Реклами

Да се зажелиш за гласање

Потеклото на видеово е крајно официјално, направено е по нарачка на германскиот синдикат на работници во металската индустрија. Самиот клип е веројатно најдобриот пример како да направиш видео за гласање на избори на кое луѓе ќе му посветат внимание.

Како се калеше каталогот за долна облека

AdoreMe е стартап кој има собрани инвестиции од околу 8 милиони долари, и главна цел му е да и конкурира на Викторијас Сикрет. Ете, сега алибито ви е дека од чиста бизнис радозналост ќе го изгледате снимањето на нивниот каталог за да процените дали и колку тој ќе им помогне во остварувањето на нивната бизнис визија.

Другарство е кога...

Сите играте баскет за да имате оправдание од дома за сите заедно да одите на пиво? Не баш. Они имаат посилна поента и далеку поубаво прераскажано.

Скопско удри на мажи

Добро е кога пивата ќе се отворат со реклами. Па откако Даб ги наполни видеата со жени, Скопско реши да сврти на мажи и тоа мажи што би се бореле за своето пиво.

Во земјата на ФК Барселона

Отприлика секој фан на Барселона вака си го замислува рајот. Место во кое Меси предава модерни танци, Пике работи на царина, девојки на улица разговараат за тики-така, Иниеста прави графити со фудбал, а навечер цел остров се собира на Ноу Камп за да ги гледа овие како се фатиле да играат фудбал.

Ако можеш, пробај повеќе

Откако ќе стигнеш до таму до каде што можеш, одма продолжи на идното, на повисокото, на што и да е, само да е поголем предизвик од тоа што си го минал до сега. Барем Најк така вика.

Кока-кола сака да живеете како дедо ви

Како му изгледал денот на дедо ви, од станување до враќање од работа, како ви изгледа на вас. Скромно и на велосипед.

Претсмртните желби на 4-годишно дете

Нкаитол живее во село во Кенија, има 4 години и се надева дека еден ден ќе биде Масаи воин. Шансите дека Нкаитол нема да го дочека својот 5-ти роденден (на ниво на држава) се 1 спрема 5. Ова е неговата "bucket" листа.

Болките на станување татко

Не се болките инстантни, туку доаѓаат некоја година подоцна и неизбежно ќе ве стигнат. Барем така сметаат од Дурекс, ама нудат и решение.

Посолено од Вернер Херцог

Што има ново со прочуениот германски режисер Вернер Херцог? Има ново, само што не е продолжение на Носферату туку нудење сол. Во проект на Кикстартер, Херцог решил да му помогне на пријател за да ја рашири дистрибуцијата на својата сол со органски зачини. Кој заради фетиш кон храната, кој заради гласот на Херцог, кликајте плеј.

Jackass: Bad Grandpa

Трејлер за новиот Џекес и новиот Џони Ноксвил, или замислете филм со човек што е половина Џони Ноксвил, половина Борат.

Звукот на Хонда

Хонда прави римејк на возењето на Аиртон Сена на патеката Сузука во 1989-та. Целиот римејк е со звучници и светло, по должина на целата патека.

Маркетинг менструација

Не сме најупатени во оваа проблематика, ама, мора да постои подобар начин да се рекламираат женски тампони. Еве не знам.

За чифт Адидас патики

Адидас отвора нова продавница за патиките на Дерек Роуз во Лондон. Го има само најновиот модел и секој пар е бесплатен. Секој што ќе влезе може од полица да земе само по еден пар. Цаката е што полицата е на висина на професионален кош - 3 метри. Кој дофати, зема.

Кое од овие видеа ќе добие Еми за најдобра реклама

Најк, Гугл, Греј Пупон и Канон, се четирите брендови што завршија на списокот со номинации за Еми за најдобра реклама. Прогласувањето на победниците е во септември.

2013-та, полугодишен извештај

The Mill се глобална фирма за визуелни ефекти, полна со луѓе кои сериозно ги бива со камера, ефекти и компјутери. Еве годинава што имаат сработено.

Ок, на дечково му текнува

Реклама на Пошта на Норвешка. Еден куп пакети и еден куп љубов. Поштари и не така многу.

Боите на Сони

Сони вади нов телевизор и инстантно ја користи шансата да фати повторно да си игра со бои. Не се топчиња низ Сан Франциско или конец низ Египет. Овој пат се во студио со многу канти боја. (+ снимањето на спотот)

Добар како Смарт на оф-роуд

Некогаш една реченица ти ја прави целата реклама. Поентата на Смарт во рекламава е еден од најдобрите примери за ова.

Кога ние би биле другите

А што ако се е обратно, а што ако животот се живее под екваторот, а што ако белата раса не беше таа што ги ужива сите мераци на планетава, а што ако ние бевме тие што сите ги гледаат како напаст, беда и сиромаштија.

Види ги ти прилепчани

Јебеш ти држава ако нема барем две пива кои безмилосно се тепаат на пазарот. Оваа стара мудрост во последно време махерски ја разбиваат прилепчаните од Даб. Она на јахтата така- така, латиницата на новата етикета не ни е баш по ќеиф ама последниов спот - пасент. Изработиле дечките од Футура 2/2 а спотот режисерски "мириса" на Ангел, еден наш супер дечко кој работи во Бугарија.

Да видат оние што треба да видат

Стара финта употребена во најдобра намера. Рекламен билборд за кампања против злоупотреба на деца. Изгледот и пораката на билбордот зависи од која височина го гледате. Вистинската порака треба да стигне до деца до 10 годишна возраст.

Јагне на две тркала

Брилијантна реклама, за страшните моторџии и нивната досега успешно криена нежна и мајчинска страна.

Сè што мразите за рекламите во едно видео

Приказна за девојките од магичната земја Еппдонија. Земја во која сите јадат јогурти, играат, имаат бели заби, блескаво светли домови и во која сите успеваат да ослабат.