Разно

Како да не го направите најпросечниот ФБ албум од одмор

Затоа што ФБ и Инстаграм профилот нема сами да се наполнат со слики од одмор, еден австриски фотограф има 8 фори за вас за подобри или барем поинтерсни фотографии со смартфон.

Кога Ван Гог би го видел Ван Гог

На 29-ти јули пред 125 години, од рана од куршум умира Винсент Ван Гог. Умира како непознат уметник во длабока депресија. Серијата Доктор Ху (новата) имаше еден сегмент во кој го носат Ван Гог во музеј во 21-от век за да види што се случило со неговите слики и неговото влијание врз уметноста.

Џими Кимел за човекот што уби лав, од мерак

Целата приказна околу лавот Сесил ќе ви ја раскаже Џими Кимел. Во кратки црти - забар од Минесота платил 50.000 долари за да застрела лав... потоа приказната продолжува.

Мајка на годината

(По машки искуства) Како дете кога седиш дома во недела на ручек и ѝ мрчиш на мајка ти околу тоа како не ти се свиѓа јадењето, стандардното спуштање од другата страна е - ќе ја видиме твојата што ќе готви. Веројатно сите кога го кажуваат ова, мислат женава ќе ви се падне. Бонус: следи го малиот во позадина.

Ќељави сме, не сме зло

Супермен го има Лекс Лутор, Бетмен го има Бејн, во Хари Потер е Волдермор, во Војна на Ѕвездите е Дарт Мол, секој од нив катаклизмично негативен лик, секој од нив со фоликулен инвалидитет. Еден маж (ќелав) одлучи да се крене против ова.

Влажниот сон на секој велосипедист

Нема еден човек што вози точак низ градов, кој барем еднаш не се умислил како крева некоја кола комплетно без памет, осет, разум, култура, паркирана сред велосипедска патека. За разлика од нас, дечково остварува.

Долга е раката на таткото

Пред полнолетство (а и малку потоа) стравот да те фати полиција дека возиш пијан и без дозвола, е далеку подобрата варијанта во споредба со стравот да те фати татко ти во исти околности. А ќе те фати.

10-ка од Двајт

Иако последната епизода се емитуваше пред речиси 2 години, Двајт од Офис останува еден од најтоплите и најмилите ликови што се појавиле на телевизија... под услов конкуренција да му е гипс картон.

Почитта од шамарот е излезена

Школо ко школо, двајца морони што седат позади тебе ти маваат дебели заушки колку да им пројде време на час. По ова следува пресвртот од секој акционен филм од 80-те.

Приказна за храната што не ја јадеме (фрламе)

Последно што пишувавме за темава беше пред неколку недели, кога го објавивме видеото и репортажата на американскиот ПБС. Истото ова видео е дел од воведот на Џон Оливер, па потоа надоградува на темата. На пример, праска од класа 2 (пониска класа која се стекнува чисто заради визуелни причини, а не хранливи) вреди само една третина од цената на праска од класа 1. Само по себе ова е доволно да не се исплати да ја собираш и да ја оставиш да скапе. Па има за супермаркетите, за датумот на траење...

За враќањето

Едно крајно мотивирачко видео посветено на сите ситуации во животот кога си паднал и кога требало да се вратиш. Ние имаме далеку пократкорочни цели и амбиции, па видеово го посветуваме на сите што се заглавени во летнава горештина - ќе има пиво, ќе има таратор, ќе има лубеница... бирај што ќе те води. Само замени "живот" со "лето" и издржувај.

Што е љубов?

Одговараат 100 сосема различни луѓе, на возраст од 0 до 100 години, со тоа што немаат никој на 100 години, туку имаат еден дедо на 105 години. Заклучокот од 100-те одговори? Секој со својата љубов.

Кралот на сланината

Алан Бентон од 1973-та е сопственик на Benton's Smoky Mountain Country Hams, компанијата која од 1947-ма ја прави најдобрата сланина во САД. Ако ви требаат уште референции за да го изгледате видеово, воопшто немој ни да се мачите да го гледате.

Манипулација на разединетите нации

Дамир Никшиќ за тоа што се случи на годишницата во Сребреница:
- затуцана земја
- планета мајмуна
- корида направија од Поточари
- мајмуне!
- кардашиш, кардашиш, кардашиш... прекардашиш

Шаховската табла на Александар

Директно од Пирава, валандовско, стигнува идеја која треба да го продолжи сонот на Александар Македонски, да го обедини светот (јер ние Македонците одамна сме обединети уздуж и попреко па ќе го учиме светот на таа вредност). Енивеј, фина, приватна идеја на луѓе кои уште мозгаат и се надеваат.

Улично насилство Канада

Сцената е и онака вознемирувачка заради насилната пресметка меѓу двајцата возачи, меѓутоа достигнува нови нивоа на бруталност во моментот кога полицијата се вмешува за да го реши конфликтот.

Кога 50 центи значеше пари

Во најтешките моменти од поновата финансиска историја на Фифти сентс, малку да го развеселиме со потсетување на едно видео во кое тој детално објаснува и покажува како се пакуваат 2 милиона долари во багажникот од неговото Ламборџини Мурселаго.

Исповеди на макро

Новозеланѓанец што изгледа како да влегол на саем за стероиди и го затворил, после плодна кариера како сопственик на барови и дискотеки во Австралија, се сели во Тајланд. Таму се зафаќа со поперсонализиран бизнис, базиран на претплата (15 долари неделно).

Мајсторството пред Фотошоп

Во чест на 25 години од Фотошоп, еве како се работела графика пред да постои Фотошоп. Ако заради некаков невиден космички внатрешен мир до сега не ти дошло да им удриш глава на денешниве мрзи од дизајнери што под око те гледаат што си им рекол да пробаат нов фонт, после видеово на памет ќе ти дојдат збирка дела од Црвени Кмери, мексикански нарко босови и африкански диктатори.

Како машки да се истрпи критика

Фино објаснето видео упатство од еден сајт кој верува дека мажественоста е изгубена особина на чие враќање човек вредеи да поработи.

Митот за неподвижната кралска гарда

Митот е - ти што сакаш прави околу него, ама припадник на кралската гарда на служба пред Бакингемската палата нема да трепне, а не па да мрдне. Обично проблемот со митовите е што се митови.

Притисок од околината

Некогаш сè што сакаш е само да се вклопиш со другите... без разлика колку се глупи.

Џон Оливер, рафално

Заштитен знак на шоуто се 15-минутните сегменти во кои обработуваат 1 тема. Сега празнично, за 4-ти јули, имаат 15 теми за минута и нешто.

'Тга за Мексико

Како никогаш до сега Мексиканците се претерано запознаени и апдејтувани на тема временска прогноза. Не е дека одеднаш цело Мексико почна да го врти колено, туку повеќе е до Инет Гарсија. Ќе ви пуштиме еден Австралијанец да ви објасни која е Инет Гарсија.