Разно

Разлика меѓу дизајнер и клиент

И разликата меѓу дизајнер и обичен корисник, и разликата меѓу очекувањата и реалноста, и разликата меѓу уметност и дизјан, и кои се работи дизајнер треба да ги одбие. Посебно ова последново.

Неколку минути драма за 27,8 милиони долари

Земете го кое било финале во фудбал, помножете го со трите најнапнати натпревари во ракомет на македонска репрезентација, и нема да бидете ни приближно до драмата во оваа рака покер. Комплет сценарио, позитивен лик, негативен лик, споредни улоги, тензија...

Две видеа за дебели

Заради комплексноста на проблемот иако двете видеа се крајно спротивставени, и двете се точни. Симплифицирање на стероиди: 1. Не е срамота да бидеш дебел, 2. Не ти се другите криви што си дебел и ако ти е проблем, не е тоа нешто што не можеш да го смениш.

Руски лајфхак на денот

Нема зошто да не веруваме дека ова успева. Проблемот што ова видео го решава е: како да ставиш кока-кола, пепси или сличен кола пијалок без да ти се прави пена. Иако цело видео е на руски, сè ќе разберете. Ретко воодушевувачко решение.

Трамп или Хилари? Да!

Одиме на конвенцијата на американскиот трет пат, кај либертијанците кои го избраа Гери - Алепо? - Џонсон. Да видите каква збирштина од луѓе е тоа. Да беше жив Малнар, ќе ги собираше во емисија. Со кои теми се занимаваат тие? Дали ти треба дозвола за да возиш кола.

Компилација за земјоделци

Малку чудовишта, малку домашно производство, малку "чекај, и тоа со машина го вадите???", малку незгодно што си игнорантен кон целата работа и уште мислиш дека земја се работи како што тоа изгледало во учебник по ЗПО од 1988.

Што се случи со нацистичките шлемови по војната?

Како и во секоја квалитетна економска криза, така и во немаштијата по Втората светска војна просто било недомаќински да се расфрлаш со ресурси што и онака ги немаш. На пример, квалитетен метал од кој се изработени германските шлемови.

Секогаш постои (поглупа) алтернатива

Пишавме пред некое време дека "ни од третите нема фајде" (види: Алепо? Се мачка на леб?) а Џон Оливер тоа фино им го разработи на американските гласачи кои се соочени со непривлечната понуда: Хилари или Трамп. Им објаснува дека наместо "да го изберат помалото од двете" тие всушност треба да го изберат "најмалото од четирите зла".

Најважното видео што ќе го изгледате денес

Рамо до рамо со глобалните мистерии Атлантида, летот МХ370, како може да ја викаат пастрмајлија ако нема пастрма, Бермудски триаголник, опстојува една нејаснотија која само благодарејќи на вашите силни живци до сега не ве извадила од кожа - за што е тоа едно екстра дупче за врвки на вашата патика?

Не сите сакаат да снимаат видеа за излегување на гласање

Ок, за сите не можеме да збориме, за Азиз Ансари можеме.

Малку наука во наша полза

Ѕирнете го видеото, нè мрзи да го објаснуваме.

Пиксар за возрасни

За да покажат дека анимациите не се само за деца, двајца од Пиксар го направија ова кратко, озбилно и доста мрачно филмче за големи луѓе.

Приказната за 15-годишниот бодибилдер

Заедничко за тинејџеров и дел од останатите бодибилдери е што зема стероиди. Различното кај него е што овие останативе што во животот земале стероиди изричито му кажуваат да не зема стероиди на 15 години, и дека не знае што му прави на сопствениот организам.

Дали е поважно да си искрен или учтив?

Кога ќе видиш и двата типа на луѓе се исти, само што вторите пазат тоа што имаат да ги го кажат да не ти го плеснат во фаца.

Проблемот што мислиш дека другиот секогаш е морон

Има еднo глатко игнорирање на луѓето со различно мислење, па наместо да гледаш да го објасниш својот став, тебе ти е поважно да бидеш во право. Барем така вика Џим Гафиган, па после има уште нешто да дополни.

Штипка во 10 потези

Како онаа владина реклама за креативност (во жицата да се види спојувалка) така и стариов во парче дрво гледа штипка. А не дека ние не гледаме баш ништо во тоа дрвце. Само треба да седнеме на кафанска маса што се клати, одма ќе ни текне за што да го употребиме. 

Купено!

Со должна почит кон сите проблеми и предизвици на нашето одење на Марс, ние сепак би почнале со епските заебанции кои не чекаат на пократките релации. На пример, што со главата кога заспиваш во автобус или авион? На страна ќе се искривиш, нанапред ќе се укочиш а ако тимбата ја ставиш во лер па слободно се клацка, некој одма ќе те сними и ќе те фукне на Јутјуб. Кажете драгичка. 

Хаксли за техно - диктаторите

Ако сакаш својата моќ да ја задржиш неограничено, треба да ја добиеш согласноста на владеаните.

На работа, на ганџа

Работен ден во фарма за канабис на затворено. Не, не дуваат по цел ден, него ја имаат средено на ниво на аптека и сè изгледа толку бајковито што мислиш дека можеш да ја помирисаш марихуаната.

Решен проблем

За магија да успее, треба да веруваш во магија. Она не верува, он верува, она му раскинува (веројатно од љубомора затоа што на човекот му оди во живот).

Метју не се заебава, не се заебавајте ни вие

Некогаш медиумите се посериозни отколку луѓето до кои се обраќаат. Како изгледа една сериозна, професионална и ургентна порака на американски метео канал за луѓето од Флорида и другите области кои ќе се најдат на патот на ураганот Метју.

Како се калеше Мекнагет

Мекдоналдс е американска компанија за брзa храна, која ја има во речиси 120 држави низ светот со околу 36.600 ресторани. Меѓу останатите работи на менито, Мекдоналдс имаат и Мекнагет, парчиња похувано пилешко.

Како тројца мажи креираат "силен женски лик"

Измислен состанок меѓу филмски режисер, автор на Марвел стрипови и автор на манга. Целта на измислениот состанокот е да креираат измислен силен женски главен лик, за некој иден измислен филм.

Кинолошка демократија

Нафтена компанија сака да пушти цевки. Домородци од 90 племиња сакаат да ги сочуваат своите гробови и свети места. Домородците имаат право на протест. Компанијата има кучиња. САД, Северна Дакота, денес.