Членовите на навивачката група на шкотската репрезентација уште еднаш покажаа дека се најдобри навивачи на светот. Претставниците на Тартан армијата го посетија СОС Детското село во Скопје каде донираа 2.000 фунти и се дружеа со децата, а потоа одиграа и една партија фудбал.
По повод 70-годишнина, филмскиот фестивал во Венеција покани 70 режисери да направат кратки филмови по свој избор. Меѓу нив беше и Манчевски. Вчера во Венеција беше премиерата на неговиот филм.