Разно

Фотошоп магија

Има луѓе што знаат Фотошоп, има луѓе што се мајстори во Фотошоп и го имаш Александар Кошелов. Почна од ништо. Клипов се слуша на гласно.

Неделата во трејлери

Документарец за една блесаво мегаломанско семејство од САД, цртан за лик од игрица што не сака да биде таму, петката од Resident Evil, Крис Рок и Дензел Вашингтон.

Многу се напред овие

"Мармалад" е германска компанија што се интересира чисто за специјални ефекти во реклами. Не филмови, не серии, не спотови, туку само реклами и  ефекти за нив. Дечкиве се спектакл.

Оживеани фотографии

Потребен е еден тон трпение за да се прегледаат 5.000 сток фотографии од Getty Images, да се изберат 873 и со брзина од 15 во секунда да се подредат така да почнат течно да раскажуваат.

Другата страна на Прстенот

Без да навлагаме во подлабоки филозофски битки и расправии околу Господарот на прстените, ај ова да го разгледаме - што ако Фродо и компанија всушност се негативците во целта работа? Како целиот поход изгледа од страната на оние што живеат во Мордор? Кој е предавникот во целата приказна?

10 кладби што никогаш нема да ги изгубите

Затоа што првиот натпревар на Еуро 2012 завршува во 19 и 45 а до идниот има уште цел саат што треба да го поминете правејќи нешто. Предупредување: заради некои од форите може и ќотек да изедете, посебно ако му ги правите на некој маалски што отсекогаш ве бумбарел.

Горан Баре Vs Ќиро Блажевиќ

Фудбалско интервју на Горан Баре (запазете колку му треба за да сложи прашање) со исто така уникатниот лик Ќиро Блажевиќ. Сакаме и ние нешто вакво! Наш предлог - Кили версус Бате Ване.

Како се прави хорор од комедија

Маестрално парче која ја покажува апсолутната моќ на монтажата во финалниот резултат на еден филм. Сцени од симпатичната и безопасна комедија со Робин Вилијамс, Г-ѓа Даутфаер, така премонтирани да се добие филмски трејлер од кој ви се ежи кожата.

Пиши бриши

Штета што оние кои во некој момент решиле да се тетовираат од глупи причини (алкохол, акутна а излечива вљубеност и сл) веќе нема да мораат цел живот да се потсетуваат на глупоста што ја направиле. Како изгледа ласерско вадење тетоважи?

Снимка со тежина

Во последниот филм на Скорсезе "Hugo" има еден ужасно долг кадар сниман со ужасно тежок стедикем. Ги имаме двете видеа, како изгледа таа сцена во филмот и како изгледа "во живо". Пробајте да ги синхронизирате.

Басот на Макартни

17 минутно видео за тоа како се прави Хефнер вилинскиот бас, оној што го познаваме по Пол Макартни (а го свиреа и Тина Вејмут од Talking Heads и студискиот цар Роби Шекспир). Рачно, занатски, со љубов, со знаење. Бтв, еден наш локален мајстор за инструменти го прашале како се прави ќемане. Тој им рекол: Еми, фанеш едно дрво, извадеш сè што не е ќемане и - остане ти ќемане! 

Сакаме вакво!

Нам глупите никогаш не ни е јасно што може ново да се смисли на светов. Ќе не препознаете по тоа што стално прашуваме: Леле, бе, што ќе им биде следно? И после, кога ќе го извадат тоа "следно", викаме: Да беее, како не ни текна! Е па, не ни текна затоа што сме глупи. Да, имаме видео "од едно следно".

Ова не е трејлер

Обожавател го замолува Бил Муреј да му даде автограм. Овој го одбива, и наместо тоа се согласува да глуми во неговиот краток филм.

Неделата низ трејлери

Неделава имаме филм за еден претседател и неговата девојка, уште еден Бонд, филм за тоа како настанал култот на Скиентологија, Големиот Гетсби и документарец за силувањата во американксата армија.

Кечапов е зејтин

Научници од МИТ произвеле некаков лубрикант за подмачкување шишиња кој, без разлика на густината, на течностите им овозможува совршено да лизгаат. Проценка на пазарниот потенцијал на нивниот изум - 17 милијарди долари.

Најстрашната дрога на светот

Документарецов е нешто како најстрашниот маалски мубает што некогаш сте го чуле. Почнува со потрага по најстрашната дрога во светот (во Колумбија), продолжува со приказни за вистински случаи, па сведоштва на луѓе, до (за малку) пробување на дрогата. А има и интересни ликови по пат. По видеово, Авганистан ќе ви изгледа како детска градинка во која нонстоп делат бајадери.

Сме го јаделе

Пред легнување, запамтете си ја околината бидејќи наутро може да биде поинаква. Кинезите дигнале зграда за само 9 дена. И доцнеле 8 дена!

Сара, батали го!

Црепов заебал работа, на пијано ја преварил девојка му Сара и сега сака тaa да му прости и да му се врати. Како еден кретен мисли дека се докажува љубов и каење? Така што ќе се понижи "заради неа" и ќе се измоча во гаќи пред цела улица! Ах, колку е глуп!!!!

Гази гази мала

Уметноста денес знае да биде прибежиште за разнo-разна неталентентирана фукара. Пред нас е една вонаби Марина Абрамовиќ од Lilith Performance Studio чиј "перформанс" се состои од тоа што гази со своите дебелки ноџиња по табла путер и после се лизга како прасенце. Инаку, смртно досадно. Уметност, јеби га.

Внимательно, очаква те Джони Деп!

Баш на меил имаме еден трол кој за себе вели дека е Бугараш па со недели не тапани дека сме биле Србомани. Па да го рчкаме малку. Џони Деп зборува српски. Јеааах, тако је бре! (друже, ние сме ти обикновени педерасти)

Ничим изазван лошотилак

На сите што летово ќе се бањате во убавото Егејско море (вклучувајќи и членови на нашата редакција) ви посакуваме додека сте во вода ниту еден момент да не заборавите на оваа сцена и на ова меко другарче кое може секој час да ве голицне за нога.

Сто бои Европа

11 минутен time lapse во кој е собрана 1.000 годишна историја на Европа (од 1000. до 2005.) и менувањето на политичката мапа. И секоја националистичка будала од стариот континент ќе си најде своја омилена секунда од клипот за која ќе смета дека е историски најфер. И оди после разбери се со сите. Ние? Ние најпаметни, си почекавме 10-тина минути да се појавиме.

Прирачник за гледање Game of Thrones

Ова веќе има логика. Серијата е феноменална и е базирана на спектакуларна книга. Главен проблем е што приказната во книгата е толку богата и толку распрoстранета што 15 сезони не нè крпат. Затоа во ДВД-то од првата сезона се вклучени неколку дополнителни видеа кои ја објаснуваат историјата на сите "куќи," кој лик од каде доаѓа и ставот на секоја од "куќите" за главните настани во серијата. Изгледајте го, сè ќе ви стане појасно.