Разно

Оскаровскиот потег на Марлон Брандо

1973 година, 45-то доделување на Оскари. Презентери се Лив Улман и Роџер Мур, обајцата светнати ко гувернер Богов. Главен јунак на ова видео е Марлон Брандо кој добива награда за најдобра машка улога за ролјата во филмот Кум. Марлон Брандо го нема во ова видео.

Немал Бугарот работа, па се љуљал меѓу згради

Две згради, многу јажиња и многу да не ти чуе околу гравитација, сите феил видеа од Јутјуб и генерално болки, сркшеници, набиени дело од тело. И одлично склопено видео.

Да го фатиш за уши и да го вратиш дома

23 годишен исламист од Авганистан, дојден во Шведска пред 10 години, во автобус му се истура на еден пензионер. Во Шведска не чинело, многу хартија пополнувал кога одел на лекар, талибанците се враќаат, Шведите се педофили, тој можел да јаде луѓе ако треба а и појак е... Немате појма колку е глуп.

И ти ли брате Кенеди

Ѕвездата водилка на либералите и никогаш непрежалениот американски претседател за демократите, со свое ни најмалку другарско обраќање на тема дебели деца. Како малку да им се сите маалски што ги смараат, Кенеди почнува со - нема ништо понесреќно од дебело дете.

Дај раката да видиш нешто

Јасно ти е дека нема да ти се случи ништо смртоносно и дека си пред милиони народ на телевизија и секако дека ќе останеш жив. Ама јасно ти е дека има бескрајно ужасни начини да преживееш.

Кинезот и морското

Епска битка во ресторанска кујна меѓу готвачот и две гајби ракчиња или некаква морска храна. Шампионска титула за готвачот заради борбата што му ја пружи на огромниот преполн вок, и шампионска титула за тие што го имаат направено шпоретот да може вака стамено да ја издржи целата битка.

Видео туториал за македонски туристи за лето 2016

Дури и најискалените ветерани со минати и по десетина ол-инклузив одмори по краците или во Турција со цело семејство, ќе можат да стекнат ново ноу-хау кое ќе им се најде за престојната сезона на одмори.

Животот повторно има цел

Иако во интерни кругови се шири муабетот дека од понеделник веќе никој никогаш нема да јаде, искусните аналитичари уште од сега со голема веројатност предвидуваат дека ова ветување ќе пропадне како и 78-те слични на него кои беа дадени минатата година. А како да не пропадне кога некој треба го проба рецептов за пица-тост-вафла-сендвич.

Одмаглување прозори на база на наука

На дечково треба да му се верува прво затоа што работи во НАСА, и затоа што направи експеримент со сите можни подесувања. Една мана му е што многу сака да зборува, нам мана ни е што не сме многу по слушањето, па затоа еве го сижето од неговото истражување како два пати побрзо да ги направиш прозорите да ти бидат џам чисти: прво, топлото ставете го на максимум; второ, вклучи ја климата; трето, исклучи го вртењето на воздух од колата; четврто, малку подотвори прозор.

Затоа што Русија!

Ако некогаш не сте верувале дека луѓето не наликуваат на своите миленичиња, тогаш дозволете му на паров да ве разубеди.

Бог сакаше да си купам авион

Да имаше Господ или пак да не беше тој дигнал раце од нас, овие двајца ќе ги спржеше гром среде емисија. Од оние телевангелисти, во суштина топшоп продавачи кои наместо тенџериња шиткаат божји пораки, полни со пари ко брод, објаснуваат зошто имаат приватни авиони. 

Режисерски муабети

Квентин Тарантино, Том Хупер, Алеандро Инариту, Ридли Скот, Дени Бојл и Дејвид Расел, седат на маса и зборат за филмови. Што треба повеќе?

Кога Европјаните би биле бегалци

Што ако светот се соочи со бегалска криза ама со обратна насока од актуелната? Што ако Европјаните се оние кои бараат засолниште на Блискиот Исток? Едно кратко филмче се занимава со оваа непостоечка но отрезнувачка ситуација.

Спотот за кој Трамп дава два милиони неделно

Доналд Трамп успеа да ја води републиканската трка за претседателски кандидат без ниту една ТВ кампања (ви текнува?). Сега кога се ближат битните предизборни тестови во Ајова и Њу Хемпшир, Дамб реши да го јавне и етерот, со првиот спот за чие објавување ќе дава по два милиони долари неделно. Спојлер за неупатени: бара забрана за влез на муслимани во САД, "додека не сфатиме што се случува".

Ручекот низ нос

Не фигуративно како што твоите ти кажуваат на секое карање на маса во недела, туку вистински. Само затоа што бебево многу е бебе, целата сцена не е така одвратна како што може да биде. Да беше возрасен, ќе требаше до крај на живот да слуша дека треба да престане со пиење / дрогирање.

Како Јутјуб ќе нè избрише сите нас

Дечкото ставил видео на Јутјуб. Па го симнал видеото од Јутјуб и повторно го качил. И така 1.000 пати. Сторијата не е шокантна заради тоа што сè мора да издржат серверите на платформата туку заради тоа што ќе остане од човештвото ако Јутјуб биде негова единствена архива. Помислете 10-те божји заповеди, наместо на камен, да беа аплодирани на Јутјуб.  

Ова некогаш ќе пукне

Иако никогаш не е топ опасност во светот, отсекогаш сме мислеле дека планетава ќе отиде у курац баш од овие: Индија и Пакистан, смртно раскарани околу Кашмир и остало, а и двете земји се нуклеарни сили. За среќа, нивниот ривалитет засега е само ултрасмешен. Погледнете како си ги мерат кога е време за смена на војниците од двете страни на границата. Секоја вечер се случува ова!

Балет од болка

Балетаните се борци во тајландски бокс. Тоа што ние го гледаме како ќотек, они го гледаат малку поуметнички.

Невременска 2015-та

Истите луѓе што ја правеа Новинарска 2015-та, посветија посебно внимание на луѓето што читаат временска прогноза. Ова им е компилацијата.

Домаќинка на ЛСД

Ексепримент од 50-тите години, ги снимаат доживувањата на една сосема обична жена под дејство на халуциногениот ЛСД. Дисконектирана од реалноста, се чувстува прекрасно, сè околу неа е колоритно и живо и убаво, жал ѝ е за оние што не можат да го видат она што таа го гледа. Накратко, како наша денешна домаќинка откако ќе изгледа серија вести по нашиве ТВ Трипови. 

Никогаш повеќе не си сакал да купиш шајбна

Самата тема на видеово е фабрички незанимлива за секое човечко суштество, меѓутоа ја надградиле со добар текст, прави кадри кои се прецизно монтирани и одлична употреба на графика. Крајниот резултат е една сосема непозната желба да земеш и да ја смениш секоја можна шајбна во животот.

Политички дијалог на врвот

Ситуација слична на она од предвоените времиња на екс Југославија, кога на објект на хрваска пошта некој имаше напишано "Ова е Србија!", на што некој му објасни: "Ова е пошта, будало!" Израелски доселеник сака да симне палестинско знаме од територијата на неговата држава, со тоа што таа територија случајно е нечиј домашен кров. И онда напупен меѓу бодликави жици започнува дебата со домаќинот.

Шоферски нерви на денот

Погледнете го овој возач на Хезболах како трпеливо ја чека вистинската секунда за да го помрдне возилото напред и да ја избегне ракетата упатена кон него. А вие не можете на време да тргнете кога ќе се запали зелено на семафор!

Свеж воздух во конзерва

Канаѓани ова им го продаваат на Кинези и таму е наводно вистински хит. А кој е напатен како скопјани, тетовци или битолчани ако не пекинжани?