Разно

Емпатија по фаца се познава

Правење фаци со парламент секогаш е лоша идеја а Борис Џонсон не можеше да избере попогрешен момент за тоа. Го фатија како се измотава додека пратеникот Риши Сунак зборуваше за луѓето и децата во Украина кои се кријат по скривници и подруми.

Берни Сандерс: Кога веќе зборуваме за олигарси...

„Секој што мисли дека немаме олигархија во нашата држава е во длабока заблуда. Во нашата држава имале двајца луѓе кои поседуваат повеќе од најсиромашните 40% од населението,“ меѓу другото ќе порача Сандер на говорницата во Конгресот.

Како Веља Илиќ ќе ја спасувал Србија во Вашингтон

За време на најофицијални преговори сред Вашингтон, во Белата куќа, за прекинување на НАТО бомбардирањето на Србија, Веља Илиќ се издвоил од преговарачкиот тим подготвен да ја положи својата жртва за доброто на земјата. Над ваквиот план натежнале и сериозни опасности во случај тој да не успее „па да ми опет добијемо по тамбури од стране НАТО-а“

Јас не сменив политика, политиката смени политика

Бил Мар е еден од оние кого знаат да го критикуваат дека ги сменил своите политички ставови, главно од луѓе кои се прават слепи па не гледаат колку во меѓувреме се испретумбаа кординатите за тоа што е лево, а што десно. „Слободата на говорот некогаш беше класична левичарска тема, сега токму таа е под напад“, вели тој. 

Џе је ба Јемен?

Драган Маринковиќ баш и не трза на актуелната фокусираност на војната во Украина при што се заборава на сè друго, како во времето на короната, кога не беше битно кој и колку умреле од срце, од рак...

Од вакви се хранат војните

Некои во Украина баш својски се трудат да ги потврдат сите точки на „руската пропаганда“. Новинар на украинска телевизија се повика на Адолф Ајхман и јавно побара да се сотрат руските деца.

Поранешен агент на ЦИА зборува за Украина и Путин

Меѓу другото, Мајк Бејкер, објаснува дека Американците имаат проблем да најдат некој близок на Путин со кој можат да работат. А како ги наоѓаат такви? Па лесно, главно со добро, ќе гледаш да му помогнеш на некого „чие дете има здравствени проблеми, или ќе му го запишеш детето на факултет во странство...“. Исто така, нема поранешен агент на ЦИА.

Вест на која ти доаѓа да се прекрстиш

Бил Клинтон и Џорџ Дуплове Буш отидоа во црква. Не да се покајат или замонашат за сите сторени гревови, туку да изразат солидарност со украинскиот народ. Избави нè Боже од лоши мисли, пцости и мами мамини. 

Кого тоа го изненади војната?

„Нашата цена за во НАТО ќе биде голема војна со Русија“, одамна предвиде влијателниот советник на Зеленски за кого другата опција за Украина е за 10-12 години да биде апсорбирана од Русија. - И што е подобро? - го прашува новинарката. „Се разбира, голема војна со Русија која ќе резултира со наше членство во НАТО откако Русија ќе биде поразена“, ладнокрвно советува Олексеј Арестович.

Проблемот со меинстрим медиумите

Најголемите американски медиуми ревизирани не според идеологијата, туку според содржината на вестите, третманот на информацијата и односот кон публиката што одбрала нив да ги гледа. Нивната борба е на секој начин да го привлечат вашето внимание и да го задржат цело време, и во таа борба не се бира како. Затоа таков е исходот.

Воен пилот за резилот на НАТО

Во Хрватска се изведоа воени авио вежби над неколку градови и ок, такво е времето. Само што тоа се случи откако во Загреб падна беспилотно летало кое претходно незабележано помина 900 километри НАТО територии (Унгарија, Романија, Хрватска). После таков блам, барем година дена не треба да летаат и да се чаламат, вели пензионираниот воен пилот Иван Селак.

Земјотресот во Фукушима и на камера изгледа страотно

Фукушима вчера ја погодија два земјотреса, едниот 6,4, другиот 7,3 степени. Заради ударите 2 милиони народ останаа без струја, а Фукушима објави тревога од цунами. Претходниот земјотресот и цунами што ја предизвикаа нуклеарната катастрофа во Фукушима се случија на 11 март 2011 и беше 9 степени.

Во Кина веќе се учи историјата на војната во Украина, и се вадат поуки

Заклучокот што кинеските основци го вадат од историјата на Украина (а од кој цел свет треба слободно да се стресе) е: „Потпирање на самите себе! Ние мораме напорно да учиме. Да ја изградиме татковината. Да ја одбраниме татковината.“

Што мислат младите за Путин

20-тина минути муабети со млади, убави и паметни дечки и девојки од Русија за тоа дали е Путин најјак, најголем, најзгоден. Нит нешто го подржуваат нит па се многу-многу опседнати со него, тоа е некој кој го гледаат само на телевизија и е таму кај што е, откако знаат за себе. Занимливо е што никој ни во фантазии не би сакал да биде претседател на Русија (еден вика, на некоја помалку комплицирана земја- да), освен....

Минути за хорот „Распеани медиуми“

Некој злонамерник кој не верува дека големиот медиумски мозаик е составен само од слободни, мислечки и независни медиуми (како може да има такви луѓе, бе?) го има скоцкано ова видео со хармонична повеќегласност и симфониска уиграност. Да слушнеме.   

Во име на животот, се прави мртва

Во светот на растенијата постојат апсолутно фасцинантни трикови со кои тие нашле начин како да се размножат. За таа цел, оваа печурка се прави мртва. И изгледа мртва и мириса мртва. А кај е нешто гадно, ете ти ги мувите. 

Не краставичка во сендвич, туку обратно

Сендвичара од Њу Џерси каде прават сендвичи ВО кисела краставици. Крастивиците ја има улогата на лепчињата, откако ќе им ги извадат семките кои и онака се за нигде. Ова да стане пошироко популарно, одма ќе се најдат ликови кои ќе запомагаат дека се подуени бидејќи биле интолерантни на краставица.

Мекдоналдс не го даваме

Викендов руски пијанист се врза самиот себе со лисици за влезот на еден московски Мекдоналдс во надеж дека така ќе го спречи заминувањето на ланецот за брза храна. Се работи за пијанистот Лука Сафронов (отприлика 270 кг.) кој може многу нешто да постигне со врзување за работи, меѓутоа не и оваа.

НАТО според француски зборови

Овој што зборува е пензионираниот француски генерал и воен теоретичар, Винсент Деспорте. И неговите проблеми со НАТО почнуваат од тоа што не го испочитувале дадениот збор и да се распадне заедно со СССР, до тоа дека цела организација зависи од САД, а САД е озоголасен по напуштање на своите партнери.

Човекот е на чекор да биде хакнат

Големите корпорации денес се на пат да го комплетираат она што било влажен сон на сите злотвори, од Гестапо, преку КГБ до НСА: доволно знаење од биологија, информации и податоци за човекот, како и потребна компјутерска моќ, за тој веќе да не е „загадочно“ суштество на кое крај не можеш да му фатиш. Предупредува Јувал Харари.

Летаа шамари за лицемерието во Европскиот парламент

Како кога сите беа насекирани за Навални а таа ги потсети на Асанж, ирската парламентарка од Даблин, Клер Дали, сега ги потсети колегите на Авганистан. Зошто пет милиони кои се соочуваат со смрт од глад и невидениот пораст на продадени деца се наважни? Затоа што таа земја реши да ја пљачка американски, а не руски деспот?

Лабораториски пример за политички говор

Викторија Нуланд: Да, знаеме за био-лабораториите во Украина ама тие се за чисто истражувачки и научни цели.
Исто Нуланд: Недајбоже да паднат во руски раце!
 

Хрватски евро-парламентарец за крЕУкодилските солзи

„Германија и други членки на ЕУ, само во последниве 12 дена од Русија купиле нафта и гас во вредност од 10 милијарди евра. Престанете со лицемерието да ја финансирате војната додека лиете солзи за Украина“, порачува независниот хрватски претставник во Европскиот парламент, Мислав Колакушиќ.

Петро Порошенко: Како ќе победиме во војната?

„Ние ќе ги имаме работните места и пензиите, тие ќе ги немаат. Ние ќе имаме за децата, тие ќе немаат. Нашите ученици ќе одат на школо и градинки, нивните ученици ќе чмаат по подруми. Так и само так ќе победиме“, ќе каже уште пред многу години претходникот на Зеленски, прозападниот државник Петро Порошенко.