Реклами

Axe лекции по масирање

Во Axe знаат дека најдобар начин да му продадеш нешто на маж е да споиш две жени, па макар и да треба да ги гледа како се масираат.

Потеклото на фризурите

Господ ќе не казни што објавуваме видео клип од Плејбој во кој нема ниедна женска туку има неколку машки тимби. Ама, стварно добро е.

Пушачите се срцки

Ова е една добра анти пушачка реклама (во никотинска смисла, не во смисла на партиско пушење за за подобри позиции на локалните избори), ама ние ја пуштаме заради една друга нејзина димензија: да видите колку пушачите се добродушни и благородни луѓе.

Ајфон 5-та што нема да ја видиме

Новиот модел е дебел колку екранот на четворката, целосно е проѕирен, доаѓа само во црна верзија и никогаш нема да се произведува. Најинтересно околу концептот за Ајфон 5 и видеото, е што негов автор е 17-годишен дечко.

Една е мајка

Внимателно со клипов бидејќи до крајот на видеото нешто може да ви скокне од тастатура и да ве удри директно во око, па да почнете да солзите. Или некој баш тогаш да фати да чисти кромид. Или некоја мушичка да ви влезе во око.

Мажите знаат

Животната дилема на секој женет маж - Дали одеднаш да ги качи сите кеси од супермаркет, или да се враќа на два пати.

Тренинг спот за хумор на своја сметка

Тоа што мислиме дека милион евра за ограда на мост е ретко глуп потег, не значи дека ќе си ја стегаме душата да споделиме дека "туристичкиот серијал" ни е баш ок. Оние со Словенецот кој го глуми Стив Ирвин така - така, ама онаа со тренинг центарот е тотално по наш ќеиф. Затоа што способноста да се зезаш на своја сметка е основа на секој здрав хумор, особено националниот. И заради Мони Дамевски кој е маестралeн во спотот.

Вујко Дру

Го земаш првиот пик на драфтот 2011-та и дебитант на годината во НБА, Кајри Ирвинг, го маскираш во старец што мрчи (дека на дечурланава им биле важни само патиките и слично) и им го пушташ на некои маалски додека играат баскет. А сето ова го снимаш под алиби дека правиш документарец за некој друг маалски играч (Кевин - внукот).

Враќање во иднината

Најк го пушти 2-от дел од видеото "Write the future." Точно е дека рекламите немаат втор дел, ама како и кецот, и ова е филм. Многу повеќе луѓе, многу повеќе фудбал, малку ЛеБрон Џејмс и Роналдо во куса маичка.

Паркур вотка

Каква врска има паркур со вотката? Ама баш никаква. И тоа е поентата. Максимално добро искористена неспоивост.

Пицата што сакате да не ја сакате

Аплауз за Пица Хат, што успеаа да се надминат себе си и да го состават најодвратното брилијантно нешто на светот. Многу поделени чувства околу ова.

Проблемот да се биде Мајкл Џордан

6 шампионски титули, 5 пати ЕмВиПи на лигата, 14 пати ОлСтар играч, 32.292 кошеви, 6,672 скока, 5.633 асистенции во НБА и ништо од тоа нема врска со тебе.

Кога фудбалот е многу фудбал

Како што нашите телевизии со тек на годините успеаа да не куртулат од маки како гледање бокс, хокеј, скијање, европска кошарка, НБА, така кај да е ќе не спасат и од фудбал (германско го прежаливме одамна, англиско кај да е). Да не беше така, сега и ние вака ќе требаше да се нервираме за премногу фудбал на ТВ.

Цвеќарата на Милошевиќ

Дали Милошевиќ денес ќе продаваше цвеќе а Пол Пот ќе беше мирен кројач? Само сонувајте, диктаторите не престануваат сами од себе да бидат диктатори, порачуваат луѓето кои сакаат Омар Ал Башир да одговара за злосторствата во Дарфур.

Ти треба, ти треба

За да го изгледате клипов без да се напињате што зборат Французиве, ви треба само информација дека рекламата е за Тик-так.

Кога Дејвид Линч прави реклама

Федерико Фелини, Ридли Скот, Спајк Џонз... долга е листата на угледни филмски режисери кои се пробале во светот на ТВ адевртајзингот. Овојпат го одбираме Дејвид Линч затоа што е лесно во неговите реклами да се најде она што ги поврзува: лудило.

Саша Греј има поента

Девојката нема проблем со правата (нив ги има), туку со платата. И тоа не со нејзината, туку со вашата.

Туристички Оскар

На Саемот за туризам во Берлин се одржа Туристичкиот Оскар, на кој се натпреваруваа 92 промо филмови од 28 држави. Победи филмот за Алберта, Канада - Не заборавај да дишеш. Од Балканот, единствено Хрватите освоија награда, за најдобра музика за промо видеото "Ода на радоста."

Тронови се ближат

Таман ако сте помислиле дека ама ич не ви е гајле кога ќе почне "Game of Тhrones," еве трејлер од втората сезона кој комплетно ќе ве разубеди. Блазе тие што уште ја немаат гледано ни првата сезона, имаат цели 10 епизоди за уживање.

Беше еднаш во Милано

Мерак е кога сакаш лоши италијански акции од 70-ти, а имаш доволно пари да ги собереш Гатузо, Снајдер, Матераци и Коби Брајант, а Кастелари да ти го режира видеото.