Разно

А ова се вестите во август

Не дека водителите на вести нешто посебно не пазат во август затоа што никој не ги гледа, или дека се нешто посебно внимателни во другите месеци, ама доволно време се пред камера за да им собереш компилација на глупости. А глупости ќе има.

Каде е Господ после Аполо 8?

Ако нешто ја крши самобендисаноста околу креативноста и прогресивноста на твојата генерација тогаш тоа е репортажа од 1968, за која комунистички новинар на Радио-телевизија Белград станува од редакција, зема цела екипа и оди во Мрчајевци (да, селото што го дава Мирослав Илиќ) за сериозно да разговара со селаните на тема - слетувањето на Аполо 8 на Месечината, и како тоа влијае на нивното поимање на Господ и општо верата. Малнар со цела екипа на Вајс не би составиле ваква репортажа.

Те молам пак да расправаме за твои дилеми

Татко преполн со филозофски двојби, му го поставува на својот 2-годишен син „проблемот со количката“. По видеово филозофијата веќе не му проблем, сфати дека си има други проблеми. Што се однесува до малиот, изгледа како да ќе реши многу прашања во светот, само никој да не му брои луѓе.

8 чаши вода на ден

Треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Не треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Треба. Не треба. Треба и здраво е. Не треба и не е здраво. Треба! Не треба! Треба... Не, не треба...

Првиот филмски трејлер направен од компјутер

Приказната е следна: Фокс ги контактираат ИБМ и бараат Вотсон (едно од најголемите достигнувања во вештачката интелигенција) да направи трејлер за Морган, новиот филм на Фокс на тема вештачка интелгенција. Пред да го состави трејлерот Вотсон "гледа" стотици трејлери од хорори и трилери. Ова е трејлерот што Вотсон одлучил да го состави.

Бракот како единствена причина за развод

Да не биде баш сурово како „сите ќе умрете“, ама сите ќе се разведете. Барем кон тој исход тера целата на прв поглед многу издржана логика на клипов.

Дај ми доволно големо ластиче и ќе го оладам светот

Не е тој Ајнштајн па да ви ја објасни својата теорија со едноставна формула. Ама затоа има ластичиња и има мустаќи па е интересно да се прати јал ластичето ќе му пукне и ќе го запука по тоа мустаќот. А дали неговата идеја за фрижидер кој ќе работи на ластичиња е генијална, појма немаме. Само знаеме дека ластичето не му пукна.

Село

Посветено на сите луѓе кои живеат во селата на поранешна Југославија.

Клип што ќе ви го расипе филмот

Поентата е дека филмските награди се начин на кој им се одава признание поважните уметнички достигнувања во кинематографијата. Во реалност, поентата е кој ќе даде повеќе пари. Толку од филмот.

Величенствената

Треба да се помириш дека никогаш нема да бидеш толку самоуверен во себе како дебела тинејџерка што на инат на сите хејтери снима видео туториал за тоа како се мацаат орео колачиња во млеко, притоа проаѓајќи ги сите глупи стереотипи што би ви текнале за неа.

Моментот на предавството

Наивни, пренаивни деца што уште веруваат дека родителите им мислат само добро. И така се до моментот кога ќе им дадат да пробаат темно чоколадо, вистински темно чоколадо со над 70% какао.

Как да надебелеем здравословно

Затоа што треба Бугарите да ни покажат дека не мора секој филм да е социјално-економска-историска драма. Затоа што чуда може да се случат кога човек фантазира. Затоа што (и најважно) во филмчево е фраерски да си дебел и луѓето живеат за да јадат бидејќи најважно е да си дебел. Заради буцката и тој сувиот што толку многу сака а не може да се здебели... Почнуваме: Во свет каде што нема гравитација, а слабите луѓе одлетуваат во небото.

Секоја можна Вајс репортажа

Сторија за канадска шверцерка, која пренесува изворска канадска вода во САД и ја продава за 60 долари од литар. Комплетна пародија изработена од This is That, што совршено го покрива (инаку извонредниот) шаблон на Вајс.

Деновиве пред години, Бајден за Србија и Србите

РТ го потсетува Бајден, а и Србите, што мислеше и што збореше овој за Србите во 90-те. Нешто во рамките, треба да ги: бомбардираме / окупираме / ставиме во концентрациони логори.

Многу глупа фора, што многу успева

Човекот се вика Питер Несс (не, не се вика така), а се потпишува П. Несс, или латинично P. Ness. Па? Па, прочитај го на англиски, никој не рече дека е добра фора.

Монтажа на троновите

Шеста сезона заврши, седма ќе почне уште покасно отколку вообичаено. До тогаш? До тогаш, монтажи, ама добри монтажи. Приказните за пет ликови: Данерис, Џон, Тирион, Џејми, и Нед.

Лекции за живот од фотографија

Човеков се вика Џими Нелсон и веќе над 30 години фотографира племенски и домородни луѓе. Ова го прави најпоштено, оди сред Африка, сред Монголија или сред која било друга недојдија и ги фотографира мештаните. Она што го кажува го има научено од тие што ги снима.

Имаш крадци на точаци, и го имаш ликов

Крајниот исход е - украден точак, меѓутоа патот до таму е многу поразличен од она што можеш да помислиш дека ќе се случи, и тоа претежно на штета на дрвото.

Силициумската долина на Уганда

Сместена е во областа Буламбули, и до сега меѓу другото имаат создадено неверојатни проекти како 3Д принтер за свежи јајца, и персонална станица за ревитализирање луѓе. Како ова да не е доволно па сега собираат пари за нови проекти. Без разлика на нивните достигнувања, видеово само по себе заслужува да го има во учебници за маркетинг.

Турски ред и мир

Аеродром во Истанбул, неброени коли паркирани по принципот "одма се враќам само да се поздравам" и еден "пајак" што функционира многу различно од нашиот пајак (ама врши работа само за паралелно паркирање). Пајакот проаѓа на 5 минути и не простува.

Како почнуваат ʼрчките на Балканот

Човекот мисли дека зборува за тоа само како почнуваат кавгите меѓу Србија и Хрватска. Прво он нека не се лаже сам себе, второ ние да не се лажеме сами себе.

Модни предвидувања

Видео од 1939 година во кое тогашните модни дизајнери предвидуваат како ќе изгледа модата во 2.000 година. Утка до утка. Издржете ги тоа жените за да ја видите визијата за мажот.

Најголемиот шупак на светот

Дури и ако цел живот, до последниот ден, некој го помине како шупак, никогаш не е доцна да се поправи впечатокот.