Македонски рулет

Димитар Ковачевски Ташакот

Претседателот на владата, Димитар Ковачевски, познат и како Ќурка и Таче, самоиницијативно се избори за нов прекар откако на Дипломатска академија во Виена откри дека предизвиците ги надминува, меѓу другото, и со мадиња. Доколку „Ташакот“ не е посакуваниот прекар туку тоа е „Маде голо,“ подготвени сме да уважиме таква исправка.

Уште само тие ни фалеа

Ќе штанцале „магистри по младински работи“. Колку се само тие надвор од времето и просторот. Но ок, ако магистрантите минуваат низ работни акции на некоја од делниците на Бехтел и Енка, ние сме ЗА.

Вештачката интелигенција нè антиквизира

Македонски НВО бројлери раце во очекување на нови грантови за борба против најновата антиквизација.