Net Roulette

Ајде уште еднаш да ги ѕирнеме парите на Џеф Безос, овојпат во Мајнкрафт

Или поинаква перспектива, секој еден човек на планетава, секој, секој, е поблиску до милионер отколку Џеф Безос.

Тегли за кафе

За сите што нетрпеливо чекавте рецензии на тегли за кафе, еве ги.

Зошто Америкаци се плашат да викнат Брза помош?

За почеток, затоа што во просек знае да чини околу 450 долари.

Мислевте „сидрото кое влече напред“ е најјако?

Пробајте да ја визуелизирате метафората на Бачев.

Приказни за Идризово

Накратко:
- Заменик директорот на Идризово, Исмет Гури, протежира своја фирма за тендер за реновирање на затворот;
- Другиве пријавени фирми се жалат на второстепена комисија на Владата'
- Комисијата која ја води Петре Шилегов, ја одбива жалбата на Бетон бидејќи компанијата понудила ПОГОЛЕМА банкарска гаранција отколку што било пропишано (?!)
- На функцијата заменик директор на Идризово, Исмет Гури доаѓа од функцијата затвореник на Идризово (кој бил амнестиран). Во 2020-та е осуден на 3,5 години затвор за изборни нерегуларности во Чаир.
- Петре Шилегов во 2018 беше избран за градоначалник на Скопје. Се наоѓа на слобода.