Разно

Ќе фрламе HDMI кабли

Данска компанија си даде фора да собере од луѓе 160.000 долари за да го спакува својот проект за безжичен HDMI (за поврзување на компјутерот со ТВ, проектор или друг дисплеј). Во моментов имаат уште цела една недела на Indiegogo а веќе имаат собрано речиси 700.000 долари. 

За имиграцијата и хистеријата околу неа

Поента - имигрантите не ни го знаат јазикот, мрзливи се, крадат и ни ги зафаќаат нашите работни места. Контра поента - ако некој што не го зборува јазикот и е мрзлив може да ти го земе работното место, тогаш сериозно запрашај се колку вредиш. (Видеото има најмногу ефект за луѓето што го читаат офф.нет.мк надвор од МКД.)

Одело од 35 фунти, глас од 1 милион фунти

Пол Потс е дечкото што многу, многу, многу, многу одамна (во 2007-ма) ве извади од памет со својот настап на Британскиот Талент. Сега снимен е филм за неговиот живот. Ова е трејлерот.

Жената со оргазам од 3 часа

Приказната е дека девојкава имала оргазам кој траел неколку часа и заради тоа морала да оди на доктор. Видеото треба да го гледате заради дечко ѝ (кој најверојатно го предизвикал оргазмот) кој седи до неа додека оваа раскажува и се обидува да не биде горд на тоа што го направил. Плус, за да ја видите репризата на целиот настан.

Сите мажи од вашиот фитнес клуб

Тука се, ќе го најдете речиси секој што го среќавате на фитнес. Единствена забелешка што ги немаат: типот "ќе вежбам во дрес од полиестер," типот "во старата теретана кревав повеќе" и типот "дезодоранс?"

Животот станува само полош ако не го смените кабелскиот

На секоја катастрофална одлука и претходи вашето разочарување за тоа што претходно сте донеле друга погрешна одлука, за на крај да завршите како локален рибар сред недојдија.

Седенка со боговите на комедијата

Луи ЦК, Рики Џервејс, Крис Рок и Сајнфилд, седнати сред дневна (студио) и разглабаат еснафски работи, општо за комедијата - како да работиш, што очекува публиката, што е смешно, што треба да кажат.

Како да не пукнете од јадење

Во едно од најзадоцнетите видеа што некогаш сме ги објавиле, имаме упатство со 10 фори како да не се прејадете. Во наша одбрана тоа што завршија празниците не значи и дека никогаш веќе нема да се прејадете.

Во војска

Општата дефиниција за војска (регуларна) е дека станува збор за професионалци обучени за ракување со смртоносно оружје. Овие што ги имаме на видеото ја немаат прочитано дефиницијата.

Филмови што најмногу разочараа минатата година

Не е работата дека филмовите се лоши (некои се и добри) или дека не ги бивало, туку главниот проблем им е што од нив се очекуваше многу повеќе. Еве кој разочара и по која основа.

Најстеди кем

Последниот крик од палетата скапи и ефикасни стабилизатори на камери. MōVI, произведен од Фрифлај, жироскоп со три оски, не мрда.

Во кој дел од телото е сместена љубовта

Истражувачка екипа од Финска го мапирала човечкото тело според тоа која емоција во кој дел од телото најмногу се чувствува. Пеперутките не летаат само во стомакот.

Да ти се одмили сладолед

Веројатно ова не е интересно само за тој што го чека сладоледот, додека сите околу тераат мерак.

Кутија ко кутија, празна

Ама не е така. Дечкиве создале нешто што вака на прва (а и на следните) изгледа како картонска кутија, само според нив ова што ќе го видиме комплетно ќе промени како пакуваме работи (плус ќе ја спаси Земјата од загадување).

Видео што ќе сака да ве учи историја

Не навлегува директно во темите што бескрајно се зборат, туку општо ни дава перспектива на денешницата во однос на она што минало и она што нè чека.

Леб за само 10 дена

Денес леб можеш да направиш сам или во машина за само два часа. Брашно, вода, инстант квасец... ама, инстант квасец е за пацери. Потребните култури и бактерии веќе ги има во брашното, само треба да им дадете време да живнат, хранејќи ги со грозје. Не ви е јасно?

Како поднесувате шарено?

Фасцинантен резултат од една опсесивна - компулсивна пореметеност. Му пречело што автомобилите не возат подредени по боја туку кој како стигне си тера и испаѓа шарено и несредено. Па зел и ги прередил. Пазете, нема тука никаков Фотошоп и боење. Тоа се нивните вистински бои, тој ги преместил колите и ги спастрил како што треба, да се знае ред. 

Делот за Пол Вокер што не го знаете

На страна колите, филмовите и Вин Дизел, Пол Вокер имаше една многу посериозна занимација - спасување и помагање на луѓе по катастрофи. Ова е неговата организација - ROWW, мрежа на професионалци кои во случаи на катастрофа одат на терен и директно им помагаат на локалците.

Гугл Цајтгајст: еве ја 2013-та

На Гугл духот на времето за 2013-та е составен од Мандела, Гандолфини, Мајли и Малала Јусазафи. Од Мундијалот 2014-та и Маратонот во Бостон. Од Оскар Писториус, Ајфон 5ес, новиот Супермен и Брејкинг бед. Еве ја годината на Гугл.

Не иде Миле во Норвешка

Едно, Норвежаниве немаат Лајковачка пруга. Друго, видете како изгледа кога кај нив дува ветар. На некои, буквално им требаат камења во џебови.

Напнат момак

Иако немаме снимка од настанот, ова не може да биде далеку од тоа како изгледаат некои уредници на сајтови кога мислат дека ја спасуваат државата со своето пишување.

Недела без интернет

Пет интернет зависници (што во основа е кој било што го знаете од интернет) како дел од експеримент се откажуваат од интернет. Ова значи откажување од - Фејсбук, Твитер, портали / сурфање, мејлови, Инстаграм, Вибер... Во една работна недела не користиш ништо за чие функционирање е потребен интернет. Изгледа лесно, се додека не ги препознаете ужасите што петмината ќе ги преживуваат.

Крукче низ Холивуд

Конан О'Браен, Ајс Кјуб и Кевин Харт викаат такси (не она обичното, туку од посебен сервис за заедничко возење), се качуваат во него и со еден куп камери вртат по градот. Ова е резултатот.

Колку ти чини Кољо чиничето

Уште пред 40 години еден маж од чиста љубов почнува да собира кинески чинии направени од рог на носорог. Сега веќе остарен дедо, решава да ги однесе 5-те предмети на проценка. За нив вкупно има платено 5.000 долари, не е баш премногу заинтересиран да ги продаде, само сака да знае колку вредат. П.С. сумата што ја даваат е само конзервативна проценка.