Разно

Лепотице, овој не

Во одбрана на дечкото многу буљашка фора му направија, ама па и он е многу цреп. Во одбрана на девојката негова, заслужено му е тоа што му го направи и многу, многу лукаво. На повеќе, снимка од една емисија од радио Антена Загреб и лов на еден дечко што доцна навечер добива известувања од "интернет банкарство," од број заведен во мобилниот како "Вулканизер".

Најкраткиот комерцијален лет на светот

Одиме на Папуа. Меѓу местата Кегата и Апово нема ни два километра. Сепак, луѓето одат со авион. А не се мрзи. Еден од нив (оној позади) успева дури и да дремне.

Аман жено!

Личниот рекорд на спретност во редакција е носење на три пива во рака без да ги скршиш (ама некој да ти ги поземе на оставање). Иако не е нешто посебно за гордеење, барем не се чувстувавме глупо. И така се до сабајлево кога видовме што прави девојкава, на штикли, на два метра висок моноцикл, со десетина чинивчиња на глава.

Поздравување со Пол Вокер

Официјалниот видео трибјут за Пол Вокер  од студиото Универзал и тимот што го работи Брзи и бесни.

Ла Кукарача, задоцнето решение

Играва некои ја знаат уште од времето кога се викаше "Ла кукарача" и одеше на А1 а ја водеше Неџми. Некои не ја знаат никако. Во секој случај: 4,531,985,219,092 - тоа е вкупниот број на комбинации кои се можни а дечково сепак тврди дека знае начин како 100 посто да победувате! Спојлер: ние не разбравме. 

Како ти успева, Илоне?

Илон Маск е ЦЕО на Tesla и на SpaceX, претседавач во SolarCity, човекот позади Hyperloop и е татко на пет деца. Како стига и што уствари тој прави?

Македонија голема ама и универзумот не е за фрлање

Во 1996-та година астрономите решаваат да го насочат моќниот Хабл телескоп кон дел од небото која е најцрна темница, во правец кој не е попречен од ѕвезди и планети. По некое време стигаат снимките. Освестувачко видео, за многу животни перспективи и големини.

Вработеност

Анимиран филм по кој уште еднаш до уши ќе се вљубите во капитализмот, тој поредок со бескрајни можности за работа и исполнување на човечката потреба да се биде корисен и да се служи некому.

Зошто астрологијата нема врска, во 1 минута

Астрономија - наука за небеските тела. Астрологија - нагаѓање во празно. Дури и да е точно целото нагаѓање за иднината (а не е), има еден огромен пропуст во основата на која се базира хороскопот - ништо не е на свое место како некогаш.

(Не)ферка

Едниот има 68 килограми и тренерира боречки вештини, конкретно џиу-џитсу. Другиот има 113 килограми и тренерира кревање тегови. Некако, овие двајца решаваат да се пробаат во нелегална ама организирана борба.

Накривете капа, Александар е наш

За сите луѓе кои секојдневниот умор од беспарица, долгови, валкани влезови, фејсбук идиотизам, забоболка, глупи комшии и други ситници успеваат да го совладаат полнејќи се на историски батерии (алкално антички), имаме 50 минутен рај за уши!

За шака црни попусти

По Денот на благодарноста, чија носечка идеја е дека Американците треба да бидат благодарни за она што го поседуваат, следува Црниот петок на кој истите тие бескрупулозно се борат да купат што е можно повеќе со што е можно поголем попуст. Ова е компилација од снимки од продавниците низ САД за време на Црниот петок.

Манифестот на Мет Дејмон

Клучни зборови: граѓанска послушност/непослушност, телевизија, тоталитарност, владеење на правото, национални барикади, отпор кон нелегитимните авторитети, право да се трага по среќата...

Зошто човек не може да разбере дека е глуп

Ако не ти е јасно дека си глуп, тоа е затоа што си глуп. Објaснувањето е од студија на Универзитетот Корнел преку Џон Клиз.

Празни ѕидови за вас прекрасни луѓе

Еве што ќе се случи ако на цртач на графити му дадеш огромен простор за цртање и бескрајно многу, ама многу, боја.

Како да отвориш конзерва без отворач

Трикот функционира на сите видови конзерви без разлика на големина, а се што ви треба е парче бетон или асфалт. Може да биде малку несмасно, ама па и не би го употребиле ако не сте во некој невиден зорт.

Околу витамините и колку треба

Сме збореле за витамините од пакетче или шише. Сме кажале што сме кажале, еве што имаат од Дискавери да кажат.

Боречка школа, Дагестан

Насир Гаџиханов беше Дагестанецот кој настапуваше за македонската боречка репрезентација. Отприлика тука некаде завршуваат нашите познавања од боречката школа на Дагестан. Се додека не го изгледавме видеово, како ги спремаат од мали нозе.

Вежби за да не станеш кифла од седење на компјутер

Човеков не е доктор или физиотерапевт, туку само по цел ден работи на компјутер, заради што нормално има проблеми со грбот и држењето на телото. Има две вежби за грб, крајно лесни и траат по 30 секунди. По само 1 месец правење по два пати на ден, веќе има резултати.

Кога актер ќе ти се пожали дека му е тешка работата

Неодамна Том Круз правдајќи се пред суд (семејни работи околу Сири) порача дека неговата работа (глумењето во филм) е поднеднакво напорна како работата на американските војници што се борат во Авганистан. Од ова им падна глупо и на неговите колеги.

Рамбо Амадеус во Хајд Парк

Рамбо ги дочека своите 5 минути на најпознатата отворена трибина на светот и ги искористи стоечки да испрати неколку стари и добри антифашистички пораки и да го потсети тамошниот режим дека деновите му се одбројани. Облечен како што му доликува на еден ваков гласноговорник кој на домаќините им носи добри вести.

Митбастерс за гледање

Митот е дека пијан човек може да се отрезни со трчање. Значи имаме пијан човек, Адам Савиџ (водителот) со 0,9 промили алкохол во крвта, и трчање на фитнес трака, со брзина од околу 10 км. на час..

Нè искрши бе, малo

Налет и читателот кој ни го прати клипот, и ние што го отворивме, налет и тоа што се мислевме дека сме талични а факат сме станале и кенкави и фрагилни и никакви. Ама, немате среќа да нè видите како сами си цмиздриме.

Мајка на службен пат

Мајки, да не излезе дека живеете во заблуда, ама без разлика кој и колку ви го има стравот по дома, еве што се случува кога не сте таму.