Разно

Никој не е задоволен кoлку му се цени трудот

„Како човек што помагал да се планираат државни удари - не овде, на други места - тоа знае да испадне многу работа“, му се пожали Џон Болтон на Џејк Тапер од CNN. Во меѓународната дипломатија Болтон важи за насилник. На шефот на комисијата за инспекција на хемиско оружје во Ирак му има кажано: „Знаеме каде ти живеат децата.“ Багра со дипломатски имунитет.

Мики Рурк за Том Круз: Тој е ирелевантен

Што од бокс, што од ботокс, човекот физички одамна не е истиот каков го паметиме од неговите добри денови на Девет ипол недели, Дива Орхидеја или Ангелско срце, но ментално и натаму е фајтер со куроболие пуштено на најјако. Беше кај Пирс Морган и лежерно му се насра на Том Круз кој „игра иста улога 35 години.“ 

„Луѓе со капацитет за бременост“

Ако најдеш начин да се убедиш себе дека логиката е излишна и не ти пречи да измислуваш, речиси и да нема дебата што не можеш да ја добиеш, со кого било. Многу работа врши и ако можеш од ништо да креираш дека си нападнат.

Не знаеш дали републиканци или демократи помалку го сакаат Бајден за 2024

Си-ен-ен објавува анкета според која 64% од регистирани демократи гласачи, сакаат Бајден да се откаже од втор мандат и нивната партија да има друг кандидат за претседателските избори 2024. Ако се загребе малку подлабоко во резултатите, една од најзастршувачките цифри е дека кај демографијата демократи под 30 години, оваа бројка е 94%.

Како да не прегориш после пладне

Математиката е едноставна, немој утрото да го стартуваш на кофеин, ако сакаш телото да ти е уште употребливо околу 14-15 часот. Препораката на Хуберман е да поминат најмалку 90 минути од будење пред првото кафе / чај.

Разговор меѓу вратот и сабјата

Фасцинантен разговор меѓу „два света“. Едниот го претставува палестинскиот уметник, новинар, револуционер и лидер на Отпорот, Гасан Канафани, подоцна убиен од Мосад (заедно со неговата 17 годишна внука). Другиот е некој западен Зоран Иванов, кому не му е никако јасно зошто некои народи се борат за слобода и за достоинствен живот.

Шаржер причини за полуавтоматско оружје

Што имаат заедничко Кју клукс клан, црнци и полуавтоматско оружје? Наспроти тоа што вообичаено имаат заедничко сега во прашање е регуларен спот од кампања за меѓуизбори за американскиот Конгрес.

Убер СССР

Огласот за совршен таксист би требало да е: не сака ништо да те праша, не сака ништо да ти каже, знае каде да те однесе и има ситно.

Иде глечер

Странски туристи од далечина што тие мислат дека е безбедна ја снимаат лавината што се случува од еден глечер што се топи на планините на Киргистан. Клучно: „далечина што тие мислат дека е безбедна“. Мртви нема, ама има двајца хоспитализирани.

Двете страни на Шри Ланка

Земјата комплетно се распаѓа и се распарува по сите шавови. Пренесувавме во неколку наврати како брутално изгледа тој колапс. Но, од друга стана, по некои модерни параметри на денешниот прогрес, Шри Ланка е идеал на земја која ја чува планетава.

За холандската селанска буна

„Ќе дојдат еден ден и по хрватските земјоделци. Не им давајте земјата да ви ја купат со европски пари, кои и онака вие ги давате,“ порачува холандски пратеник кој објаснува дека масовните протести се заради намерата половина фарми да бидат затворени, демек многу азот имало. А Германија, тврди пратеникот, има 140 пати поголеми вредности на азот од Холандија.

Џонатан Пај се збогуваше со Борис

„Начинот на кој тој (Борис) си замина треба да ти каже сè за него, никакво достоинство, само очај и илузии, и деспотскa наклонетост за задржување на власт без разлика на штетата за нашата држава.“ И ова е само за вовед.

Волкановски за твое добро

Волкановски ја доби и третата борба од трилогијата против Макс Холовеј  и покрај тоа што од втората рунда се бореше со скршен палец. На Волкановски работа му е да ги добива борбите, и веројатно тоа многу, многу тешко може да се ископира, ама затоа има нешто што тој смета дека секој човек во животот треба да го прави.

Џандари фатени сред инфилтрација во протести

Тргнувајќи од правилото дека не можеш да имаш квалитетни немири на протести без инфилтрирани безбедњаци, холандски полицајци вчера се обидоа истото да им го приуштат на земјоделците кои веќе десет дена протестираат низ земјата. Само беа инстатно вратени назад.

И Тесла стигнаа да чекаат ред на „бензинска“

Проблемот со алтернативните извори на енергија главно избива на површина кога тие ќе почнат дури и најмалку да се приближуваат кон тоа да бидат примарни. Па на пример до сега лаганото одење на полнење Тесла, во Калифорнија почна да се претвора во неколкучасовно чекање ред.

Џордан Питерсон за забраната од Твитер

Твитер акаунтот му е суспендиран додека не избрише твит за кој твитерскиот Кремљ оценил дека содржи омраза и ги прекршил правилата. „Точно кои правила сум ги прекршил, копилиња едни?“ прашува Питерсон и објаснува дека ако го избрише „спорниот“твит, со тоа ќе го признае обвинувањето за прекршување на правилата. Тоа нè враќа на „Кои правила, копилиња едни?“

Ај па и ние да си дочекаме

Нигериски функционер (директор на агенција за развој) лажирал и симулирал паѓање во несвест откако јако го запукале со прашања „кај се парите“? А не само за парите, ние имаме прашања и за името, идентитетот, јазикот, историјата, корените.... Има хорски да се паѓа во несвест!

Како се постигнува неподносливата кинеска беспрекорност на церемонии

Ништо комплицирано, само некој треба многу да вежба, многу да пази, многу да работи, многу да премерува и веројатно да му е јасно дека ќе го изеде црна земја ако нешто не е до милиметар под конец.

Рецепти за детски оброк од Анџелина Џоли

Земаш тарантула, ја чистиш и ја ставаш во тавче да се пржи. Па после истото го правиш на пример и со шкорпии или други пајаци. И сериозна е за ова.

На Португалија и се случија британски туристи

Бар во португалски Алгарве завршува под бараж од пластични маси и столици, кој доаѓа од група од дваесетина британски туристи, која претходно се спречкала со други гости на кафулето, па потоа продолжиле гневот да го истураат врз персоналот и обезбедувањето.

„За малку“ што не сакате да го гледате во живо

Полн патнички брод (1.976 патници) сред океанската пустелија околу Аљаска одеднаш мора да почне да прави нагли маневри невообичаени за отворено море, кога во последен момент здогледуваат дека пред нив се појавилo парче мраз отцепено од глечерот Хабард. Па како не го виделе толкаво парче од подалеку? Како што истото тоа парче во вода станува речиси невидливо.

Сте виделе ред за бензин, вакво нешто не

Изминатиов месец се случува комплетен крах на сè во Шри Ланка. Последно нешто е дека земјата остана без бензин / дизел, па сега луѓе чекаат пред бензинска по 12 часови.

И дожд ќе ви направиме

Во кинескиот град Пујанг (со некои си смешни 3,6 милиони жители) на облакодерите почнаа да се монтираат големи црева кои ќе поливаат сè под себе за да ги разладат граѓаните по горештините.

Некој стварно им фрли бомба

Од милионите интерни монолози и маалски закани до дечурлана „ќе ви фрлам бомба“, една деновиве се оствари во украински Днепро, од 54-годишен маж кој во моментот не е многу при свест. Нема загинати, само едно дете е повредено.