Музика

Црно, поцрно, КАТРАН - СИТЕ НА БУНТ

Катран се нов бенд од ветерани  кои членувале во бендови како: Т.Б.Трачери, Suns, Орион, Tank warning net, Киборг итн. Наскоро ќе го имаат првиот албум, ова е првиот сингл од него. Си ги отвориле душите, ги одвртеле појачала и еве ги како звучат.

Оризо се врати за да нè оплаче

Битолско- прилепскиот рокенрол басен отсекогаш знаел да одгледува вакви творби: хеви-метал со уште похеви патриотизам. Едни од најиздржливите во таа битка се битолска Медуза и нивниот спиритус мовенс Сашо Борисовски - Зевс, од битолско Хард Рок кафе, накратко „кај Оризо“. Чујте вие ова. Морници, што заради судбината на македонскиот народ, што од шубе Зевс да не се ничкоса од тоа карпата.

Кога од публиката правиш хор

Ова на времето махерски го правеше Боби Мекферин, ама и Џејкоб Колиер (и неговата публика) не е лош.