Off Café › Галерии

Избор од трагично глупи обувки

Некои се и брендирани. На едни се посветивме и во „Видете што направи Баленсијага“. Од некои болат очи. Најстрашни? Можеби копитата, ама не е дека секој пар на фотографииве не се труди да добие медал за најлоша обувка евер.

Најдобрите гости на Раф Симонс во Лондон

За колекцијата пролет/лето 23, Раф Симонс собра народ во магацин во југоисточен Лондон и покажа разголени кроеви, комбинезони во секакви бои и дезени и привлече луѓе од страна што го направија настанот уште позанимлив. Фотографот Хенри Милс го забележува тоа и почнува да се шета во гужвата и да ги слика највпечатливите гости.

Ноќ на вештерките, минатиот век

Изворот вели дека се работи за 1900-та, ама очигледно е на некои од фотографиите дека се од нешто подоцна. Како и да е, еве, пригодно за периодот - од каде хорори влечат инспирација.

Традицијата инаку потекнува од древниот келтски фестивал, Савин, кога луѓето палеле огнови и носеле костими за да ги избркаат духовите. Во 8 век, папата Грегориј III го означил 1 ноември за ден на оддавање почит на сите светци и наскоро, Денот на сите светци вметнал дел од традициите на Савин.

Славни ликови на журки во ‘90-те

Некогаш е афтерпарти на премиера. Некогаш е роденден на Елтон Џон. Некои слики се толку преплавени од филмски ѕвезди испоседнати како на свадба во Континентал, што не можеш да ги доброиш.

Журки какви што се правеа во ‘90-те веќе не постојат (ако постојат, не сте ги пријавиле). Без смартфони (и инфлуенсери да измачуваат со нив), славните се појавуваа на гала вечери, родендени, премиери и афтер-забави, ведри за новинарите надвор, па внатре удобно скриени, со ретка фотографија што ќе покаже колку им било епско.

Диор има своја верзија на 16-от век

Марија Грација Киури влечела инспирација од луксузниот сензибилитет на Катерина де Медичи, нашироко позната како една од најмоќните жени во Франција; на Французите им донела уметност и кулинарски деликатеси од нејзината родна Италија, а меѓу другото и сарторијални бисери како штикли и корсети кои до ден-денес имаат влијание. Од сето ова е инспирирана колекцијата на Диор за пролет/лето 23.

Одамна немало нешто вака преубаво.

Бекстејџ мода од едно време без смарфтони

Во рани 2000-ти, Дејвид К. Шилдс поминува шест сезони снимајќи модели, дизајнери и славни личности зад мистериозните завеси на модната недела. Пред социјалните мрежи, бекстејџот беше релативно приватен простор каде што примаа само акредитирани фотографи. Црно-белата естетика додава филмски квалитет кој го балансира лошото светло зад сцената и му дава подобра контрола на резултатот - во тоа време се седело по студија и се сецкало тоа што може да помине. Интересното е што новите фотографи повторно се фаќаат за сликање со филм.

Стилската еволуција на Каја Гербер

Не беше можно женско дете од Синди Крафорд да не биде забележано од првиот момент кога ќе заличи на женско дете, особено откако медиумите сфатија дека - многу личи еден од највлијателните модели на планетава.

Уште кога прв пат стапна на писта на крајот на 2017, Каја Гербер излезе како еден од најважните Инста-модели на зумерите. Во првата сезона ја поремети модната недела, шеташе на импресивна селекција ревии - Шанел, Версаче и Сан Лоран - а следната година веќе ја имаше на три насловни на Вог. Добро, не боли мајка ти да се вика Синди Крафорд, ама Гербер секако го има природно наследено тој X-фактор. И тоа не помина туку така.

Њујоршки секс-клуб од ‘70-те

Фотографката Дона Ферато нѐ враќа 40 години наназад, во време и место што не сме го виделе, во еден клуб на Апер Вест Сајд каде што се случувале работи што пристојни луѓе ги тераат да се фатат за бисерите.

Една снежна ноќ во 1979, Ферато стига до Ансонија, велелепен Боз-арт хотел во Њујорк. Таму се упатува во подрумот на Платос Ритрит, секс-клуб за хетеросексуални двојки. Го сметале за забавен парк за возрасни, но Ферато баш и не била импресионирана - нејзе ѝ бил повеќе како невкусен салон за убавина, како што пишува и во нејзината книга „Љубов и страст“.

Илустраторот што Дизни не требаше да го отпушти

Кеј Нилсен одлично се снаоѓал во светот на фантазијата: дански илустратор, пораснат во „напната уметничка атмосфера“ во златната ера на илустрацијата. Во тоа време, луѓето се натпреварувале кој ќе извади повозбудлива корица и поблескав грб на книга. Нилсен бил меѓу најјаките, и тоа не само по илустрациите што ги правел на своја рака - бил ангажиран од Дизни, за концептуалната уметност од која потоа се создава „Фантазија“, па „Малата сирена“. Инспириран бил и од браќата Грим и од „1001 ноќ“, но иако долго време бил миленик на студиото - одеднаш го отпуштаат. А не требало.

Несекојдневна инспирација за Барбики

Ова не се обични „Барби - принцеза“, „Барби - кралица“ и „Барби - глумица.“

Тежок е животот Инстаграмерски

Не, никој не изгледа така по аеродроми, шуми, возови, када, после будење, при јадење, во Дизниленд и на шопинг. Девојчето многу уредно си покажува колку труд треба да вложиш за да ги натераш следачите да мислат дека си совршена. Океј, може имаме по некоја добра слика на плажа. Шетајќи по дуќани. Ама има пазарење и пазарење. Германка е и се вика Џералдин Вест.

Анџелика Хјустон: Винтиџ моменти

На 8 јули, Анџелика Хјустон наполни 71 година. Публиката сѐ уште памети каква класа беше, какви фризури имаше и колку беа јаки со Џек Николсон на црвениот тепих. Актер, режисер, продуцент и икона од ‘70-те и ‘80-те. Ви текнува каков беше Холивуд порано?

Некој вметнал полиција во Дизни

Не во канцеларија, директно во цртаните. Истрага за убиството на Муфаса, апсење за малтретирање дете во „Пепелашка“ и збеснат полицаец што мора да ја најде Рапунзел пред пензија.

Да се живее боемски и студентски во Париз

Во архивите на LIFE магазинот има едно частење од фотографот Лумис Дин, кој следел група студенти во 1961 и добил интимен поглед во нивните животи додека го живееле боемскиот сон во Париз кон средината на векот.

Тавански соби, студентски домови, кафе-култура, губење во уметност и музеи.

Дизни: Бекстејџ

Уметникот се вика Андика Муксин, огромен фан е на Дизни и се занимава со тоа што на некои од најпрепознатливите сцени им доцртува „бекстејџ“ ефект. Хрома, ринг-лајт, зелени човечиња - сè што сме виделе на оние неимпресивни, задкулисни фотографии што ни ја рушат магијата на новите филмови.

Марта Хавершам: Trashion

Модни парчиња од најдено, фрлено или нешто за јадење. Уметникот е Марта Хавершам, чија интердисциплинарна дејност естетски, концептуално и сатирично реагира на светот. „Истражувам вредност; користејќи техники и од визуелните и изведувачките уметности за да евалуирам животи и предмети со низок и скриен статус“. Супер е. На Инстаграм барајте ја како @smallditch.

Впечатливи фотографии од секојдневието на предвоена Украина

Фотографката е Софија Лоријашвили, а насловот на колекцијата е „Моето последно патување во ебениов свет’ и е љубовно писмо до нејзината родна земја. Живее во Париз.

Се работи за временска капсула од нејзината последна посета - на почетокот на 2021, во неколку градови, во период од два месеци - меѓу роднини и пријатели.

Портрет од уметникот што ја тетовирал, многу ѓубре и маса полна чудесии, меѓу кои и „Метафизика на љубовта“ на Шопенхауер. Секојдневие.

Така се облекуваше Сузан Сарандон

Сузан Сарандон не е само холивудска икона, туку и активист - од ‘80-те наваму, се бори за право на абортус, женски права, а денес гласно го подржува Берни Сандерс и ги критикува американските демократи.

Сарторијално гледано, прогресивноста не заостанува. Од „Роки Хорор Пикчр Шоу“, до веројатно, оригиналната слика на француски балкон што сега толку инфлуенсерки пробуваат да ја рекреираат, не е ни чудо што ај-ди.вајс одлучува да ја прогласи за икона.

Мет Гала 2022

Темата е „Во Америка: Антологија на мода“. И богами, луѓево сериозно си ја сфатиле работата. Океј, освен Кортни Кардашијан и дечко ѝ.

Зошто не треба да им се верува на совршени фотографии

Или, ако ништо друго, барем не се јадете кога не ви излегуваат како на некои бесни Инстаграм профили. И најобична слика каде што се држите со дечкото или девојката за раце бара другар качен на ушка.

Бизарниот куршум-градник од ‘40-те и ‘50-те

За сликиве има две можности - обични слики се, а само таков градник имало за да личиш средено. Второто е дека толку им изгледал добар што морале да го овековечат. Замислете денес да се шетавме со на Мадона Жан Пол Готје-то под маица? Чудесно. Што им се чинело? Што требало да се постигне? Природната форма? Која природна форма?

Исклучителна мејкап уметност

Мими Чои сме ја имале тука, ама девојчето не престанува. Бескрајно инспирирана од надреализам и упорна да ги шокира и воодушеви нејзините следачи благодарни што одлучила дека нема да биде учителка, туку уметник пар екселанс, станува сè подобра и сè побизарна. На нејзините 1,7 милиони следачи можете да им се придружите тука.