Реклами

Среќни Фотошоп празници

До сега научивме дека се додека знаеш Фотошоп која било просечно убава девојка можеш да ја направиш кукла. Веќе сме во фаза - просечно убава девојка е стара фора.

Добриот грав далеку се слуша

Еве заедно да размислуваме каде би ситуирале дејствие на една реклама за конзерва грав: лифт, важен деловен состанок, важен љубовен состанок, напната тишина пред драматична циркуска точка, родителска средба, погреб, кино претстава... Не, не, размислувајте надвор од кутијата планетата. 

Формулата за правење реклaми за автомобили

Во зборовите на самиот автор: "Автомобилот ви гарантира дека ќе ве однесе од точка А до точка Б... Најголемиот дел од времето." Инаку се гледа дека на човекот му е зорт да го продаде Нисанот, и второ се гледа дека го знае рецептот како да прави реклами за автомобили.

Мажи vs. жени

Истиот човек, истата позиција, истите дела. Единствена разлика што се машко и женско.

Реклама од нехистеричните времиња

Дете, само во продавница (денес ретко, ради педофили и други стравови). Има телефон да се јави (тоа ок). Се јавува дома (тешко). За да праша што беше најважно да купи, без што тоа тато не може да се дочека за ручек (тачдаун!).

Поглед кој запира

Легендата вели дека маж не може да го пушти во писоар ако некој зјапа во него. Посебно ако зјапа згодна женска. А легендите некогаш треба да се проверат. п.с. дечкото што пушти раце е срцка.

А не сакате да не кликнете на повеќе

Ако кликнете на повеќе, ќе изгледате видео кое ќе ви покаже како лошо можете да завршите ако не кликнете на повеќе. Шала, шала, се работи за фе-но-ме-нал-на! серија реклами за еден тв оператор.

Инженерка на тато

Шармантна субверзија во стереотипизираниот свет на детските играчки. Реклама родена во свет во кој само 11 проценти од инженерите се жени.

Ван Дам уште е заебан

Како да демонстрираш колку ти се добри новите камиони што ги правиш? Зошто да не го земеш Ван Дам и да го натераш да направи шпага на два камиони што возат во рикверц. Како?

Како се дизајнираат патиките на Најк

Како се прават патиктие на Леброн Џејмс, на Кевин Дурант и Коби Брајант. Цртачите на патики на Најк.

Јапонецот друго гледа

Збирка многу исчашени видео реклами од Јапонија. Постојат две можни објаснувања: или нивната семка е дојдена на планетава од некоја друга вселена или... Фукушима. 

Лего семејна бајка

Уште пред да почне Божиќната сезона Лего распали со ретко добра приказна за татко и син на која сериозно многу родители нема да можат да и одолеат.

Реклама за луѓето што прават реклами

Луѓето од адвертајзинг индустријата гледаат 1,7 пати повеќе порно отколку остатокот од луѓето, пијат 9 пати повеќе бурбон од просечниот човек и 1,6 пати почесто го гасат тонот на рекламите. Има уште.

Гаќа интакта

Просто зачудува со каква сериозност можат да рекламираат крајно глупи производи. Значи вака: гаќи против силување, ок?

Вулканот од цвеќе на Сони

За промоција на 4К телевизорите, Сони лансираше 8 милиони листови од цвеќе од вулкан. 8-те милиони листови ги симболизираат 8-те милиони пиксели што ги имаат 4К телевизорите на Сони - четири пати повеќе од FULL HD 1080p.

МИЛФ-иците го возвраќаат ударот

Реклама за сајт за лични контакти за "кугар-ки," возрасни жени што сакаат млади момци (25 - 30 години). За сè им го плесна на младите. " - Ти си компјутерски гик. - Ти душо заработуваш од диплење џемпери."

Леброн со цело Мајами

Ако тргнеме од тоа дека целава идеја му е украдена на Роки (кој како грев трчаше на многу постудено, без океан за бањање), видеово пак е добро.

Милка сака да бидете пријатели

Загрижена дека технологијата ги разделува луѓето, Милка направи технологија која ги тера луѓето да соработуваат меѓу себе, или барем да си пружат рака со непознат додека да добијат гратис чоколадо.

Песни без музика

Некаква кампања за шпанска музичка телевизија, за тоа колку е важна музиката кај песните. Ѕирнете ги клиповите, ако не за нешто друго да видите како шупливо изгледа сето тоа без нешто да ѕенѕа во позадина.

Разликата меѓу Гугл фајбер и броудбенд интернет

Годинава Прово стана еден од градовите во САД кој ќе добие интернет од Гугл (брзина 1000 мегабити во секунда). Еве како градските власти им објаснија на своите граѓани што значи ова. П.С. Ние уште сме на цревото.

Искреното во рекламата (Chipotle)

Чипотле е ланец на ресторани за мексиканска храна кој деновиве објави една срцепарателна реклама за страшилото (човек) кое по долги години работа за бездушна корпорација што ги малтретира животните и ви продава ужасна храна, решава да отвори сопствен ресторан во кој целата храна тој ја одгледува. Сега, Funny or Die направи искрена верзија.

Симфонија на Жилет

Пред некое време ова го направи Најк со баскети, па после и секакви топки, сега Жилет реши да компонира со тегови и слични фитнес справи. Одлично.

Започни нешто ново

Не е дека не вреди да се бориш за старото, ама некогаш се исплати да почнеш и нешто ново. Исто трошиш енергија, а сешто може да се случи. Без разлика колку си стар.

Реклама за сите пари

Видеото е комплетно лудило, веројатно не толку во делот како да се сними (иако и тоа изгледа прилично комплицирано), туку во делот како од празен лист хартија се развива идеја која изгледа вака. Видеово е снимано 6 дена на локации во Данска, Германија, Чешка и Романија, и тоа за време на некои од најголемите поплави во Европа.