Net Roulette

Кој во светов колку пари и должи на Кина?

Има две бројки: едната е сумата што ја должи, втората е колкав процент од локалниот БДП е таа сума. Како што обично бива, најбогатиот е најзадолжен.

Германско предавање на власта

Шолц дојде, Меркел отиде. Буквално.

Што бара бандера на бандера?

Аргентинско електростопанство прави редовна замена на старите дрвени бандери низ земјата со нови бетонски. Некаде им се јавува проблем што начекуваат некој да им живее во старите бандери, па наоѓаат решение и за тоа.