Сте забележале зошто цртаните ликови на кутиите за детска храна главно гледаат надолу? За да остварат подобар контакт со децата кои минувајќи покрај рафтови главно гледаат нагоре! Маркетинг предатори утврдиле дека со ваков очен контакт, довербата кон еден бренд се зголемува за 16 % а поврзаноста со таа марка за цели 28 проценти.
Пораката до целото човештво е - затвори ја чешмата кога миеш заби. Пораката до секоја девојка е - затвори ја пастата (и ако може да не ја стискаш на средина).
Продолжуваме со непланирантие часови по маркетинг. Пред некој ден имавме како се прави генеричко видео за бренд или компанија. Сега имаме како маркетинг агенциите ви се бутаат во мозок и од таму продолжуваат накај новчаникот. "Дали рекламирањето фукнционира? Американските компании годишно трошат 170 милијарди долари на маркетинг, па тие изгледа веруваат дека функционира."
Ги има сите елементи: клучни зборови, демографии, социјални групи и скриени пораки од секое можно корпоративно или бренд видео. Затоа што добар дел од народов нема никогаш да го изгледа клипов, може да го користите како шаблон ако некогаш треба да работите на темата.
Ауди го зема Рики Џервејс за главната улога во новата кампања за Ауди А3. Проблемот со Рики Џервејс е што е бескомпромисен па или го сакаш или не го поднесуваш, плус треба да им го продадат на Американци. Ауди, поточно агенцијата Venables Bell & Partners му ја наоѓаат совршената улога и сценарио, за сето ова да изгледа совршено.
Не е нов клипот, само време е да отворите сезона со вежбање. Видеово е крајно напукано и крајно инспиративно, би требало да помогне и за највисоките форми на мрза што ги влечете од зимава.
Реклами за мастики се најредовна работа што човек може да ја види на телевизија и генерално нивната поента е речиси универзална - убав здив + убава насмевка (и одобрено од тој и тој). Ај сега до Јапонија.
По правило јапонските реклами човек не може да ги предвиди. Оваа реклама е доследна на правилото. Инаку е за кредитни картички, а коментарот на крај е: "Зависи од тоа како ја користите главата; зависи од тоа како ја користите картичката."
Кај нас не е ладно колку во Канада а и тешко дека ќе се најдат доволно раце за да направи електрично коло. Не за друго, секогаш ќе сака некој цигара да запали. Но, потегот и поентата на рекламата, одлични.
"Идеолошки" е сличен на спотот на Проктер и Гембл за мајките на Параолимпијците, само што овој наместо мајки ги има луѓето што ќе се појават на Параолимпијадата во Сочи. Поентата е: "Параолимпијците не одат на Игрите затоа што сакаат да покажаат нешто во врска со својот хендикеп, тие одат затоа што сакаат да освојат медал. И ова често се заборава кога се овие Игри во прашање."
Елегантен, минимален и руски. Се вика Јотафон, тера на Андроид и меѓу другото има уникатна способност, кога ќе ја цицнете батеријата, го вртите на другата страна.
На 48-от Супер Боул имаше вкупно 58 реклами (колку што ние можевме да собереме). Сме кажале ама да потсетиме, спот од 30 секунди чинеше 4 милиони долари. Ги собравме сите и ги поделивме во категории. Изволте.
Земаш кутре, коњ и фарма. На сето ова му додаваш некоја од оние нежните музики и добиваш фантастична реклама што ќе се обиде да завладее со Супер Боул.
Волво прави реклама за XC-70 автомобилот, на која главна тема е "Произведено во Шведска." Соодветно на ова главен лик во рекламата е Златан Ибрахимовиќ, роден Швеѓанец, од Малме.
Ова е еден од оние "како на мене не ми текна" моменти. Светиот грал на видео рекламите, генијално видео кое чини помалку од еден ручек, а спектакуларно ќе ја постигне поентата и сите ќе го зборат.
Во Конго постои и одлично функционира супкултурата на Сапери (Society of Elegant Persons of the Congo), составена од обични луѓе, работници, мажи и жени, кои уживаат да бидат елегантни. Гинис (пивото) знае како да го искористи тоа.
Прашањето е како звучат вкусовите. Одговорот е спектакуларен. За да се направи видеото биле употребени неколку тони бибер, црвен пипер, кардамон, куркума, ѓумбир, кумин и слични додатоци. Инаку видеото е реклама за еден бренд за зачини и тревки.
Затоа што им е јасно дека уште ја памтите "Една е мајка" рекламата за Олимпијадата во Лондон 2012-та, Проктер и Гембл не ги заборавија мајките ниту за Сочи 2014-та. Без разлика што ќе ви се случи до крајот на видеото, немајте гајле подеднакво сте мажи како и на почетокот.
За една реклама трајно да те престраши не мора да има само ужасии и крвишта, некогаш и погоден дијалог ќе заврши добра работа. Видеото е дел од кампањата во Нов Зеланд против пребрзо возење.