Разно

Шкотска си бескрајно

Како и во регуларна врска, на Англичаните им текна колку многу им значи Шкотска, само кога Шкотска почна да размислува за раскинување. Гледано од тука, аргументите за заминувањето од Обединетото кралство се многу човечки и многу логични. И другата страна има човечки аргументи за останување, и доста економски и логистички, и едноставно - вака е подобро. Гласањето е во четврток.

Проблеми на татковци со брада

Веројатно децата се единствени луѓе што нема да те испрашаат и да ти направат инстант психо-тест за тоа што си пуштил брада. Барем додека се прцули. Ама затоа оди објасни им дека си истиот човек кога ќе ја избричиш.

Каде се денес?

Што се случува со цртаните ликови кога ќе им заврши славата? Кој се здебелил, кој се вработил во супермаркет, кој работи во телефонски центар. Има и некои што им оди добро.

Ситно, ситно

Не може да ви објасниме со кое неверување го изгледавме видеово, и после тоа пак уште еднаш. Детево се вика (барем уметнички) Fik Shun, и до вадење од памет ја има навежбано песнава.

Првото шоу на Џон Стујарт после 11-ти септември

Се случува на 20-ти септември, и во него Стујарт го кажува своето гледиште околу целата ситуација, и како човек чија главна работа е да ги насмее луѓето треба да се снајде после таква трагедија.

Supervenus

Да пренесеме технички за видеово: автор е Фредерик Доазан, снимено е 10 кадри во секунда, и до сега има собрано едно десетина награди на најразлични фестивали. Тема - жена.

Како се заклучува врата со виљушка

На пример, сте купиле нова кукла на дување и сакате да ја пробате на раат во соба која нема клуч на врата. П.С. Дувајте ја дури откако ќе ја сфатите финтата бидејќи типот од видеото толку споро раскажува што е можно малата да се издиши.

26 филмови за до крај на година

Лежерна есен без премногу супер-херои, галаксии и апокалиптични уништувања. 26 филмови со 26 трејлери. Направете пауза.

А ова сме ние во Универзумот

Група научници ја прават најголемата мапа на Универзумот, и каде во него се наоаѓа Млечниот пат (збутани сме во ќош еден). Најлошото нешто што може да излезе од ова видео е што ќе осознаеш колку премногу си небитен.

Животот не станува полесен, ти стануваш подобар

Во епизода на Луи од 2011-та, Луи Ц.К. размислува да се откаже од комедијата. По едно шоу се среќава со Џоан Риверс и таа го разубедува и му објаснува зошто станала комичарка, момент што само он може да го сфати како погодно време за да и се фрлиш на Риверс.

Игра на ефектите

Годинава на Емми наградите Родео ЕфИкс беше победник во категоријата Извонредни специјални и визуелни ефекти. Наградата ја доби за работата на 4-та сезона од Игра на тронови. Еве што им е работа. (потенцијални спојлери)

Девојката од илјадарката

Тоа беше легендарна банкнота (дело на Андрија Миленковиќ), никогаш фалсификувана бидејќи содржи преку 40.000 нијанси. Таа веќе не постои но затоа постои девојката од нејзината насловна, која сега е тетка и е малку лута што нејзиниот лик го искористиле за да продаваат брашно.  

Економско уредување - Путин

Путин во посета на фабрика, а од таму продолжува на состанок на управниот одбор. Во фабрика пројде лесно, дојден е за бордот, поточно за газдата. Му фалел еден потпис.

Совети за јадење од стар Италијанец

Кога Џејми Оливер ќе остаре, сака да биде како човеков. Се вика Џенаро Коталдо (послабиот од Two Greedy Italians), цел живот е готвач и цел живот прави фантастична храна. Ова е неговиот водич за тестенини + како совршено се варат.

А ова си ти на струјни шокови

Ако човек не знае дека овие ги пржат со пиштол на струја, ќе добие многу погрешен впечаток за тоа по која основа се овие гримаси.

Купено!

Никогаш до сега не сме биле волку возбудени околу реклама за преносен фрижидер. Ама ова е чудесии. И не е дека е до нас, проектот за мини-фрижидер на Кикстартер бара финансирање од 50.000 долари, собра вкупно 13,28 милиони долари, од 62.642 поддржувачи.

Денешен интернет на компјутер од 1986-та

Задачата за машината е да отвори страна, и тоа од едноставните (Википедија и сл.), ништо премногу тешко со слики и мултимедија. Конфигурацијата е со процесор од 8 мегахерци, 4 мегабајти работна меморија и 100 мегабајти хард-диск. Од време на време, видеото е забрзано. Резолуција 512х342 пиксела.

Неочекувана Саут Парк утеха

"Единствен начин сега да се чувствувам волку тажно, е ако претходно сум чувствувал нешто многу убаво," Батерс.

Изгледа Џирло, ама делува

Се работи за спреј што секој предмет го прави неуништлив. Доволно неуништлив на пример за да фрлиш јајце од прв спрат и да не ни пукне.

САД vs. Кина: За земјотресите и стандардите за градење

Земјотрес 6,1 степен ја удира Кина пред еден месец. Подеднакво силен земјотрес удира и во Калифорнија. Кина - стотици загинати, Калифорнија - 100 (генерално) полесно повредени. Видеово објаснува зошто.

Луѓе што си ја знаат работата

Издание - уличен продавач и лупач на ананас. Ок, не е ракетна физика, ама и не мора да биде. Човеков изгледа многу умешно во тоа што го прави.

Робин Вилијамс, каков концепт

По сегментот на Емми наградите во кој сеќаваат на починатите славни личности, годинава на сцена се појави Били Кристл и одржа говор за својот неодамна починат пријател. Како и речиси секој пред него што деновиве зборуваше за Робин Вилијамс, и Кристл не може да поверува во две работи - како повеќе го нема човекот што толку многу го имало, и колку неверојатно лесно му било на Вилијамс да биде генијално добар актер.

Привидот за правење 30-минутно шоу

Реалното шоу "Pawn Stars" е една од најгледаните програми на Хистори каналот (ако веќе зборуваме за криза на идентитетот), со стандарден формат од околу 30 минути сосе реклами и што ќе се случи / што се случи, пред / после рекламите. Некој седнал и ги тргнал сите делови што служат само за пополнување време. Без нив секоја емисија има 3 минути материјал.

Мисли од под туш со драматуршки осврт

Една од важните што ја пропуштивме минатиот пат - "Технички сите ние сме половина кентаур." Сега не мора да читате, Ник Оферман ги чита наместо вас.