На тркала

Шал табла версус шофершајбна

S Моделот на Тесла го има најнапредниот и најзабавниот тач скрин интерфејс на светот. Огромен, 17 инчен екран со милион супер интересни подесувања за сите можни детали од возењето. Да, проблем е кога она што го гледаш на мониторот е поинтересно од она што ти се случува пред шофершајбна.

Сакавте патека? Еве ви патека!

Да се искрени, урбаните градоначалници најрадо би поделиле вакви велосипедски патеки, само да ги замолчат досадните велосипедисти кои во последно време се занесуваат со идејата дека треба да преживеат кога се возат со точак низ град.

Автопат за душмани

Затоа што на ниво на нација му го имаме стравот на автопатот низ Србија (конкретно на делот од граница до Ниш), до некои подобори времиња утеха може да ни биде што ете Србија е до нас, а не Украина на пример. Еве еден од автопатите низ втората опција.

"Рачната" што може да го сопре светот

Волво има некој систем што се вика Collision Warning, кој автоматски ја крева рачната кочница. Уште една работа, системот е за шлепери и кога го пробуваат треба да закочи од отприлика десетина метри. Еве како функционира.

Патот е песна

Ви текнува како свират автомобилските гуми на патот Скопје - Тетово? Факт поради кој доста скопски вулканизери се омрсија "поправајќи" ја непостоечката штета на тркалата, Е па исто и во Јапонија, само што кај нив можеш и терца да фаќаш. Ги замислувате дежурните во Македонија пат кога им пријавувате дека дел од патот им е фалш?

Кој пат оди Мариово?

Следниот пат кога ќе возите накај Плетвар или вашите напатени бандаши ќе минуваат преку минското авто-поле Велес - Скопје, замислете како дупките стануваат флуоресцентни а асфалтот ви црта снегулки... Ако не можете да замислите, тогаш слаб ви е дилерот. Некаде на средина на 2013-та, заминете во Холандија, таму ќе може ова и без дроги.

Оди па претицај

Возите со автомобил, наидувате на камион. Оди бавно, ама патот е прав и нема никој од спротивната страна. Тргнувате....

Што тоа значи?

Една жена, едно Пежо и еден упропастен бандаж, во Загреб. Таа е доволно љубопитна да застане и да праша: Што тоа значи? Ама наместо да го дочека одговорот (Тоа значи дека си цепаница), продолжува како ништо да не било.

Идеалниот автомобил за на снег

Иако имавме кратко време да организираме тестирања за тоа кое од актуелните возила е најдобро за возење во снежни услови, еден модел сам се одвои од конкуренцијата. Ако го догледате видеото до крај, ќе сфатите и една друга работа, не е само до колата, и до шоферот е.

Пресметката кај катната гаража

Ситуација како од легендарен вестерн двобој. Од една страна, таа... со автомобил наоѓа гаража. Од друга страна гаражата, со пакосно поставена угорница (која после некое време нормално станува удолница). Напнатоста постепено кулминира. Пали!

Возење низ Русија (компилација)

Има возење, има возење на пијано и има возење во Русија. Ова последново е еден чекор пред да станеш бомбаш самоубиец. Едно правило нема што не прекршија, плус некои комплетно нејасни моменти.

Ќе живее оваа Лада

Еве одговор на вековното прашање зошто во Лада нема воздушни перничиња. Затоа што не се потребни. Ух, каков г'злак.

Зошто толку Руси имаат камери во колите?

1. Не им е за да објавуваат клипови на ЈуТјуб. 2. Причината е што во Русија се драстично поголеми казните ако удриш пешак, отколку ако удриш автомобил. Ова го знаат и добар дел измамници, кои немаат никаков проблем да се фрлат пред кола само за да добијат отштета. Плус имаат фора и како да си наплатат скршен мобилен или лаптоп.

Со Ферари да не брмчите, леле брмчите

Една од најголемите паради на Ферари автомобили што сте ги виделе. Речиси 1.000 ѕверови, на иста писта во Силверстон. И на крај, кога ќе ја видиш смешната донација од четири илјади и кусур долари....

Невидлива кацига

За вeлoсипедисти и моторџии (и пешаци кои поради нешто имаат обичај да паѓаат на глава). Кога ќе се сретнaт шанцова и ер-бег, ете така функционира.

#Наточак #насекаде

Зимоска го имаа "The art of flight" документарецот со најблесавите бордери и скијачи што можат да се најдат. Летното издание се вика "Where the trail ends" и е со велосипедисти.

Промоција за сите сезони

Влегуваш во продавница да си купиш гуми, те забележуваат дека се двоумиш и имаат предлог - зошто па да не ги пробаш гумите.

Филигран ремонт

Научени дека најтешките работи се завршуваат со десен клик, се чувствуваш како комплетно неспособен кога некој кога некој вака знае да ти се испонаша со мотор од кола.

Сообраќаен соживот

Оволку разбрани луѓе одамна немаме видено. Посебно не во сообраќај, посебно не во Русија. Колку само смирено изреагираа. Извадија аргументи, се преброија во себе како може да излезе на крај работава и се поздравија.

There can be only one

Не може ли да се има едно разбирање, не може ли конечно да се постигне еден компромис меѓу овие два децениски непријатели? Иако, мора да се признае дека и двете страни доста имаат еволуирано.

Голф 1

Кога ќе фрлиш топче, може и куче да ти го врати. Кога со сета сила ќе фукнеш голф топче, ти треба Дејвид Култхард.

Клоца и хауба

Имаме моторџија и жена возач. Во нејзина одбрана, од видеото личи како он прв да почна. Во негова одбрана, од видеото личи како она баш нешто и да не е добра. Цело видео ќе го гледате подзинати.

Го молам горенаведениот наслов

Добро, така се почнува. Но, што после? Како на твојата осигурителна компанија да и објасниш што му се случило на твојот автомобил?

Зимска Ф1

Која е една работа што бескрајно многу може да ја подобри која било Ф1 трка? Снег на патеката. Еве како тоа изгледа и тоа Нинбургринг.