Реклами

Врати од факултет

Прво го вративме во студентските денови кога се преждерувал во менза, сега одиме уште еден чекор назад: Џим Морисон, во промотивно видео за универзитетот од неговата родна Флорида. Јунец!

Порака од вашиот провајдер

Како треба да изгледа реклама за компанија која нуди одличен, брз, супер- хипер брз интернет со гратиси од милијарди мега, плус неверојатно квалитетни тв канали по најниска цена а поддршка за корисници 24/7.... кога рекламата би требало да е искрена. Фак ју!

Пријателите се познаваат пред лихварите

Другар ти се јавува во 3 часот наутро затоа што му требаат 300 евра, бидејќи изгубил на покер и мора парите одма да им ги даде на лихвари. Дали ќе помогнеш?

Игра на троновите 3. сезона

Со посебно задоволство ви го прикажуваме првиот трејлер од третата сезона на Игра на троновите. Би требало да ве држи до премиерата на 31. март.

А сега мафни и на камерата

До сите смислувачи на скриени камери или рекламни кампањи, како што е овде случајот: тоа што на жртвите на крај ќе им кажете дека сте се шалеле, не значи дека не сте им го скратиле животот.

Гадлив на вода

Чудесен материјал кој целосно одбива секаква течност од себе. Прашања од немирниот ум: што ако обложиш чамец? Лажица за супа?

Штики за хигиена у граду

Штики е едно пријателче кое треба да го имате и дома и крај себе. Да бидеме искрени, на Штики "му лепи рачето" ама токму затоа можеби ќе ви се допадне. Плус, луѓето се потрудиле видеото да го направат забавно и поразлично од останатите Топ Шоп реклами.

Сите реклами од Супер Боул 2013

Годинава го немаа Клинт Иствуд, ама затоа имаа фармер кој требаше да ја инспирира Америка, Бадвајзер удри на емоции, Тако Бел собра банда старци што сакаат да се журкаат, а Киа ја откри планетата од каде што доаѓаат сите бебиња (и животни и луѓе). Само за потсетување емитувањето на една реклама од 30 секунди, за време на Супер Боул чини 4 милиони долари.

Рекламите на Хумо

HUMO е белгиски сатиричен магазин. Често дава кондоми со списанието и прави некоректни и одлични реклами.

Инстант драма на копче

Во зависност од тоа во каква врска сте, така варира и количината на драма што ја имате во животот. За тие што им треба малку повеќе драма, TNT сними уште една спектакуларна реклама за нивната телевизија, овој пат за Холандија. За потсетување, TNT бе истите оние што пред некоја година направија цела акциона сцена на еден плоштад во Белгија. Овој пат се уште подобри.

Скијачки изум

Намерата е добра, за изумот не сме сигурни дали ќе функционира ама инвенторот, да е паметен, ќе му ја препушти презентацијата на некој кој има барем ронка харизма.

Така говореше Ленс

"Ова е мое тело, можам со него да правам што сакам," вели Ленс Армстронг. И ние сега добро знаеме дека е така. Само што во 2001-ва, за реклама на Најк, смислата била поинаква. Морничаво е колку убедливо можат да звучат лагите. 

Никогаш не одбивај Панда!

Можете да замислите колку лошо, колку долго време лошо одела продажбата на оваа серија млечни производи што газдите решиле дека убедувањe "со убаво" веќе не помага?

Босно моја!

Иако неупатените би можеле да помислат "кој ова може да си замисли?" ви тврдиме дека ова е нај- нај-најјаката реклама произлезена од овие региони. Босна, Лото и.... ќе видите!

Посвојте дете

Не мора да сте идеален човек за да бидете идеален родител. Убер шармантна реклама на тема посвојување.

30 секунди цицки против рак на дојка

Кампањите за борба против ракот на дојката досега главно се потпирале на шокирање заради подигнување на свесноста за проблемот (груби оперативни резови, уништена самодоверба кај жените...). Една чилеанска рекламна агенција проблемот го адресира од сосема поинаков агол: што мажите губат?

Момент на вистината

Без разлика кој си, што си и што ти се паѓа, глупо е да се преценуваш и да мислиш дека стварно знаеш што мисли малиот додека блажено те гледа.

Вујко Дру, двојката

Далечниот март 2012-та, го имавме првиот настап на вујко Дру (а.к.а. Кајри Ирвинг, првиот пик на НБА драфтот 2011-та). Сега Дру оди да сврти уште една партија баскет, ама го зема и другар му Вес (Кевин Лав од Тимбервулфс). Плус, Бил Расел.

Порака од старите

Кога би правеле реклама за избори и кога Партијата на пензионерите би ни била клиент, ова е рекламата што би ја гледале. Сепак, овој пат рекламата е дело на Мајкл Мур.

Пронајди го Џејмс Бонд во себе

Да ја правеа оваа наградна игра кај нас задачата ќе беше - подигни извод од матично од прв пат. Соработка на Кока-кола и Бонд, која ќе ве изнатрча за пар влезници за Бонд (ама се исплати).

Хјундаи, забрането

Забранетата реклама за Хјундаи Велостер. Оно, има логика, ама, кој купува нешто заради логика?

Чекајќи го новото

Точно на време за сезоната чекање редови пред Епл, Самсунг со продолжение на својот сеир за предностите на Галакси С3 во однос на Ајфон. Плус, дополнително ругање од типот – "телефон за стари," "го мрднаа влезот за слушалки," и "може ќе ти треба нов адаптер, ама па прават одлични адаптери."

Најљутиот винар на интернет

Информации за вино за мажи, без тие "нота на ..." или "жичка на ..." и фала богу не предлага кафе со виното. Плус, некако страв да те фати ако не купиш од кај него.

Автобусот!

За да ви биде појасно колку ние како држава премногу серизоно се сфаќаме себе си, една реклама од Данска по повод воведувањето на новите автобуси во Копенгахген.