиве ги гледате заради неограниченото чаталење од ликот на програмерот, или заради систематското топење и последователен распад на „ЕјчАр-от“? Второто, нели?

Пази, филтер!

Има забавни филтри, има корисни филтри (да видиш како ќе изгледаш ружен како жена пред да отидеш на операција на полот), ма има секакви филтри. Овој служи исклучиво да вадиш од памет блиски луѓе кои сакаш да ги сликаш. Одеднаш, зад нив се појавува човек. Некои го тепаат и по неколку пати. 

Родот е последното прибежиште на хистеричните

Ете што се случува кога некому ќе му згрешиш пол во 2022 година. Ај што дигна џева затоа што му/ѝ се обратиле со господине а тој/таа/тие да ти бил/биле жена, туку најјако е што како жена, најженствено го заврши инцидентот со пцовката „да ми пушиш кур.“

100 секунди Џо Бајден

Мала компилација од шмелцувања на првиот човек на најголемата светска сила. Најјако е што на оној Путин секој втор ден н му вадат муабети дека бил болен, дека е готов, само што не опандркнал. Пошто Бајден е здрав ко дрен. Само што веројатно веќе не ни знае дека е претседател на Америка.

Видео само за мажи

Не, никакви голи или полуголи девојки и жени не се во прашање. Мажи не гледаат само тоа, тие сакаат и кога нешто ќе се скрши, ќе се расипе, ќе пукне, ќе се здроби. Кој ќе го знае зошто е тоа така, ама, така е.

Да трепнам дека сум киднапиран?

Твитерџија скоцка видео со една забавна боксерска реакција од Џо Роган на моментот кога се чинеше дека Алекс Џонс на судскиот процес против него е доведен во ќош ама возврати во плексус, со спомнување на Епстин и Клинтоново. За несреќа на твитерџијата, видеото стана вирално па требаше уште некое видео да се објави. Цар.

Како маж може сè да расипе

Постар, ама добар скеч на BBC. Дечко и девојка отишле на романтичен викенд. Целиот идеален сет-ап доживеал дебакл кога таа од него побарала со неа да сподели за што размислува во моментот. А тој глупиот, ја сфатил озбилно и искрено ѝ кажал на што мисли. Што секогаш - секогаш! - е лоша идеја.

Шпараџијата Еминем

Еминем тежи 230 милиони долари. Со толку пари во себе, му се бендисал саат и му свртел на менаџерот да го праша дали може да си го дозволи. После си го купил ама сега носи друг, евтин, пошто тој скапиот нејќе да го изгребе. E, тој и таков Еминем има напишано песна „Lose Yourself“.

Голиот Спајдермен

Којзнае на која дрога, угол гол им се појави на луѓето на чардак, проба да се бори со домаќинот и кога виде дека не ја бива работата вака, реши да ја продолжи ноќта одлетувајќи преку оградата. А може само пиел Редбул па буквално го сфатил она дека ти дава крилца.

Огласна загатка

Дечко гледа оглас за работа на излог на еден дуќан. Бараат сметководител. Плата 35.000-40.000 фунти. Им се јавува и вика, затворајте оглас, го имам одговорот.

Ок, да научиме и што се капиосексуалци

За жал, тоа ќе мора да ви го објасни едно јако непријатно и иритантно суштество (има логика, ај ти). Елем, капиосексуалци влегуваат под чадорот „асексуалци“ и се лица кои немаат сексуална желби, ама - им се сака да имаат секс. Што? Е, што де. Од нас, јеби га, толку. 

Зезање за сите (свои) пари

Платформата на која требало да биде објавен стенд-ап специјалот на Ендрју Шулц одбила да го стори тоа ако не искапаси неколку сцени кои ги оцениле за некоректни. Не ќе може така, си рекол Шулц и ја вложил целата своја заштеда за шоуто да биде комплетно. Ова за абортусот гарант е една од тие непосакувани заебанции.   

Драги жени, просто е

Долго време владее верување дека жените се страшно комплицирани, дека тоа е едно непрекинато мозгање и вагање како е најпаметно да се средуваат работите, односите, врските. Може да е така, ама па, не мора. Работата може да се постави многу едноставно.

Еј Џо, јеси'л шенуо?

Паметно зборeше Илон Маск кога рече дека вистинската контрола на САД ја имаат оние кои му ги пишуваат говорите на Бајден кои после тој ги чита од „идиот“. А стариот чита од „идиот“ ко идиот, без разбирање. Овојпат ја прочита дури и сугестијата „повтори ја реченицата“.

Одеднаш стана јасно што е жена

Откако падна уставната загарантираност на правото на абортус, одеднаш сите престанаа да зборуваат за „womxn“ за „цис-жени“, за „биолошки жени“. Преку ноќ на сите им стана јасно што е жена, прашање кое до вчера им беше крајно комплицирано да го одговорат. Добро, не баш на сите. Има уште збунети. Еве, на пример, оваа кукла.

Се 'оградуваме' од оваа љубов

Ерика ЛаБри стана позната кога пред некоја година се венчаше со Ајфеловата кула. Сега има нова романтична врска, со дрвена ограда. И не само романтично туку и физички е привлечена од неа. „Во моментов , многу физички работи се случуваат меѓу нас,“ вели Ерика. Нормално дека физички бе, сестро слатка, кога седиш на неа.

Како со CNN?

Онака како што со нив се справи Кери Лејк, некогашна новинарка a денес кандидат за гувернерка на Аризона. Ја начекаа за интервју и оваа ги изремети дека со задоволство би зборувала... за CNN+. Стримингот кој рикна за само месец дена.

Грчец трие раце

Американскиот сенатор Џон Кенеди за енергетската криза и цената на горивата. „Какво време дојде, поевтино е кокаин да купиш.“

Нема нешто што српска кафана нема видено

Ова да треба за снимање да го договориш десет дена ќе се влечеш, те газдата на тракторот, те газдата на кафаната, па дали било безбедно, па девојката не сакала да се качи, па стара машина, па не палела, па нов теписон во ресторанот...

Ок сте, и тие не го видoа од прва

Точно дека секаде можат да те опељушат и ограбат ама си викаш дека можеби си барем малку раат додека гледаш низ прозор во воз кој преминува мост. Но што ако некој да ти дојде од позади додека зјапаш? Не, на погрешна страна мислите.

Та не е саде Амбер Херд

Некој ја снимал оваа двојка на аеродром, составена од една девојка која на секој чекор прави драми и сцени и еден дечко кој се брани со молчење. Тој не е Џони Деп ама затоа таа е офтика. Спиеш ли мирно, Камила Ваксез?

Со вакви вистиномери, трудно

Сатиричниот вебсајт Бабилон Би извади заебантско видео со труден Кен (оној на Барби) и соодветен текст дека се работи за инклузивност и дека доста трудните дечки биле изопштени. Ај тоа, туку Ројтерс фати да го факт-чекира видеото и генијално утврди дека - не е точно. Замислете денес да ги имавме Монти Пајтон. Ќе читавме „вистиномери“ дека реално не постојат витези што викаат „Ни“.