Брендот ИКАРОС има нова серија на тренажери кои треба да го реплицираат движењето (трчањето), на диви животни во савана. Нормално четвороношки. Нормално изгледате преглупо. И сето тоа за само 1.400 евра.
На 73 години, во Сплит почина легендарниот клавијатурист Владо Правдиќ. Беше во Амбасадори и во Индекси а најмногу е познат по Бијело Дугме каде свиреше во два периода. „Владо, нека ти е лесна земја. Беше добар и искрен човек, секогаш ми беше задоволство да бидам во твое друштво,“ напиша Ален Исламовиќ.
Фросина Ременски се распишувала на Фејсбук „криминалистички хипотези“. Во суштина обични шпекулации („Ако девојчето било задушено, тогаш...“ А, ако не било?) од кои таа извлекува резолутни ставови: „Таткото прв знаел дека мртва! Знаел седум дена!“
Гости на Пленумот на Левица беа старите миленици на нашиот сајт, бескомропомисните евро-пратеници Клер Дали и Мик Волас. Сè им е кристално јасно. Клер брилијантна и остра како брич. Шуќур конечно од Европа да слушнеме отворен и поштен говор, без оние ужасни лигавења и ситни политиканства на оние кои нејќеа ни името да ни го спомнат (а новото не ни мораат да го спомнуваат).