Македонски рулет

По дома да си ретушираш

Ко што научил, пазарџиски, ако пројде- пројде. Поминаа само 5 години а Зоран Заев веќе пробува да ја ретушира историјата, па пропаднатиот референдум да го прогласи за голема победа. „Огромен број граѓани излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа“, ќе пише тој на Твитер/Икс. Да ги потсетиме победниците што победнички фаци имаа кога „победија“.

„Ќе им рикне уставот“, ко на наши душмани да е уставот

Се радува и возбудува на „рикање на уставот“. Се вика Зоран Иванов.

Ова слободно може и за Боцвана да се однесува

Едното „Тоа на М“ им е во гаража, другото на „М“ го кријат под тепих.