На тркала

Газда стигна Ламборџинито

Ламборџини Венено е ултра ексклузивна серија на Ламборџини која е произведена во 3 примероци. Цената му е 3,12 милиони евра и вака изгледаше испораката на еден од трите автомобили во Мајами.

 

Решение против загадувањето

Судбината споила еден млад генијалец од Романија и еден машински инженер од Мелбурн. 500.000 лего коцки подоцна, го имаме овој автомобил кој сосе мотор е направен од познатиот материјал за детски играчки и воздух како погонско гориво. И го оставате пред зграда, и маалските сеирџии ви преместуваат едно 7-8 битни коцки.... 

Никогаш не е досадно на семафори во Русија

Сериозно, не треба ништо да правиш, можеш само да седиш и да чекаш некој да те изненади. На пример, чекаш зелено кога од никаде оваа шлеп служба се појавува... Само да стигнеш број да запишеш.

Руси во апсолутна паника

Како и секој обичен човек, двајцава Руси не можат да се соземат откако нивниот автомобил излета од автопат право во река. Реакцијата нема во скоро време да ја заборавите.

Нек иде Дунав

Поентата на понтонски мост е да остане над вода и да биде користен само во итни ситуации, а не како трајно решение. Ама, на овој мост му се паднало да биде поставен во Русија. Бонус поени за дечкото во камионот.

Самир бе, аман

"Самир ја кршиш колата!" Службен разговор меѓу рели возач и неговиот навигатор. Самир му ги искина живците на човекот. "Самир те молам слушај што ти зборам!"

Електрификација на точаците

Во суштина бицикл е бицикл затоа што нема мотор. Да имаше мотор, ќе беше моторцикл. За сите оние на кои не им пречат ваквите јазични детали, тука е Руби, едно мало кутивче кое секој велосипед го претвора во електрично возило.

Или гаси мобилниот или дај во трета

Во автокомпанијата Форд се надеваат дека Американците можат да научат да користат и мануелен менувач во автомобилите кои ги возат. Па направиле менувач кој вибрира кога треба да се смени брзина.

Кога и редот не е безбеден

Луѓето обично налетуваат на гужва во сообраќај, дечково улета во гужва... со 200.

Лани ја немаше

После каква сообраќајка шоферот одма вади да го листа локалниот ГУП или ДУП, пошто некои работи не му влегуваат во глава? После оваа.

Само да се брзало

Како изгледа трка на Наскар одблизу, на дел од патеката во кој овие пичат со 320 километри на час. Цапа-цапа-цапа-цапа... толку.

Еротика #наточак

"Луѓето кои живеат во големите градови стануват се посвесни дека е подобро да се има убав велосипед отколку автомобил," изјавуваат од Cicli Berlinetta, берлинската компанија создавање убави велосипеди.

Секој отпор не се исплаќа

Во 1989-та неименуваниот Кинез влезе во историјата откако одлучи да застане сред улица и да и пркоси на колоната текнкови кои беа тргнати кон Тиенанмен. Истото ова, со не така слободарска инспирација неодамна не успева во Русија.

Ништо на БМВ не е случајно

На сите луѓе што работат на БМВ, на крај доаѓаат и една група на луѓе (вкупно 14) чија единствена работа е - како звучи автомобилот. Ова опфаќа - каков е звукот на затворање врата, ставање каиш, затворање и отворање прозорци или багажник, звукот на жмигавец или копче на шалт табла.

Шал табла версус шофершајбна

S Моделот на Тесла го има најнапредниот и најзабавниот тач скрин интерфејс на светот. Огромен, 17 инчен екран со милион супер интересни подесувања за сите можни детали од возењето. Да, проблем е кога она што го гледаш на мониторот е поинтересно од она што ти се случува пред шофершајбна.

Сакавте патека? Еве ви патека!

Да се искрени, урбаните градоначалници најрадо би поделиле вакви велосипедски патеки, само да ги замолчат досадните велосипедисти кои во последно време се занесуваат со идејата дека треба да преживеат кога се возат со точак низ град.

Автопат за душмани

Затоа што на ниво на нација му го имаме стравот на автопатот низ Србија (конкретно на делот од граница до Ниш), до некои подобори времиња утеха може да ни биде што ете Србија е до нас, а не Украина на пример. Еве еден од автопатите низ втората опција.

"Рачната" што може да го сопре светот

Волво има некој систем што се вика Collision Warning, кој автоматски ја крева рачната кочница. Уште една работа, системот е за шлепери и кога го пробуваат треба да закочи од отприлика десетина метри. Еве како функционира.

Патот е песна

Ви текнува како свират автомобилските гуми на патот Скопје - Тетово? Факт поради кој доста скопски вулканизери се омрсија "поправајќи" ја непостоечката штета на тркалата, Е па исто и во Јапонија, само што кај нив можеш и терца да фаќаш. Ги замислувате дежурните во Македонија пат кога им пријавувате дека дел од патот им е фалш?

Кој пат оди Мариово?

Следниот пат кога ќе возите накај Плетвар или вашите напатени бандаши ќе минуваат преку минското авто-поле Велес - Скопје, замислете како дупките стануваат флуоресцентни а асфалтот ви црта снегулки... Ако не можете да замислите, тогаш слаб ви е дилерот. Некаде на средина на 2013-та, заминете во Холандија, таму ќе може ова и без дроги.

Оди па претицај

Возите со автомобил, наидувате на камион. Оди бавно, ама патот е прав и нема никој од спротивната страна. Тргнувате....

Што тоа значи?

Една жена, едно Пежо и еден упропастен бандаж, во Загреб. Таа е доволно љубопитна да застане и да праша: Што тоа значи? Ама наместо да го дочека одговорот (Тоа значи дека си цепаница), продолжува како ништо да не било.

Идеалниот автомобил за на снег

Иако имавме кратко време да организираме тестирања за тоа кое од актуелните возила е најдобро за возење во снежни услови, еден модел сам се одвои од конкуренцијата. Ако го догледате видеото до крај, ќе сфатите и една друга работа, не е само до колата, и до шоферот е.

Пресметката кај катната гаража

Ситуација како од легендарен вестерн двобој. Од една страна, таа... со автомобил наоѓа гаража. Од друга страна гаражата, со пакосно поставена угорница (која после некое време нормално станува удолница). Напнатоста постепено кулминира. Пали!