Македонски рулет

100 години подоцна, на некои уште им треба да им упростиш

Поедноставена етничка мапа на Балканот за потребите на унгарските воени офицери, објавена во 1913 година.

Елате да ги видите кадрите

Лицето Кире Павлов е уметнички директор на балетот на националната установа Македонска опера и балет (по ново Национална...). Светол пример дека уметноста не само што не знае за граници туку и за какви било граматичко-интерпункциски стеги. Патем, во нивен официјален список, имаат 440 вработени. И Кире им е уметнички.