Разно

Драма муабети

Брајан Кранстон "Breaking Bad", Келси Грамар "Boss", Џон Хам "Mad Men", Питер Краус "Parenthood", Дамијан Луис "Homeland" и Кифер Сандерленд "Touch", седнати на маса и зборуваат за драма и за глумење и за награди. И така, цел час.

Снегот во Frozen

Како Дизни направи совршени симулации на снег во својот блокбастер за деца.

Рецепти со грејс период за стрвење

Листа со 45 видео рецепти, на која клучен предуслов за да се појави некој рецепт е да има месо - од типот свинско или телешко, а во најлош случај барем пилешко. На листата, наслови како: Ребро над ребрата, Бургери од јагнешко месо, Свински кременадли во маринада, Мимоза Шарска плескавица... Имате 45 рецепти, таман за од понеделник да почнете нов пост, ама во спротивен правец.

Скамбег машиновозач

Речиси и да ти падне жал за човек што прави селфи. Конкретниов лик сака да се слика со воз во поминување. Фина идеја, проблематичен е машиновозачот.

Искрениот трејлер за Волкот од Вол Стрит

Не дека не е рецензија на Волкот од Вол Стрит, само што многу повеќе е искористување на секоја можна да шанса да се изнаруга Ди Каприо дека се уште нема да добиено еден единствен Оскар (а Шер има).

Детето што ја прекина вечната битка

Не ја знаеме целата приказна, не сме сигурни како стигнала работата до тука, ама многу е веројатно дека како и сите ние и тој само сака да стигне дома. На патот до целта му се испречува една ограда. Тука почнува битката.

 

Вистинскиот нов Летерман

Почнува како "дописник" на Дејли шоу, па станува главен дописник (во истиот период со Стивен Карел), за по некое време да добие и сопствено шоу, Колбер Репорт. Сега тој е човекот што ќе го наследи Летерман како водител на Лејт Шоу. Цело ова време тој не отстапува од ликот на Стивен Колбер, кој драматично се разликува од човекот Стивен Колбер. Еве едно интервју од пред некоја година, со овој вториот.

Што сè доктор може да открие од вашите очи?

Една третина од познатите генетски проблеми се одразуваат и врз очите. Знаци на дијабетес, кардиоваскуларни проблеми, оштетувања на нервниот систем се само дел од болестите кои офталмолог може да ги детектира со обичен преглед на очите.

Бирмингем и Јужни ветар

11 и нешто минути драматични моменти над пистата на аеродромот во Бирмингем. Ајде ауто-пилот нека го прави ова да го видиме.

Гугл: Вака ги даваме вашите податоци

За да ги адресира проблемот на недоверба на корисниците, загриженоста за приватноста и сомневањата дека шуруваат со зезнати служби и агенции, Гугл го објави ова симпатичпно видео во кое објаснува во кои случаи се дават информации и какви сè филтри постојат попат.

Џони бе брат

Има една фаза во животот на машкото која настапува во периодот помеѓу кога мајка ти престанала да ти купува алишта и додека да научиш сам како треба машко да се облекува. Во овој период си крајно самоуверен дека тоа што го носиш и како изгледаш е врвот, и дека се останато околу тебе што те критикува е крајно неписмено за мода. Па дури и ако тоа се 30 сингл девојки кои дошле на ТВ за да најдат дечко.

Како ги запознав Клетници

Маршал и Барни од Како ја запознав мајка ви, како Валжан и Жавер од Клетници, по основа предизвик од публика да повторат еден свој претходен импровизиран настап на едно тв шоу.

Видео за медитација

Ако сме искрени оние видеата со водопади, шума, река, море, никогаш не нè опуштале, таман ќе се ставиш во филм и ќе фатиш да ги мислиш да не ти заврне или да не си заборавил нешто дома. Ова е сосема друго, нема никаква тензија, главниот лик знае што прави и лагано те води низ целата приказна и те опушта.

Две вистини и лага

Од трите работи што ќе ги кажат луѓево, двете вистини им се случиле нив, лагата е нешто што му се случила на некој друг од групава. Материјал за трауми и за неверување колку сакаш.

Пен и Телер за вакцините

Имаме на таа тема и подолго четиво ама за оние кои сакаат кратко и јасно, Пен и Телер се мајстори за показни вежби.

Совршено очаен

Една од оние "бакнежи за подобро нешто" акции, ама комплетно направени за лична корист. Наводно дечково е очаен, па по таа основа бара да му се посвети внимание со бакнежи. Од вас #форевералоун, ние поштените...

Како се изговара модата?

Многу корисно видео, за сите оние кои сакаат да бидат во тек со модата и во друштво да ги изговараат сите оние егзотични брендови од тој свет. А да не испаднат морони. Значи Зења а не Зегна, значи ЖивОнши а не ЖивАнши. Не дека нам ни прави разлика, ние и онака си купуваме од пазарче.

И би посно

За тие што се решени и веќе ги тераат Велигденските пости, Мои рецепти склопија плеј листа од 58 посни видео рецепти кои се понапредни од леб и џем или геврек. Останатата публика треба да ги разгледа рецептиве по основа дека има еден куп добри опции за гарнир.

За важноста да се игра со оган

Преку интернетот и безбројните мобилни апликации, допирот на младите со светот станува сè повеќе посредуван. Во Велс се досетиле како да ги спојат со реалноста и притоа да обноват едно загрозено однесување: играње со ризик. Бидејќи ризикот (вистинскиот, не оној кој се средува со: play new game) ги остри нивните способности. Звучи помпезно а ич не е. Како во нормално предградие на Скопје.

Oва е животот, и ништо не му можеш

Луи СиКеј на радио кај Стивен Мерчант, објаснува дека сите оние што се во публика на шоуто "Inside the actors studio" и им поставуват прашања на славните никогаш нема да станат актери, без разлика што и да направат: "Нема шанси дека ќе му поставиш прашање на Шон Пен и потоа ќе станеш ѕвезда." Видеово е дефиниција за животиште.

Рецепт по Вес Андерсон

За тие што го гледале Grand Budspest Hotel ова е омилениот рецепт на Густав. За останатите ова е рецепт за Courtesan au Chocolat во режија на Вес Андерсон.

Рецепт по Вес Андерсон

За тие што го гледале Grand Budapest Hotel ова е омилениот рецепт на Густав. За останатите ова е рецепт за Courtesan au Chocolat во режија на Вес Андерсон.

Како настана Игра на тронови (серијата)

Двајцата продуценти на серијата, ја читаат книгата, се заљубуваат во неа, одат на ручек со Џорџ Р.Р. Мартин за да го измолат да им дозволи приказната да ја претворат во серија. Пред да одговори што било, Мартин им дава тест: Што мислите која му е мајка на Џон Сноу? (Може да има малку спојлери ако уште не сте почнале да ја гледате)

How it's made во рикверц

Муабетот прастар: Не е фора машина што може од вол да направи колбас, туку од колбас да направи вол (ок е, и вицот го знаеме). Регуларна емисија од типот How it's made, ама почнува од крајот.