Разно

Брејкинг бед заложилница

Волтер Вајт и Џеси Пинкман почнуваат нов (полу-легален) бизнис. Сега не продаваат, туку купуваат. Прв муштерија им е Џулија Луис Драјфус.

Или - Или

Ова е или најочајниот обид за предзвикот со кофа мраз или најгенијалното видео во целата кампања, со ниво на хумор кое следните генерации ќе треба да го достигнуваат.

Денот кога Бил Гејтс си истури кофа лед на глава

Предизвикот му дојде од Закерберг, и генерално е за добротворна кампања за кревање на свеноста за Лу Гериг болеста (од неа страда Стивен Хокинг). Гејтс топката им ја префрли на Елон Маск (Тесла), Рајан Сикрест (тв водител) и Крис Андерсон (ТЕД). Бонус: го имаме и Конан О'Браен.

Само за публика

Некаде во Романија, на некој од тие културно лето и слични фестивали. Изведувачите одбрани за најдобро што можат да ја доловат душата на народот што живее во општината и богатата историја. Нормално, сè за права публика.

Што ти е наука

Не се толку забавни како што тоа го замислува човекот што ги презентира, и да не се лажеме нема никогаш нема да ви завршат работа во живот, ама крај на недела е и до крај на работно време би гледале и боја како се суши.

Каде ми е сонцето?

Некако ова е најдоброто видео за крема за сончање што ниту еден бренд не го искористил за реклама. Ама па од друга страна, оди па не купи крема за сончање после клипов. Какои да е, да не ве вадиме од памет, ама еве како му излгедате на сонцето без заштита.

Како Shark Week стана исто ѓубре како и Дискавери

Неделата на ајкулите е воведена на Дискавери од крајно образовни побуди во времето кога Дискавери пушташе образовни содржини, а не "старо купуем" во дузина различни верзии.(Како е можно да има магацин што уште не го отвориле?) Денес неделата е исполнета со лажни документарци за праисториски џиновски ајкули и кампањи за престрашување на јавноста од големата бела ајкула.

Ликовите на Робин Вилијамс

Првата голема улога на Вилијамс е 1978-ма во ситкомот "Mork and Mindy," од тогаш тој се распостелува низ речиси секој можен жанр, а во 1998-ма добива Оскар за најдобра споредна улога за неговиот лик во Добриот Вил Хантинг.

Долина на мајагерито

Од ова турскиве серии ја заборавивме умешноста на снимање на асална турска акциона сцена. Луѓе само можат да жалат што денес го немаме ова. НЕ-ВИ-ДЕ-НО!

Престанавме да сонуваме

Никој не сонува за градот на утрешнината, никој не сонува за животот во утрешнината, никој не сонува за домот на утрешнината, никој не сонува за транспортот на утрешнината. Сите ја имаат заборавено идната, секој планира за извештајот за овој квартал или за следните избори, "утрешнината исчезна." Нил ДеГрас Тајсон за тоа како ние луѓето заглавивме на Земјата.

Како се пржат смрзнати кременадли?

Мудроста вели дека на смрзнато месо треба да му се даде доволно време бавно да се пушти до собна температура. Науката вика, може и смрзнато да се буфне во тавче, ако се знаат пар трикчиња.

Премногу среќни луѓе на едно место

Компилација на "дел од секунда" моменти. Наспроти сите очекувања здраворазумски и статистички, сите се со многу среќен крај.

Балерина на денот

"Драга кандидатке,
Ви благодариме на вашето пријавување во нашата балетска академија. За жал, не сте прифатени. Немате вистинска нога, ахилова петица, вртење, силина на торзото, гради. Имате погрешно тело за балет. А на 13 годишна возраст, престари сте за да ве земеме предвид"

Луѓето што прават "Шаркнадо" филмови

"Шаркнадо беше филм на кој ја направивме најдолгата листа на актери кои нè одбиле да глумат во некој наш филм... Еден ден по премиерата на сите им беше јасно дека ќе има и втор дел, сите ни се јавија за да ги избереме."

Непријатната вистина за чистокрвните кучиња

Токму чистокрвноста е причината зошто вие мислите дека неприродно тромавиот булдог е сладок и интересен за гледање (без разлика што речиси сите имаат изместување на колковите, животниот век им е 6 години, едвај може да дишат затоа што им е сплескан носот, а главата им е толку голема што се пораѓаат само со царски рез). Дечково има уште неколку непријатни работи што сака да ви ги каже околу чистокрвните.

Орден за решавање бебиња

Тазе родители ќе го гледаат докторов како магионичар дојден од друга галаксија, со единствена мисија да ги спаси од ново-породените маки. А веројатно и нему ова му е полесно него цел ден да му трешти ординацијата.

Луѓето што никогаш немаат пробано чоколадо

Брегот на Слоновата коска е последното место на кое ти текнува кога некој ќе спомне чоколадо. Тоа не и пречи на земјата да биде најголемиот извозник на какао во светот со 1,6 милиони тони годишно. Луѓето од насловот се истите луѓе што ги произведуваат овие 1,6 милиони тони. Ова е нивната реакција кога прв пат ќе пробаат.

Скопје 63

Документарец за земјотресот во Скопје, скоцкан од материјали од Застава филм, Филмски новости и тоа што можело да се спаси и што остано од архивата на Вардар филм по поплавата и земјотресот. Целата приказна почнува уште во добрите денови на Скопје.

Веројатно најважната дилема околу Троновите

(Во понатамошниот текст може да има спојлери во зависност до каде сте гледале) Прашањето е кои му се родители на Џон Сноу, а теоријата (истата е сериозно поддржана и во книгите) е дека тој не е копиле на Едарт Старк, туку е на Лијана Старк (сестрата на Едарт околу која почнува целата војна) и Раегар Таргериен, синот на Лудиот Крал. Ова го прави Џон Сноу обединител на целиот Вестерос, плус му дава одлична комбинација на натприродни моќи. Бонус, излегоа блуперите од 4-та сезона + новите ликови за 5-та сезона.

Sunrise, sunset, Samsung

Кратко филмче целосно снимено со Самсунг Галакси С5. За човек што знае што прави, 16-те мегапиксели на Самсунг, плус малку играње со ХДР-от, се сосема доволни да долови еден ваков Трст.

Машката мизерија на браќата Коен

Нивната филмска кариера е богата и комплексна но на неа може да се гледа како на една долга студија на машката меланхолија. Видео есеј посветен на опседнатоста на браќата со различните варијации на машката сјебаност, раскажан преку нивните 16 заеднички филмови. Нормално, видеото е насловено: Men of constant sorrow. 

"Next director" награди на ЈуТјуб и D&AD

Во конкуренција влегува секој краток филм, спот, реклама или брендиран контент се додека е пократок од 5 минути. ЈуТјуб знаете кој се, а D&AD се Design and Art Direction, британска образовна добротворна организација која постои "за промовирање на врвност во дизајн и адвертајзинг." На кратко, многу убави работи за гледање.

Право на непоминување

Русија. Семафори. Црвено. И ништо не е како што си замислуваш. Ова е еден од примерите кога упорноста не се исплати.