Net Roulette

Бразилците избраа мис навивачка

Во организација на фудбалската федерација, Бразилците ја избраа најубавата навивачка. Победничка е Аманда Сати, навивачка на клубот Гуарани.

Збогум Сер Алекс

Дојде и тој ден. По 1.500 натпревари на кормилото на Манчестер Јунајтед и 38 освоени титули, Сер Алекс Фергусон за последен пат го предводеше англискиот шампион на гостувањето кај ВБА на одличен натпревар кој заврши со резултатот 5:5.

Хаос на прославата на ПСЖ

По пауза од 19 години, фудбалерите на ПСЖ со помош на арапските милиони дојдоа до титулата, но нивната прослава која се одржуваше низ улиците на Париз беше прекината откако навивачите започнаа војна со полицијата. Епилогот е 21 уапсен и 30 повредени.

Манчестер ги поздрави шампионите

Новиот шампион на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед ја прослави 20-та титула со традиционална парада низ градот, а навивачите имаа шанса и за последен пат да го поздрават Сер Алекс Фергусон.