Разно

Секој можен ТЕД говор

Гласот, кликањето, сакото, држењето на прстите, лаптопот и слајдовите, повторувањето на еден збор, приказната што нема никаква врска со тоа што го збори. Од една страна видеово е пародија, од друга видеово е одлично чекор по чекор упатство ако некогаш ви дојде да зборувате на ТЕД.

Трагедијата и по неа

Клучно видео кое може да биде водилка за секое понатамошно расудување околу правењето вицови на Твитер (или која и да е социјална мрежа) по трагедија од какви било размери или причинители.

Њујоршки микро-станови

55 нови апартмани за издавање, од основните модели од 25 па до "удобните" од 31,5 квадратни метри. Мали, компресирани и паметно дизајнирани од архитектите на nArchitects. Кириите од 2,5 до три и нешто илјади долари месечно. Локација: East 27th Street, Њујорк.

За норвешките работи

Еден од проблемите на Мајкл Мур во правењето на "Sicko" е документарецот да не им излгеда како научна-фантастика на Американците, а сепак во него да има факти од животот во Европа (конкретно Норвешка). Решение? Ќе стишиш малку тоа фактите, за да не мислат дека измислуваш работи. П.С. Мајкл Мур е на чекор од комплетна трансформација во Џаба Хат.

Лекции по филмско сценарио

Не треба само да имаш добра приказна туку треба да знаеш и да ја раскажеш. Вонредно добра анализа на сценаристичките мајстории во филмот Gone Girl. Грда пауза. Кликни за повеќе.

Зошто не треба да ја следите својата страст во животот

Наспроти сите длабоко мудри Тамблр цитати што ќе ги видите, го имате видеово од Мајk Роу со една многу проста логика: само затоа што имаш страст за некоја работа, тоа не значи дека нема да бидеш апсолутно ужасен во тоа.

Германски осврт на Британија и Брегзит

Ретко добро инсајдерско пердашење на Британија, нејзината умисленост дека уште е голема сила или дека некого плаши со излегувањето од Унијата.

Лет над новото седиште на Епл

Изградбата на Епл Кампус 2 треба да чини околу 5 милијарди долари, во него ќе бидат канцелариите на 13.000 вработени на Епл, сместен е на плац од 26 хектари, требаше да биде готов до средината на 2015, ама од тогаш рокот е поместен на 2017. Ова е статусот на градбата во јуни 2016.

Кој, кого и како се може да прислушкува?

Вајс во претпоследната епизода го обработуваат прислушувањето, поточно целиот механизам што го има на располагање американската влада и алатките што може да ги купат "приватњаци" или други влади. Како показна вежба за еден од методите се зафаќаат со мобилниот на еден нивен репотер кој во моментот е на задача преку пола свет (во Пакистан). Ниту имаат физички контакт со телефонот, ниту се во негова близина, а зошто би биле кога тоа им е комплетно непотребно.

Џон Оливер само што поклони 15 милиони долари

Како дел од сегментот за долговите во САД и што и како се прави со нив, Оливер основа компанија за купување на долгови и почнува да ја работи. Конкретната транша се однесува на долгови направени од болничко лекување, а компанијата за 60.000 долари купува долг од речиси 15 милиони долари.

Тест за вашето јаболко

Нормално дека јаболката кои денес ги купуваме по тезгите се мазни и совршени и немаат ниедна зуцка од црв. Црвот не е глуп, како инаку би преживеал илјадници години на планетава?

Никој нема право да живее без да биде навреден

Филип Пулман за правото на говор и твоето право да бидеш навреден и што можеш да направиш во врска со тоа, а можеш многу да направиш.

Кнедлите на баба

Краток филм од серијал поддржан од УНЕСКО а посветен на бабите од овој свет. Малку за фамозниот хрватски десерт од компири и сливи (ако се добро направени, да се удавиш во нив!), малку за судбината на една српско-хрватска фамилија расселена од војните во екс Југославија.

Сè што не треба да направите кога пиете

Ќе го видите како изгледа Стив Карел откако Колбер го носи на пијачка, во истражувачки цели, за да покажат како влијае алкохолот на скоро па нормален човек. Па по ова имате една рецензија на сите негови грешки.

Бетонски спијачи

Најава за хрватски документарец во 4 епизоди "околу модерната архитектура во Хрватска и регионот на поранешна Југославија, подрачје кое е единтсвено по бројот на напуштени и разрушени згради од 20-от век, со исклучителна архитектонска вредност. "

Стив Ирвин за катастрофи

Човеков има исто понашање спрема катаклизмични природни ситуации, како што Стив имаше спрема докажано нечовекољубиви суштества од типот "пазете, она таму е најотровната змија на светот... и сега ќе одам да ја допрам!"

Bullshit!

Американскиот филозоф и автор на бестселерот "On Bullshit" Хери Франкфурт, и неговата теорија за срањата како алтернатива на вистината.

Иднината на сообраќајот е кинески автобус

Нема приземје, туку има само горен спрат. Нема гуми, а може и да има. За сега е само концепт што беше претставен на меѓународниот Хај-теч саем во Пекинг, а според луѓето што го смислија, тој би функционирал како метро, само што би чинел 20% поевтино да се произведе и постави.

Универзумот во 4 минути

4-минутно објаснување по кое работите ќе ви бидат подеднакво јасни како и пред да го изгледате видеово, најмногу затоа што не дечково не му чуе дали и што си разбрал.

Се враќаме веднаш по рекламите?

Ако ве нервираат долгите блокови тв реклами или флеш банерите по веб сајтовите, запамтете го ова време, бидејќи еден ден ќе бидете носталгични по него. Како ќе изгледа кога физичката и виртуелната реалност ќе се спојат а вашата околина ќе биде само простор на кој ќе можат да се закачат нови рекламни пораки? Ќе се вратите од рекламите, ама папсани. 

Куќа се од корен корнеше, буквално

Во делови од Кина периодов се случуваат поплави кои направија прилично штета, а имаше и жртви. Ако е нешто позитивно околу видеово, е што тука немаше жртви.

За американскиот изборен систем

Еден од најуникатните изборни системи влече опашки од време кога било попаметно да не се остави на народот сам да избира, бидејќи баш и не е најдобар во тоа, или пак не знае што прави, или пак и двете. Официјалните партиски кандидатури почнаа минатата пролет (иако Хилари уште од почетокот на вториот мандат на Обама), и сето ова ќе заврши летово на партиските конвенции кога ќе биде избран партискиот кандидат за изборите. Појаснување за правилата по кои ова ќе се случува.

Кога Американците видоа европски прозори

Заради некоја причина Американецов е подеднакво воодушевен од прозори во една куќа во Германија, како Индијанец што прв пат држи огледалце во рака. А прозорите стварно не се ништо вонредно, прозор ко прозор, се отвора.