На тркала

Ковчези на четири тркала

Тестирањата за безбедноста на поедини модели на автомобили завршуваат со некакви ѕвездички кои не мора многу да ни значат. Но, сè ќе ви стане јасно кога ќе одгледате што им се случува на 4 коли кои добиле нула ѕвездичка. Пазете, сиот овој крш на 64 километри на час.

Доволно е еден да зезне

Видео приказ на ситуацијата кога сме заглавени во сообраќај и не ни е јасно како е можно да заглавиме на отворен правец.

И да врне и да вее, ЈСП Еквадор

Затоа што луѓето што се качиле во автобус треба да стигнат на време каде и да тргнале, и затоа што шоферите не планираат да се замараат со една обична поплава.

Скејтерски иновации

На онолкав Јутјуб и полна кофа извонредни скејтери од цел свет, навистина е тешко нешто ново да се измисли. Но ако нешто е тешко, не значи дека е и невозможно. Ричи Џексон, кицошки облечен цар на даска.

Водоземен механички соживот

Ако сакате чамец да ве пренесе преку вода, треба да веслате. Зошто истото да не важи и за автобусот?

Трактор за рурални хипстери

Трактор кој на себе го носи култниот дизајнерски потпис на Пининфарина. Да се прошетате со овој убавец на потегот Јосифово - Пирава, знаете ли колку моми попат ќе ожнеете?

Боље скејт него хејт

Од ниво труп до ниво кикфлип. Време за увежбање на финтата: 5 часа и 47 минути. Што паметно ќе научиме ние во нашите следни 6 саати?

Ви се збори за утринска гужва?

Видеово е од жител на Монтреал, кој веќе во 6 часот наутро вози накај работа за да стигне на време и без многу гужва.

Гипсираниот Бразилец

Видеово треба да ве фасцинира со неверојатната техниката за возење што ја владее Аиртон Сена, и да ги видите потезите на еден од иконските возачи на Формула 1. Наместо тоа, се што ќе запамтите е дека Сена носел бела чорапа во бродарици.

Девојче, не е точакот за тоа

И ти знаеш да возиш точак, и она знае да вози точак. Ама не е истото.

#НаTаблет

Превозно средство, големо колку таблет, 4 тркала, 10 километри пред да се испразни... па уште оди и нагоре! Како бе така?

Решение за еден проблем кој досега го немавте

Како што летото се загрева, Шевролет понуди автомобил со еркондишн за најважниот патник во вашиот автомобил. Детето? Не бидете детинести.

Налепници на сообраќајниот срам

Бразилски морон, моронски парикира на место за инвалиди. Не го објавуваме затоа што е прв таков, туку заради космичката правда (спроведена од локалци) која му следува. Две прашања што ни досаѓаа додека гледавме: Колку време е човеков паркиран за да може ова да се изведе? Како се овие толку спремни за реакција, за вака да ја украсат цела кола?

Плеер 3: Чаир

Нисан 350з Прочарџер на отворен автопат лабаво предизвикува на трка Порше 911 ГТ3. Двете машини се ставаат во погон и почнуваат да го корнат асфалтот, кога од никаде во игра влегува Чаир...

Кога ќе ти легне песната

Ако некогаш сте помислиле дека во Космосов нема никава цел за постоење на ужаснава нумера, тоа е само затоа што никогаш не ви текнало да ја поврзете со видеово.

Знаењето не е разбирање

Дечково го хакна својот велосипед (кога вртиш лево, тој оди десно) за да види дали ќе може да го хакне и својот мозок. Супер занимлива приказна.

Вози Мишко

Мишко конечно ќе може да вози со врзани очи. Концепт на инжинерите на Бош како ќе изгледа иднината на автоматизираното возење. Спојлер: не се гледа дали има пепељара.

Што канџата?

Едно е да се бунтуваш против властите и секој можен авторитет, друго е да не правиш разлика меѓу цена на казна за паркирање и колку ќе те чини поправкна на БМВ Икс 5-ка.

Карма по глава на морон

Некогаш кармата делува чисто превентивно, па ја испорачува својата пратка пред воопшто да направиш нешто. Нешто како Малцински извештај, ама за карма.

Колите на Токио

Изгледа дека она што го гледавме за Токио во анимираниот Cars (двојката ) и во Fast & Furious (тројката), не беше претерување. Штом сонцето зајде, во градот излегуваат ѕверовите. 10 минути со бучните.

ММЕ чиј е паркингот

Секој проблем човек може да го реши со разговор и разбирање, само и само ако не се работи за паркинг место. Ако е паркинг во прашање, тогаш треба да се помириш дека нема човечко решение и тоа е.

Дефиниција за кочење на лице место

Тестот не е за камионот, тестот е за бариерата. А бариерата држи, држи со цела сила. Немаме точни технички податоци, ама камионот е голем и е прилично залетан. Бариерата сепак држи.

Кружен тек vs. БМВ

Борбата е во совладувањето на кругот. Кружниот тек е 1, а БМВ-а има 6 и тоа двојки. Конкретно M235i. Целото снимање е вежбано и организирано, ама не е снимано.

Ех да имам, ко што немам

Danbury Doubleback е фино и уникатно комбе чија главна финта е што може да го продолжите за едно два метра. Има комплет кујна, клизната додавка е ултралесна (150 кила) а држи и до 700 кила. Што значи дека без секирација можете да ја злоупотребувате кујната.