Разно

На точак во Берлин, теорија вс. реалност

Може е време да му помогнеме на Германецот да се организира за да си ги реши проблемите.

Колку луѓе има убиено Тарантино?

Да ги пребројуваш мртвите во филмовите на Тарантино е една амбициозна пописна операција. Видео есеистот Кевин Б Ли не го мрзело па седнал и поминал низ сите тие негови филмски масакри. Да не ви ја расипуваме конечната бројка ама, бааги е. 

Алтернативна синхронизација на Ѕвездени војни

Алтернативна во смисла нема везе со филмот, ама изгледа комплетно автентично ако им читаш од уста. Нема спојлери, сите клипови се од "добрата" трилогија.

Мајка Тереза: Пеколниот ангел

Светоста на Мајка Тереза е претпоставка која е прифатена од многумина кои дури и не се верници, објаснува Хиченс, кој потоа трга од почетокот на целиот мит што се создава на Западот околу неа, па потоа дава едно поинакво гледиште за една малку поинаква Мајка Тереза.

Послушајте дрва заговорнички

Една од главните теории на заговор околу 11-ти септември, која цели на тоа дека нападот е организиран од власта, ЦИА, Евреите, масоните или кој и да им е на дневен ред, е дека авионското гориво не може да ги стопи челичните столбови од кои беа направени кулите Близначки. Човеков има металуршка работилница, не од хоби, туку затоа што цел живот го работи тоа. Не му е гајле за никаква теорија, ниту нечии побуди, гајле му е "за ретардураната металуршка логика" што се користи како аргумент.

Сè што треба да знаете за подемот на ИСИС во 6 минути

Како и секој добар американски хорор, и овој започнува со - Советскиот сојуз во 70-те... Кратко и јасно видео за создавањето на ИСИС, како се ширеше, како ќе биде поразен, ама никогаш нема да биде уништен.

Две македонски тв дебати околу марихуаната

Денес излезе веста дека под најитна постапка (најкасно до март следната година) ќе се носи закон за легализација на одгледувањето и користењето марихуана во медицински цели. Во рок од неполни 15 дена, на две македонски телевизии имаше по една дебатна емисија на потполно истава тема. Потсетување на двете емисии и што беше кажано.

Решавање љубовни проблеми со магија, поволно на 3 рати

Не е проблем што женава ангажира гатачка по препорака од интернет форум, ниту тоа што верува дека таа со праќање пасоси од Куранот на арапски ќе и го врати бившиот, веројатно не е ни тоа што ја заклале за 150 евра. Проблем е што кога некој ќе ти каже дека магичниот лист што ти го пратил треба да го чуваш 40 дена под перница, па да го закопаш, и дека тоа далечински ќе му ги прочисти емоциите на саканиот и ќе го натера да ти се врати, на тебе целата работа ти станува матна кога текстот што ти го пратиле не ти е доволно арапски, па се сомневаш дека нема да фати кај тебе. Проблем е и тоа што секој што решавал магии во Србија, кај да е ќе се симне и во Македонија (или барем ќе гостува).

Големиот Фејсбук грабеж (на видео прегледи)

Како што Фејсбук одлучи да тргне во поход по видео содржини и сите можни алгоритми да ги наштелува во корист на видеата објавени кај нив (си го мерат со Јутјуб), така луѓето што прават видеа од ден на ден стануваат се погневни гледајќи како на очиглед на Фејсбук луѓе им ги крадат видеата и заработуваат (поточно со Фејсбук делат) пари од нивен труд. Во ноември Фејсбук објави дека имаат 8 милијарди видео прегледи на ден. Ништо не е така како што вели Фејсбук.

Зошто мислиш дека суплементите се здрави?

За витамините од кутија и некои многу, ама многу, лоши муабети за витаминот Ц, баш сега сред сезона.

Руски игри без граници

Несакајќи, најдобриот експеримент што Митбастерс никогаш не го направија: огнофрлач вс. пожарникарско црево.

Монтажа за филмот од 2015-та

Најдобрите 25 филмови во избор на Дејвид Ехрилх од Ролинг Стоун магазин (што не значи дека изборот е на Ролинг стоун магазинот). Ова му е 4-та година по ред како го прави ова.

Како да возиш точак (во Амстердам)?

Една од сериозните заблуди околу желбата сите да возиме точаци, е дека кога ќе ги поразиме возачите на коли / мотори и ќе добиеме наша лента, ќе можеме што сакаме да правиме на точак и ќе живееме во една прекрасна хипи комуна на две тркала во која во сообраќајот ќе се шири само љубов. Секој што развил тикови кога пробал на точак да го разгледува Амстердам или Копенхаген, ќе ви каже дека тоа не е ни приближно така анархично и лесно. Холанѓанецов ќе ве запознае со основните велосипедски правила за Амстердам.

И хипстерите се луѓе

Кај треба да се вози со автобус, па уште и вас да ве слуша. Не е јасно што е спорот со хармоникашите, тоа што се "цигани," тоа што свират хармоника или што ги доживува како да се облекуваат похипстерски од него?

Прес битка (како кај нас, само без мајки-шајки)

Од една страна е портпаролот на американскиот Стејт Департмент, од друга, новинарка на Раша Тудеј. Борбата може да започне.

За непотребните кујнски помагала

Затоа што нешто е 3 долари на Али Експрес не значи дека треба да го купиш или дека како било ти е потребно. Ќе го купиш, ама не значи дека треба.

Борат му упадна на Џими Кимел

... Не сум му фан на Саша Барон Коен... неговите ликови се многу навредливи, Али Џи, Бруно, и овој новиов, Доналд Трамп...

Кога дебелките ќе се замислат

Boogie2988 е еден Јутјуб лик со речиси 3 милиони следбеници на својот канал, кој генерално расправа видео игри, ама фаќа и други теми. Инаку Буги е дебел, околу 140 килограми дебел, и до пред некое време помирен дека како таков и ќе умре. Не дека не пробувал да ослабе, ама генерално не му успевало. Еден од тренерите со кои се обидувал да ослабе, деновиве му праќа линк од Јутјуб.

Две приказни за ѓубрето

Едната е за Њујорк и комплексот кој го обработува отпадот што доаѓа од градот (за сега добиваат само 45% од целиот отпад што може да се рециклира). Втората е за Камикатсу, јапонскиот град кој не остава никакво ѓубре и отпадот го делат во 34 категории за рециклирање. Луѓето по дома го делат ѓубрето во 34 категории.

Џон Стујарт се врати во Дејли Шоу (на кратко)

Американскиот конгрес под притисок од јавноста пред 5 години одобрува финасирање за еден многу човечки проект (помош во лечењето на луѓето кои први пристигнаа да помогнат кај кулите близначки), што беше поздравено, и од двете страни промовирано како нивен успех и сериозно остварување на законодавците. Во септември завршија овие 5 години финансирање, но не и лечењето на луѓето (имаат рак), а конгресот одби какво било продолжување на проектот. Џон Стујарт пред 5 години беше еден од предводниците на иницијативата за овој проект.

Како да познаете дете со сина крв?

Мулај Хасан е син на мароканскиот крал Мохамед Шести и принцезата Лејла. Престолонаследник е, еден ден ќе го наследи тронот на својот татко. А малиот веќе е аристократ кој не дозволува возрасните луѓе со кои еден ден ќе владее, уште сега да прават будали од себе. 

Како се калеше иглуто

Застануваш кај што има снег. Секаде има. Почнуваш да сечеш блокови. Ги редиш во круг, еден над друг. Знаеш како, и ти успева затоа што си Еским и цел живот сечеш блокови и ги редиш во круг. Оп, иглу.

Со мечиња да не фрлате

Колку плишани мечиња собира на игралиште за хокеј? Рекордот што е поставен во неделата на напреварот меѓу Калгари Хитмен и Свифт Курент Бронкос е 28.815. Сите овие мечиња потоа се собираат и се делат на околу 60 добротворни организации. ЕДИТ: отец Пимен реагираше со хокеарска брзина.