Разно

Тибам морето!

Добро е што летово завршува па може до следното ќе попушти заклетвата зад која во моментов цврсто стоиме: никогаш, НИКОГАШ повеќе во море! А и за када да се размисли. Just wait for it.

Вистинскиот Дуд

The Big Lebowski на благајните мина ужасно, кај критиката така-така ама затоа стана убер култен филм за секој кој држи или посакува доза залудност во своите животи. Постои и вистински лик по кој е правен The Dude. Левичар, демонстрант, промотор на инди филмови (им помагал на браќата Коен со нивниот прв филм), малку подебел од Џеф Бриџис... ама, тој е!

Не е можно и ова да сме го утињале

Нема поосновна работа од вадење тик-так од кутивче, фаќаш и тресеш, така? Епа не баш така и за тоа имало фора.

Кога Дејвид Линч би играл валкано

Dirty Dancing е еден од нејневините романтични лимунади меѓу филмовите, евер. Но, кога истиот тој материјал би бил преработен преку филмската диоптрија на еден Дејвид Линч, тогаш настанува ежење. Одлично парче.

Чеченско ра та та тира

Веселиот крик на Бранко Коцкица нема врска со почетокот на школската година во Чеченија ама тамошните горди татковци кои дочекале да ги пратат своите деца на училиште звучат исто како него. На овие деца најверојатно им даваат писмени задачи од типот: "Што сакам да станам ако пораснам."

Како да се живее вечно?

Советите доаѓаат од Бастер Мартин, вработен во водоводна фирма, маратонец, никогаш вода, само пиво, цигари - швајца. Да, и има 101 година. Штета што советите се неупотребливи бидејќи самиот ни порачува дека тој не е како нас, нормалните луѓе.

Анкетен прашалник - глумци

За луѓе што се фураат на креативност и уникатност, актериве многу си наликуваат во одговорите. 10 прашања од "Inside The Actors Studio" поставени на дузина славни актери. Сите се согласуваат меѓу себе.

И Avengers се само луѓе

Како е да го снимаш филмот со трета најголема заработувачка во историјата? Како да си однел група средношколци во студио и си им дал по еден пакет Ред Бул.

Алан Рикман пие чај

Едно е да бидеш добар во филмови како Хари Потер, Автостоперски водич низ галаксијата, Умри машки или Алиса во земјата на чудата, сосема друго ниво на легендарност е кога си феноменален во видео во кое - пиеш чај. Секако, музиката од Inception го прави своето.

Неделата низ трејлери

Еден "ол-стар" филм, еден скроз Шварценегер филм, драма, документарец за Клеш и за прв пат трејлер за видео игра.

Зошто се прејадуваме?

Или зошто никој никогаш како мутав не се прејал од патлиџан и пиперка, а редовно се нарачува "уште едно благце" после ручек.

Интернетот го обра бостанот

Интернетов е да го жалиш што сè му се има натоварено. Македонските бескрајни форумски дрвења не се ништо во однос на тоа што сè Американецот знае да му закачи, во форма на видео упатство без кое не може да се замисли животот.

Историјата на Лего

По повод 80-от роденден од Лего изработуваат цртан филм за настанокот на компанијата. Се почнува со пропадната столарска компанија, чиј сопственик останува со сериозен вишок на дрво. Пластичните коцки доѓаат многу подоцна.

Споредба: полиција против нож

Иста ситуација, два различни пристапи, два различни резултати. Во првото, полиција во Ванкувер и човек со сабја. Во второто, полиција во Њујорк и човек со нож.

Неделата низ трејлери

Клинт Иствуд, плус Гандалф, плус убиството на Бин Ладен, плус продолжение на краткиот филм за интровертниот дански билдер, плус документарец за дигиталниот филм.

И ова има во Русија

Обично кога гледаме видео од руски автопат знаеме што ќе се случи. Ќотек или ќотек. Овој пат нè изненадија.

Ок, ете сега и ова го има

Не е нешто ужасно, не е нешто да се извадиш од памет, не е некој хорор, едноставно се балони, ама за него не се исти како за вас...

Неделата низ трејлери

Документарецот за гангстерите од лондонски Ист Енд, две фантазии базирани на книга, еден крими трилер со Бред Пит и Џејмс Гандолфини, и првиот филм на режисерот на Барака, по цели 20 години.

Градот што не заборава

Еднаш во годината, на 1-ви август, цела Варшава застанува за да им оддаде почит на 200-те илјади луѓе кои загинаа во 1944-та во Варшавското востание против Германија.

Врвниот чатал на Мухамед Али

Една од работите што ја прави разликата во класа меѓу Мухамед Али и денешните боксери, е начинот на кој невидено добро го комбинира секојдневниот речник во несогледливо моќно ниво на чаталање.

Финти за низ живот

Не е дека сите овие фори некогаш ќе ги искористиме, туку повеќе е како ним им текнале, а нам не. А стварно се фори, сигурно нешто од ова ќе ви помогне.

Одисеја 2001-ва, направена за 2012-та

"Без разлика колку е бријалијантен Стенли Кјубрик на тема научна фантастика, денес би било невозможно него да го продадеш на кого било. Тој не се вклопува во која било целна група што денешните маркетинг тимови се обидуваат да ја освојат," објаснуваат од Film school rejects.

Ренту турјент на здравје

Девојчево има некаква ретка болест која ја тера постојано да кива. Не е убаво да се смее на тоа. Убаво е кога ќе се помисли дека еден ден ќе може да работи на албум на Шемса, како чинела.

Како да се сруши зграда со светло

Аудио видео проекција на уникатна 3Д опрема на канадската компанија Moment Factory покажаа што може да се направи со една сосема обична фасада во Атлантик Сити.