Разно

Британска школа на новинарство

Водителот на Скај њуз во вестите го има заменикот постојан претставник на Русија во О.Н. и го бомбардира со обвинувања во очекување дека тој ќе биде беспомошен пред неговата вистина следствено на унифицираниот западен наратив дека руската позиција секако е неодбранлива. Разговорот завршува со „немаме веќе време“.

Совети за подобар сон од доктор Лавров

Ако не можете да спиете заради руско-украинската војна, ако без сон ве остава фактот дека тоа може да се случува во овој 21 век, бардот на меѓународната дипломатија, Сергеј Лавров, има неколку совети за смирување на вознемиреноста од тој тип.

Топ ган е најдобриот геј филм на сите времиња?

Тарантино има разработено цела теорија како тоа Топ ган го има најдоброто сценарио што некогаш се појавило во Холивуд, и како целиот филм се врти околу тоа дали Том Круз ќе стане геј или не. Ќе стане (според теоријата и филмот).

Про-украинската акција во Словачка за малку ќе успееше

Билборди на автопати низ Словачка беа излепени со украинско знаме во знак на поддршка на Украина во војната против Русија. Кратко по поставувањето некој комплетно ја смени наклонетоста на билбордите.

Во Москва над милион луѓе маршираа за Бесмртниот полк

Бесмртниот полк е составен од наследниците на загинатите советски војници во Втората светска војна кој веќе традиционално како дел од цивилниот сегмент од прославата на Денот на победата над фашизмот маршира на улиците низ руските градови. Последниве години организацијата на Бесмртниот полк се прошири и на други држави што учествуваа во поразот на фашизмот.

И Русија и Украина ја прославија победата над фашизмот

Сценографијата на двете прослави беше упадливо различна, ама крајната порака беше копи/пејст. Ветувањето и на Путин и на Зеленски е дека победиле тогаш, и дека ќе победат и сега, ко па да може да има некоја вистинска победа.

Кога глумецот Зеленски се уште не беше претседателот Зеленски

1 март 2014, Русија и Украина се уште се во првата војна, а Зеленски се уште е само актер. Пет години пред да стане претседател Зеленски ги повикува Јанукович и Путин да се вразумат и да ја решат ситуацијата без повеќе жртви. Во ова време се случуваат две работи: Русија почнува со анектирање на Крим, а Украина го укинува законот со кој рускиот јазик беше прифатен за регионален.

Како умираа мобилните

Истиот месец кога излегува првата верзија на Ајфон, Нокиа држи 35,5 проценти од глобалниот пазар на мобилни телефони. За денес знаете како е. Ретроспекитва на пазарот на мобилни од 1990-те до крајот на 2021.

Расмус Палудан сепак запали Куран, на бегање

Данскиот политичар кој изминативе недели испровоцира немири во Шведска, за момент успеа да запали Куран во градот Упсала, пред да почне многу да му се брза да си оди од таму.

Пресудата по оградата се познава

Вон секоја пракса, правило и стандард, деновиве до американската јавност беше протечен драфтот од одлуката на Врховниот суд со која дополнително се ограничува правото на абортус во САД. Пресудата по правило требаше да биде објавена во јуни или јули годинава. Обезбедувањето на Врховниот суд реагираше во склад со одлуката.

Многу важна лекција по готвење, а многу проста

За вкус треба сол и треба зејтин. Не треба кофа зејтин и пакет сол, ама пак треба да има повеќе од тоа „три капки, пет капки“, и има кога се става. Плус уште неколку финти.

 

Зошто нема чипови објаснето од ЦЕО-то на Куалком

Основната причина што и претходи на денешната криза на чипови е од пред војната и пандемијата и се должи на тоа што денес сè има чипови и тоа многу „модел на автомобил што излегува на денешен ден има 10 пати повеќе чипови од неговиот претходник, а следниот модел ќе има 10 пати повеќе од него.“

А каде се 33-те милијарди долари за Филаделфија или Детроит?

На раб да ја повикаат Русија да почне да бомбардира американски градови за американската влада да почне да им обрнува внимание, американски даночни обврзници не се пресреќни од тоа што од буџетот ќе се исплаќаат 33 милијарди долари за војна на 5.000 милји од нив.

Јадовите на Слобо и Марко

Во најјаките години кога едниот го тресе Балканот а другиот го мислат дека ја поседува цела Србија (сосе криминалци), Слобо и Марко Милошевиќ имаат сериозни идеолошки разидувања на тема - дали Марко е клемпав и што околу тоа.

Тие барем имаат бројки

Британците знаат дека по две години карантини сега имаат криза на ментално здравје, деца што треба да го научат материјалот што го пропуштиле на училиште, 6 милиони луѓе со најразлични болести кои не добиле третман/терапија, пациенти со рак кои умреле за време на карантините и останати ставки на колективна штета предизвикана од мерките. Кај нас по две години карантини, да сме живи и здрави.

Зошто мораше да ни го одмилат и Дискавери?

Погледнете го трејлерот на Дискавери плус (чија медиумска компанија од скоро го контролира СНН, ХБО и Ворнер Брос) за новата серија „Teen Drag“ која следи петмина тинејџери во нивната „потрага по идентитетот“. Накратко, отворено сексуализирање тинејџери и нормализирање на нивното транзитирање од еден во друг род (нешто за што подоцна масовно се каат).

САД имаат „министерка за вистина“ и сакаме да ја слушнете

Администрацијата на Бајден формираше нов борд за борба против дезинформации, чие име  прецизно ја опишува неговата функција. Disinformation Governance Board, тоест Борд за управување со дезинформации (хау кјут!). На чело на бордот е поставена Нина Јанкович која реши да ѝ се претстави на пошироката јавност со песна.

Потта во јажето

„Да земеш јаже и да се обесиш“ е една од оние готови формулации кон кои знаеме често да прибегнеме во пригодни згодни/незгодни ситуации. Некој од овие маченици би те дигнал на клоци да те чуе така лесно и немарно да го ставаш во уста производот кои ним душа им има извадено. 

Патетични бебиња, пораснете

Бил Мар и Пирс Морган убедливо ја зашамараа културата во која секој од нешто е навреден, па се прави жртва, па на сите работи треба да стои предупредување дека нешто може да ги навреди и да им ги повреди кршливите чувства... Замислете, дисклејмер добил дури и филмот „Одвеано од виорот“.

Шазам за експлозии

Малколм Нанс беше повеќегодишен аналитичар на МСНБЦ за воени прашања. „Доста беше зборување!“ обелодени пред некое време и се придружи на украинските воени сили. Само да видите каков е тоа фолирант. Украина не може да изгуби со експерти од ваков калибар на нејзина страна.

Подземната железница во Гуангџоу

Градот има меѓу 16,5 и 18,5 милиони жители, и за нив имаат изградено метро со 16 линии (плус три планирани), што достигнува брзина од 160 километри на саат, разнесува луѓе меѓу 294 станици и изгледа како од научно-фантастичен филм.

Падот на маршал Жуков

Георги Константинович Жуков е еден од најбрилијантните воени умови и стратези од Втората светска војна под чие водство Црвената армија ги одбрани Ленинград, Сталинград и Москва, ја водеше битката за Курск, го држеше белорускиот фронт, ги протера нацистите, го освои Берлин и го прими документот за германска капитулација. Во 2022 година, украинската армија во Харков реши дека тоа не е доволно за споменик.

Барем Германецот историски се разбира кој е човек, кој не е, кој е Европеец, кој не е

Германскиот политиколог Флоренс Гауб деновиве изложи една своја (веројатно до сега потисната) теорија дека Русите иако изгледаат како Европејци, тие не се баш Европејци, па затоа ни нивната смрт не е многу европска.

И на крај верверицата го изеде желадот

Дизни објави дека го затвора студиото „Blue sky“ кое стои зад целиот серијал и се под името „Ice Age“. За одјава Блу скај објави видео што ја затвора целата приказна.