Разно

Турските Ѕвездени војни

In a Turkish galaxy far, far, away... Или, што би се рекло на нашки: Турче галакси, уџум, уџум ептен....

Кога левото почнува да звучи како десно

Глен Бек е една комплетна лудачина (самопрогласен катастрофист), кој повеќе од 10, а посебно последниве 8 години, секој потег на американските либерали, посебно на Обама, го доживуваше апокалиптично и идентично ѝ го пренесуваше на својата публика. Иако десничар до срж (на времето ја поддржуваше и Чајанката) тој пред изборите се крена против Трамп. Во моментов, поделеноста во САД е дојдена до точка во која Глен Бек стана глас на разумот (ок, со прилично реформирани ставови) и почна да учи левичари - опрајте се, станати сте катастрофисти, личите на мене.

„Лажните вести“ се новото „оружје за масовно уништување“

Погледнато од аголот на Алекс Хигинс, чија екипа смета дека корпорациските медиуми се трудат што подлабоко да го всадат стравот од лажните вести со цел во крајна линија да се ограничат или уништат независните и алтернативни медиуми со вовeдување цензура на погледите што се против естаблишментот. Хмм...

Американска порција контра француска порција

Американец ќе изеде една порција, Французин ќе изеде една порција. По некое време, Американецот станува двојно подебел од Французинот. Јасно е каде е иксот во равенката?

Како се мести на Редит?

Редит, или „фронт пејџот на интернетот“, е една од навлијателните глобални платформи за промоција или добивање гласност на вести, музики, видеа и секакви други содржини. Нивниот комјунити модел (корисниците гласаат за и против) се чинеше како ефикасна заштита од манипулации. Но ако таму е толку лесно да се штима популарност, тогаш интернетот наскоро ќе дојде во фаза кога ќе се верува во нешто прочитано на него само ако лично се познава авторот.

Што и да се реши деновиве, ова пак ќе важи

"Попрво би да имам демократија што не секогаш оди во моја корист, отколку да немам каква било демократија," порачува Џонатан Пај за брегзит и Трамп, и потоа ги имате најдобрите две и кусур минути предавање за демократијата и сè што сте заборавиле околу неа.

Дојде време и ние да запалиме свеќа

Не се секирајте, се знаеме. Ова има сосема поинакво наравоучение: Кому му е потребен пријател кога има стопен кашкавал?

Пред да е доцна

Сцена од филмот за кој пишувавме тука која го покренува она прашање "Што ако стварно?" И стварно, зошто луѓе онака опседнато висат на Фејсбук, нон-стоп заклучуваат дека е нешто крај а никако да стават крај?

Паганизмот во американската армија

Бидејќи земјата дозволува слободно да одбереш во кој Бог ќе веруваш, расте бројот на оние војници кои не можат да се решат за еден. Тор, Один, Зевс или Перун, секој е добредојден кога ќе се најдеш во некоја авганистанска недојдија.

Анти-стрес мадиња

Сега секој може одвреме навреме да ги почеша, без разлика дали ги има во својот основен пакет. Овие се лепат по масата на која работите и во секое време ви се при рака.

Ова треба Оскар да добие

Што и да ви кажеме, нешто ќе упропастиме. Си работат луѓето, секоја чест.

За бизнисот со природни елки за Нова година

Лошо: за божиќни празници во САД, фармава сече и продава еден милион елки. Добро: секоја следна пролет на местото на исечените дрвја, сади еден милион нови елки. И така цело време. Просечната елка е висока околу 2 метри и се сечe 8 години по посадувањето. Овие милион дрва треба да бидат исечени во рок од 6 недели.

Како Кинезите прават мутерче

Ние имаме ковачи, Хрватите имаат и Мишо Ковачи ама Кинезиве се вон секоја конкуренција.

Зошто нашите партнери нè излудуваат?

Затоа што сме убедени дека во љубовта бараме среќа а всушност сме во потрага по едно чувство кое за првпат го имавме во детството, смета филозофот Ален де Ботон кој поголемиот дел од својот работен век го мина промислувајќи ја таа заебана психоемотивна машинерија наречена љубов. Што би се рекло научно: месо гледа, компир вади.

Како изгледа поправање на џиновска гума од 30.000 долари

На еден од оние џиновски булдожери му се дупнува (или како и да се оштетува) гумата, по што завршува на поправка. Процедурата наликува на операција на човек, ама за разлика од операција е чисто уживање да се гледа. Доброто е што гумата има гаранција од 4.000 работни часови, па ова не се така чести поправки.

Дутерте во божиќно расположение

Во сеопштата војна против нарко-дилерите на Филипини убиени се 5.617 криминалци, од нив над 3.600 се убиени од улични осветници, другите илјада и кусур од полицијата. Дутерте во изборната кампања најави дека ќе убие десетици илјади криминалци, притоа повикувајќи ги луѓето да убиваат нарко-зависници. Кога дојде на власт, се што вети почна да остварува, а овие над 5.600 луѓе се убиени од 1-јули годинава. За Божиќ тој испрати срцепарателна порака до целата нација - гледајте ова да не ви е последниот Божиќ.

Кога е време да дадеш отказ на работа?

Веројатно прв симптом - си почнал да кликаш на видеа за тоа "Кога е време да дадеш отаз на работа".

Роботот што веќе ти го има научено потписот

Поштен човек ќе се воодушевува на технологијата и инженерството зад нејзе. Криминалец ќе се воодушевува на способноста на машинава совршено да напише кој било потпис и одма ќе бара кој може да му ја донесе (по можност без царина).

Суперхеројот што му треба на човештвото повеќе од кој било Авенџер

Супермоќта што ќе ја поседува овој праведник е на луѓето во лице да им кажува дека "серат", и соодветно на ова тој ќе биде познат како - Булшитмен. Најдобриот дел од целата работа е што ликот, супермоќта и името се дело и желба на - Карл Пилкингтон, богот меѓу луѓето. Плус, сака да лета.

Фејсбук не е бесплатен

Тоа што не ти бараат пари за да користиш нешто не значи дека луѓето не заработуваат пари од тебе, а оваа алхемија на правење пари од податоците од своите посетители Фејсбук ја има совладано непоправливо добро.

Англиски за почетници

Иако пред некој месец сами се спасија од миграцијата, сценариото само по себе е британски кошмар: полски пензионер кој успева за кратко време да да научи англиски јазик и трга за Британија. Ај сега да видите како така црно сценарио може да се направи неодолива божиќна реклама.

И ти ли брате Монтреал

Првиот снег секогаш е посебен сеир кога ќе зафати делови од планетава што снег имаат видено само на Зимска Олимпијада, ама не и за луѓе што редовно се потрупани со снег, како жители на Монтреал. Во нивна одбрана ова се случува на удолница.

Амазон отвори продавница без каси

Од комоцијата што ја доби откако речиси го уништи бизнисот на физичките продавници, Амазон фати да иновира на тема продавници / супермаркети и реши во погон да пушти гранап (горе-доле) без каса. Идејата е на влез се чекираш со телефонот, и после само полниш во торба, кеса, џепови, а они сами знаат што си земал и колку да ти наплатат.

Клеопатра на Јаричкови

Дали знаете што била Клеопатра а не е Египќанка? Дека е Македонка пред многу години тврдеше и Џони Штулиќ (кога за првпат помисливме дека полудел) и таа теза води до лозата на иранскиот шах Пахлави. Кому му е тоа интересно, нека буричка наоколу. Видеото не е од некој опскурен извор туку од National Geographic.